Извештај 28.03 2022

Извештај за реализацијата на трибина на тема „30 години развој на Армијата – формирање, настани, успеси, предизвици, иднина“.

На 28-ми март 2022 година, со почеток во 11.00 часот во Домот на Армијата во Скопје се одржа трибина на тема „30 години развој на Армијата – формирање, настани, успеси, предизвици, иднина“.

Трибината која беше во организација на Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи, чиј основач и член е и Балкански форум за безбедност, со поддршка на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, го означи  почетокот на активностите за одбележување на триесет годишниот јубилеј на Армијата.

На трибината со свое обраќање настапија: Претседателот и Врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, првиот министер за одбрана, Трајан Гоцевски, првиот началник на Генералштабот, генерал Митре Арсовски, Н.Е. Амбасадор Виктор Габер, генерал-мајор д-р Павле Арсоски и други учесници.

Трибината ја отвори генералот во пензија Филип Котели, претседател на Иницијативниот одбор на Асоцијацијата, а со истата модерираше и поднесе воведно излагање д-р Благоја Марковски, претседател на Балкански форум за безбедност.

  1. Воведни насоки

Во осмислувањето на темата за трибината основна идејна водилка беше преку политички, воени и експертски видувања за достигнувањата на одбраната на Република Северена Македонија, од осамостојувањето до денес, да се направи обид за согледување и посочување на историчноста во формирањето на Армијата на Северена Македонија, нејзините изградба и развој, но и натамошните предизвици и правци на развој во остварувањето на уставната улога, мисии и задачи.

Притоа, како што беше потцртано во воведот на трибината, на формирањето, изградбата и развојот на Армијата на Република Северна Македонија  се гледа како на една нераскинлива врска на континуитетот од процесот на создавање на македонската армија, во согласност со традициите на Разловечкото, Македонското (Кресненско) и Илинденското востание и продолжен со формирањето на Првиот баталјон „Мирче Ацев″, како прва регуларна воена единица на пред АСНОМ-ска и АСНОМ-ска Македонија. Затоа, 28 март 1992 година, точно пред 30 години, е само еден нов апологеј кој воените историчари и современиците од тој период ќе го апострофираат како ден кога е формиран Генералштабот кој веднаш започна со своите активности на организирање на Армијата на суверена и самостојна (тогаш) Република Македонија.

На 17 ноември 1991 година Собранието го усвои Уставот, според кој територијалниот интегритет и независноста на земјата ги штитат вооружените сили на Републиката. На 14 февруари 1992 година Собранието го изгласа Законот за одбрана, според кој Армијата е вооружена сила, а „одбраната на Републиката ја остваруваат граѓаните, органите на државната власт и вооружените сили како армија на Република Македонија“.

Тоа беа двата најзначајни основни државно-политички документи и платформа за формирање и организирање на системот за одбрана, а во тој контекст и на Армијата.

На 27 март 1992 година македонската територија ја напушти и последниот војник на поранешната федерална армија и од страна на припадници на територијалната одбрана, а потоа и од својата војска, (тогаш) Република Македонија ја презеде контролата над сета своја територија.

На 14 април во гарнизонот во Охрид пристигна првиот регрут, а на 15 април и во касарните во Скопје, во Штип и во Битола пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата.

Баш заради сето ова, беше оценето дека трибината има и свечен и научно-историски карактер. Свечен, заради гордоста и пиететот во одбележувањето на 30 години од формирањето и организациско-формациската поставеност на современата Армија на Република Северна Македонија, а научно-историски заради нејзиниот развоен пат во исклучително сложен безбедносно-одбранбен период, актуелен и на регионален и на глобален план.

  • Основни согледувања и пораки од обраќањата

а) Претседателот, проф. д-р Стево Пендаровски

Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили проф. д-р Стево Пендаровски во своето обраќање истакна дека Армијата во изминатите 30 години, целосно се трансформираше, модернизацијата се одвиваше во согласност со стандардите на Алијансата фаќајќи го чекорот со најновите трендови во одбраната, а стекнуваше искуство и на бројни меѓународни воени вежби и со активно учество во повеќе мировни мисии предводени од ОН, од ЕУ, НАТО и од нашите стратешки партнери на билатерална основа зајакнувајќи го нашиот меѓународен кредибилитет затоа што не препознаваа како држава која генерира стабилност во поширокото опкружување.

“Една од најдобрите одлуки зад која повеќе од три децении стои широк надпартиски и општествен консензус е истрајноста во нашата евроатлантска ориентација. Токму во овој период на огромни геополитички тензии и воени конфликти, членството во НАТО претставува важен стабилизирачки фактор за Северна Македонија“, истакна Претседателот Пендаровски.

Според Претседателот Пендаровски, модернизацијата на Армијата се одвиваше во чекор со најновите трендови во одбраната, како што ѝ прилега на земја-членка на НАТО. Патот до членството не беше воопшто едноставен, но посветено, сите заедно успеавме да станеме дел од колективната безбедност, со што се реализираше клучната стратешка цел на државата.

Претседателот Пендаровски посочи дека “за зголемување на кредибилитетот и довербата која граѓаните ја имаат денес во Армијата битно значење имаше процесот кој го започнавме по 2001-та кога во нејзините редови помасовно почнаа да се вклучуваат и припадниците на другите етнички заедници, како и жените. Некои од одлуките кои ги донесов во мојот мандат беа токму од овој домен – за прв пат припадници од немнозинските заедници влегоа во специјалните единици и за прв пат во нашата историја жена офицер стана Аѓутант на претседателот. Убеден сум дека вклучувањето на припадниците на различните групи од нашето општество на сите нивоа во Армијата само ќе ја засили нејзината внатрешна кохезија и потенцијал уште успешно да ги извршува своите уставни и законски обврски“.

“Низ целиот овој 30-годишен период, Армијата беше ангажирана и во клучните предизвици низ кои минуваше државата, какви што беа косовската криза од 1999-та, воениот конфликт од 2001 година и мигрантската криза од 2015 година. Армијата се вклучуваше и помагаше и на најразлични кризни и вонредни ситуации, од справување со елементарните непогоди и пожари, па сè до пандемијата на Ковид-19“, истакна Претседателот Пендаровски.

„Во споредба со почетоците денес имаме бројно помала, но борбено далеку поефикасна професионална армија која е подготвена да се справува со асиметричните хибридни закани на 21 век. Украинскиот пример ни покажува дека класичните традиционални воени закани остануваат присутни но новото време носи и нови безбедносни предизвици кои не смееме да ги игнорираме“, кажа Претседателот Пендаровски.

„За да бидеме спремни за соочување и со традиционалните и со новите закани, ќе продолжиме да инвестираме во одбраната за да го постигнеме прагот за издвојување на 2% од БДП, во согласност со стандардите на НАТО. Ќе продолжиме со реформите во одбраната, со модернизација и опремување и со јакнењето на отпорноста на нашиот безбедносен систем, особено на хибридните и сајбер закани и борбата со лажните вести и дезинформации. Исто така, ќе продолжиме и да придонесуваме кон колективната безбедност и одбрана со учество во мисии заедно со нашите сојузници… Припадниците на Армијата ќе продолжат со истата посветеност како и до сега да ја исполнуваат својата уставна должност да го штитат нашиот територијален интегритет и суверенитет, како предуслов за мирот, безбедноста и демократскиот развој на македонското мултиетничко општество. Во таа смисла, македонските граѓани можат да бидат сосема спокојни“, порача претседателот Пендаровски.

б) Министерката Славјанка Петровска

Министерката Петровска на трибината, честитајќи го триесетгодишниот јубилеј на сите кои придонеле во развојот на Армијата од нејзиното воспоставување до денеска, посочи:

“Денес Северна Македонија не е сама, туку е дел од обединето семејство, кое е подготвено заеднички да одговори на сите безбедносни предизвици. Ова е време кога не постои алтернатива на сојузништвото, соработката и меѓусебната поддршка на меѓународно ниво. Без безбедност нема ниту економски развој, ни просперитет, но од друга страна, без развој на одбранбените способности нема безбедност и демократско владеење на правото“.

Членството во Алијансата дојде во вистински момент, порача министерката Петровска и додаде дека “2022 година ја покажа суровата реалност од нови безбедносни ризици, закани и предизвици кои се исклучително сериозни и непојмливи дека можат да се случат по крајот на Втората светска војна. Случувањата во Украина нè потсетија дека војната на европско тло не е минато, а мирот не е загарантиран. Тоа нè потсети дека развојот на одбранбените капацитети се повеќе од неопходност, дека подготовките и градењето на отпорноста мора да се разберат како континуитет и дека покрај сè со денешните предизвици ниту една земја не може самостојно успешно да се справи.“

Министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека во изминатите три децении поминати се низа падови и подеми, но и посветена работа во спроведување на реформи во одбранбениот сектор и зајакнување на одбранбените капацитети и способности, за да на 27 март 2020 година, земјата го исполни долгогодишниот надворешно политички приоритет – членството во Алијансата. Со тоа добивме уверлива безбедносна гаранција во крајно комплексното, динамично и непредвидливо современо безбедносно опкружување.

„Можам слободно да изнесам дека членството во Алијансата дојде во вистински момент. Ќе остане забележано дека 2020 година беше година која ја одбележа пандемијата со Ковид-19 која ја покажа на дело солидарноста на сите нас во справувањето со ваквите закани, а членството потврди дека солидарноста е присутна и во услови кога не зборуваме само за безбедноста и сигурноста“, рече министерката Петровска.

Согласно обврските од НАТО Самитот во Велс, во 2014 година, министерката Петровска додаде дека секоја земја членка треба да инвестира најмалку 2 отсто од БДП, од кои најмалку 20% треба да бидат наменети за набавка на опрема и за модернизација, а Република Северна Македонија е на чекор до го достигне тоа ниво.

„Оваа година буџетот е 1,77% од БДП. До 2024 е извесно дека тоа ќе го достигнеме, но уште поважно е дека 30% од овој буџет одат за опрема и модернизација. Согласно Агендата 2030 на НАТО, како и новонастанатите безбедносни случувања на тлото на Европа, јасно е дека само со долгорочно инвестирање во одбраната ќе бидеме способни и реално да ги исполниме нашите обврски и да го потврдиме нашиот приоритет како рамноправен сојузник“, рече министерката за одбрана Петровска.

в) Началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски напомна дека 28 март за припадниците на Армијата е голем историски ден, ден кога пред 30 години формално и правно, Генералштабот на Армијата започна со извршување на своите уставно законски функции и надлежности. Како директен учесник во тридеценискиот развој на Армијата, генералот Ѓурчиновски истакна дека денешното постигнато ниво на развој се должи на взаемното споделување на ова бреме со сите државни структури, но пред се на несебичното залагање на директно инволвираните од армиските редови и од сите структури на одбраната:

„Во далечната 1992 година Армијата го оформи базичниот темел на кој неуморно и посветено отпочна да ја надградува својата структура и функционалност. Со ова во целост ја изврши дадената задача од државното раководство и покажа дека со право е еден од главните столбови на кои е поставена нашата државност“, истакна Ѓурчиновски.

„Армијата, како најзначаен субјект во одбранбениот систем на Републиката, во овие 30 години, умееше секогаш да ги согледа приоритетите во структурните промени, кои со умешност во командувањето, контролата и принципот на едностарешинство и субординација овозможија за релативно краток период да се достигнат потребните стандарди на НАТО“.

„Констатацијата од раководството на Алијансата дека ги исполнивме потребните услови за целосно воено интегрирање во НАТО во рекорден рок е доказ дека умееме да ги вградуваме научените лекции и владееме со трансформациските процеси на начин кој потврдува успех“, нагласи началникот на Генералштабот.

„Од нас, припадниците на Армијата, останува ветеното но и постојаната обврска преку заложбите за јакнење на моралот, подобрување на стандародот на принципите во Армијата и подобрување на севкупната борбена готовност во Армијата да продолжиме и да придонесуваме во постигнување на поголеми резултати во служба на татковината и граѓаните. Нашите напори остануваат фокусирани кон целосно имплементирање на зацртаните структурни реформи и кон реализацијата на плановите за долгорочен развој и опремување како што доликува на Армија земја членка на НАТО“, рече Ѓурчиновски.

г) Други учесници

На трибината обраќања имаа и првиот министер за одбрана, Трајан Гоцевски и првиот началник на Генералштабот, генерал Митре Арсовски, aмбасадорот Виктор Габер, gенерал-мајорот д-р Павле Арсоски, како и други говорници кои ги споделија искуствата од самите почетоци на државно-правните акти, значајни за етаблирање на (тогаш) Република Македонија како меѓународен субјект во 1992 година и, во тој контекст, создадените услови за формирање и историски развој на Армијата.

Трибината, преку стручната експертиза и аналитичкото согледување од страна на соговорниците, како и нивните експертски и политички видувања за достигнувањата на одбраната на Република Северна Македонија го дадоа својот инпут во можните натамошни предизвици и правци на развој на одбраната, како дел од колективната одбрана.

Со трибината се отпочнаа планираните активности со кои ќе се одбележува јубилејот 30 години од формирањето на Армијата: изложби, концерти, спортски натпревари, хуманитарни акции, прослави во единиците и друго.

Балкански форум за безбедност

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ 28.03.2022

Здружение на граѓани “Балкански форум за безбедност”/NGO “Balkan security forum”

Скопје, “Јане Сандански” 12/1-18, тел. +389 2463 842, +389 71 306 961, e-mail: bsf@bsf.org.mk

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ

Почитувани,

На 28-ми март (понеделник) со почеток во 11.00 часот во Домот на Армијата во Скопје ќе се одржи трибина на тема „30 години развој на Армијата-формирање, настани, успеси, предизвици, иднина“ .

Трибината која е во организација на Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи, чиј основач и член е и Балкански форум за безбедност, со поддршка на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, ќе го означи  почетокот на активностите за одбележување на триесет годишниот јубилеј на Армијата.

На трибината со свое обраќање ќе настапат, Претседателот и Врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, првиот министер за одбрана, Трајан Гоцевски, првиот началник на Генералштабот, генерал Митре Арсовски и други говорници.

Ова ќе претставува можност, преку експертски и политички видувања за достигнувањата на одбраната на Република Северена Македонија од осамостојувањето до денес, да се согледаат и посочат натамошните предизвици и правци на развој.

ТРИБИНА:

“30 години развој на Армијата – формирање, настани, успеси, предизвици, иднина“

Понеделник, 28 март 2022 година

ПРОГРАМА

Генерал во пензија Филип Котели, претседател на Иницијативниот одбор на Асоцијацијата

д-р Благоја Марковски, модератор

– Официјално отворање на Трибината

Претседател на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, проф. д-р Стево Пендаровски

– Пригодно обраќање

Mинистерка за одбрана, Славјанка Петровска

– Пригодно обраќање

Началник на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски

– Пригодно обраќање

Прв министер за одбрана, професор д-р Трајан Гоцевски

– Политички и безбедносни аспекти на осамостојувањето на одбраната

Прв началник на Генералштабот на Армијата, генерал во пензија Митре Арсовски

– Предизвици во воспоставувањето на Армијата

Н.Е. Амбасадор Виктор Габер

– Државно-правните акти, значајни за етаблирање на Република Северна Македонија како меѓународен субјект во 1992 година

Генерал-мајор д-р Павле Арсоски

– Историски пресек на развојот на Армијата, од формирањето до денес

Началник на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски

– Трансформација на Армијата со полноправното членство во НАТО, достигнувања, предизвици и идни ангажмани на Армијата

Генерал во пензија Филип Котели, претседател на Иницијативниот одбор на Асоцијацијата

– Завршни забелешки и заклучоци

Ве покануваме да го следите овој настан.

Ви благодариме, во очекување да се видиме на трибината.

Со почит,

БАЛКАНСКИ ФОРУМ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Претседател

д-р Благоја Марковски

Медиумите за Панел дебатата, 24.10.2019

Медиумите за Панел дебатата

Дел од прилозите на медиумите:

https://mia.mk/2019/10/panel-debata/

Панел дебата на тема „Периодот пред нас – време на безбедносни предизвици и неопходни чекори“

Ивана Батев • 24 октомври 2019

Неизвесна, но стабилна е актуелната безбедносна состојба во Северна Македонија, оценија денеска дел од панелистите на дебатата насловена „Периодот пред нас-време на безбедносни предизвици и неопходни чекори“ во организација на Клубот на генерали, Клубот на дипломати, Балкански форум за безбедност и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста.

Последните случувања во државава, според, претседателот на Балкански форум за безбедност Благоја Марковски, ја зголемуваат неизвесниста. Тој вели дека услови за политичка криза има, набројувајќи ги носењето на Законот за обвинители, аферата „Рекет“, оценката на Венцијанската комисија, прашањето за попис, најавените предвремени парламентарни избори како и условите кои ги бара Бугарија, за кои истражувањата на Евротинг покажуваат дека нашите граѓани, „традиционалниот непријател“ Грција го заменуваат со Бугарија.

-Според странските аналитичари, „внатрешно политичката криза во нашата земја ги потврдува бројните гласови кои предупредуваа дека натамошното отфрлање на земјата од страна на Брисел може да испрати катастрофален сигнал и долгорочно да ја згрози дури и стабилноста на земјата. Опозицијата која пред договорот со Грција критикуваше дека со менувањето на државното име се губи националниот идентитет, а на крајот земјата сепак може да влезе во ЕУ, со одлуката од Брисел добива ветер во грб“. Како потврда за внатрешно политичката криза веќе имаме најавени предвремени парламентарни избори, а од друга страна опозицијата, убедена дека „земјата нема перспектива за полноправно членство во ЕУ и ќе нема уште долго време, најавува разгледување на можноста зза враќање на уставното име доколку дојде на власт, констатира Марковски.

Тој смета дека проблемите ќе се множат но и дека без Преспанскиот договор нема да можеме да бидеме полноправна членка на ЕУ, ниту сега, ниту пак во иднина. Според него, последното национално разочарување (непочнувањето на преговори со ЕУ) не смее да стане национална трагедија.

Членот на Националниот совет за безбедност и прв министер за одбрана Трајан Гоцевски рече дека блокадата на ЕУ околу добивањето на датумот за прговори внесе немир кај нашите граѓани, но дека тоа не е фактор кој е пресуден, а може на подолга патека да влијае врз безбедносната состојба во Северна Македонија.

-Направивме многу реформи, но мораме да бидеме свасни дека имаме се уште незавршине работи, без разлика на оценката дека ние сме ги исполниле сите критериуми. Ова е опомена за нас, ние наместо да бараме вина во ЕУ или Франција, треба внатре да ја направиме нашата земја постабилна, економски попросперитетна, да биде безбедна држава и пристојно место за живеење за сите, истакна Гоцевски.

Во однос на безбедноста, Гоцевски рече дека оценката е дека и во регионот и во нашата држава, односите се стабилни. Според него, не може да се очекуваат дејствија кои ќе ја нарушат независноста и територијалниот интегритет на Северна Македонија.

На дебатата, панелистите говореа за геостратегиската и геополитичката реалност како резултат на почетокот на преговорите со ЕУ, членството на Северна Македонија во Алијансата – безбедноста и стабилноста во регионот, градење на пријателски односи со соседите…

https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=311230

КОНФЕРЕНЦИЈА: БЕЗБЕДНОСНАТА СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА Е СТАБИЛНА НО НЕИЗВЕСНА

24/10/2019

Неизвесна но стабилна е актуелната безбедносна состојба во Македонија, оценија денеска дел од панелистите на дебатата насловена „Периодот пред нас-време на безбедносни предизвици и неопходни чекори“ во организација на Клубот на генерали, Клубот на дипломати, Балкански форум за безбедност и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста.

Последните случувања во државава, според, претседателот на Балкански форум за безбедност Благоја Марковски, ја зголемуваат неизвесниста. Тој вели дека услови за политичка криза има, набројувајќи ги носењето на Законот за обвинители, аферата „Рекет“, оценката на Венцијанската комисија, прашањето за попис, најавените предвремени парламентарни избори како и условите кои ги бара Бугарија, за кои истражувањата на Евротинг покажуваат дека нашите граѓани, „традиционалниот непријател“ Грција го заменуваат со Бугарија.

-Според странските аналитичари, „внатрешно политичката криза во нашата земја ги потврдува бројните гласови кои предупредуваа дека натамошното отфрлање на земјата од страна на Брисел може да испрати катастрофален сигнал и долгорочно да ја згрози дури и стабилноста на земјата. Опозицијата која пред договорот со Грција критикуваше дека со менувањето на државното име се губи националниот идентитет, а на крајот земјата сепак може да влезе во ЕУ, со одлуката од Брисел добива ветер во грб“. Како потврда за внатрешно политичката криза веќе имаме најавени предвремени парламентарни избори, а од друга страна опозицијата, убедена дека „земјата нема перспектива за полноправно членство во ЕУ и ќе нема уште долго време, најавува разгледување на можноста зза враќање на уставното име доколку дојде на власт, констатира Марковски.

Тој смета дека проблемите ќе се множат но и дека без Преспанскиот договор нема да можеме да бидеме полноправна членка на ЕУ, ниту сега, ниту пак во иднина. Според него, последното национално разочарување (непочнувањето на преговори со ЕУ) не смее да стане национална трагедија.

Членот на Националниот совет за безбедност и прв министер за одбрана Трајан Гоцевски рече дека блокадата на ЕУ околу добивањето на датумот за прговори внесе немир кај нашите граѓани, но дека тоа не е фактор кој е пресуден, а може на подолга патека да влијае врз безбедносната состојба во Северна Македонија.

-Направивме многу реформи, но мораме да бидеме свасни дека имаме се уште незавршине работи, без разлика на оценката дека ние сме ги исполниле сите критериуми. Ова е опомена за нас, ние наместо да бараме вина во ЕУ или Франција, треба внатре да ја направиме нашата земја постабилна, економски попросперитетна, да биде безбедна држава и пристојно место за живеење за сите, истакна Гоцевски.

Во однос на безбедноста, Гоцевски рече дека оценката е дека и во регионот и во нашата држава, односите се стабилни. Според него, не може да се очекуваат дејствија кои ќе ја нарушат независноста и територијалниот интегритет на Северна Македонија.

На дебатата, панелистите говореа за геостратегиската и геополитичката реалност како резултат на почетокот на преговорите со ЕУ, членството на Северна Македонија во Алијансата – безбедноста и стабилноста во регионот, градење на пријателски односи со соседите…

https://www.sitel.com.mk/konferencija-za-bezbednosni-predizvici-i-neophodni-chekori-politichko-bezbednosnata-sostojba-vo

Македонија

24. October 2019 – 15:35

Конференција за безбедносни предизвици и неопходни чекори: Политичко безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна, но неизвесна

Неизвесна но стабилна е актуелната безбедносна состојба во Северна Македонија, оценија денеска дел од панелистите на дебатата насловена „Периодот пред нас-време на безбедносни предизвици и неопходни чекори“ во организација на Клубот на генерали, Клубот на дипломати, Балкански форум за безбедност и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста.

https://www.sitel.com.mk/negativnata-odluka-od-brisel-mozhe-da-predizvika-destabilizacija

Македонија

24. October 2019 – 16:45

Негативната одлука од Брисел може да предизвика дестабилизација

Последиците од недобивањето датум за преговори можат да бидат дестабилизирачки за Македонија. Не е исклучена засилена појава на национализам и радикализам преку антиевропските сили, а бриселкото вето негативно ќе влијае и врз развојот на земјава.

Експертите нема да бидат изненадени, ако сето ова резултира со безбедносни проблеми во земјава.

“Во определен дел од земјава можат да се случат микролокациски безбедносни проблеми, предизвикани од разочарувањето од Брисел и од тој аспект треба сите во Македонија да бидеме чуствителни и да ја следиме ситуацијата…”

Евентуалните безбедносни закани би требало да бидат неутрализирани со нашиот влез во НАТО. Но, според познавачите, процесот на пристапување во политичко – воената алијанса носи и свои ризици.

“При тој процес се јавуваат разни дестабилизирачки фактори, внатрешни и надворешни. Ризиците се нестандардни, преку делување на разни служби, социјални медиуми, сајбер напади…”

Од стандардните закани, според експертите, она што може да ја загрози безбедноста во Македонија и натаму останува мигрантската криза, тероризмот, како и екстремниот национализам изразен преку повратниците од боиштата во Блискиот исток.

Горан Симоновски

https://www.kanal5.com.mk/articles/394455/palmer-rusija-saka-da-ja-sprechi-evro-atlantskata-integracija-na-regionot

Русија сака да ја спречи евроатлантска интеграција на земјите од Западен Балкан, обвини американскиот заменик-помошник државен секретар Метју Палмер, кој воедно додаде и дека сенаторите на САД се разочарани од одлуката на ЕУ – Македонија и Албанија се уште да не започнат преговори за членство, со што се губи и кредибилитетот на Брисел. Палмер оценката ја сподели во обраќањето во Подкомитетот за Европа на американскиот Сенат..

„Примарната цел на Русија е да го држи регионот поделен, слаб и зависен од политичката поддршка на Москва. Русија сака да го спречи договорот меѓу Србија и Косово, Босна и Херцеговина да стане функционална држава, да го спречи патот на Црна Гора и Северна Македонија кон НАТО.“

Македонија се очекува да стане полноправна членка на НАТО најрано во декмеври, а пореално на почетокот од следната година..  Дотогаш, домашните аналитичари, велат дека безбедносната ситуација во Македонија може да се дефинира како „неизвесна“.

Ваквиот став, поранешниот министер за одбрана, Трајан Гоцевски, го темели на дестабилизирачките процеси во балтичките земји и Црна Гора пред пристапувањето во Алијансата.

Аналитичарот Благоја Марковски апелира да не се дозволи да запрат евро-атлантските аспирации.

Марковски нагласи дека без оглед на „вториот Букурешт“, политичката структура што ќе дојде на власт, ќе треба да ги спрведува Договорите со Грција и Бугарија, бидејќи се, како што вели, значаен фактор и на безбедносен план.

https://www.alsat-m.tv/mk/експерти-блокадата-од-еу-не-носи-голем/

Експерти: Блокадата од ЕУ не носи големи безбедносни опасности

Алсат2019-10-24T13:34:59+02:00

Блокадата за отпочнување на преговорите и неизвесноста околу проширувањето на Европската Унија, може да ја загрози безбедноста во земјава, но не во поголеми размери, оценуваат експертите. Според нив Македонија е во чувствителен период на безбедносен план и без разлика кој ќе победи предвремените избори, важно е да го продолжи евроатлантскиот пат.

„На определена ситуација во определен дел од земјава може да се случат микро-локациски безбедносни проблеми, посебно предизвикани од разочарувањето од непочнувањето со стартните преговори за членство во Европската Унија и од тој аспект треба сите во Македонија да бидеме чувствителни и да ја следиме ситуацијата“, рече Благоја Марковски – претседател на Балкански форум за безбедност.

Под микро-локациски проблеми Марковски подразбира индивидуални тензии, па дури и физички пресметки меѓу лица поттикнати од актуелната тензија што ја донесе европската блокада. Последната оценка на Националниот совет за безбедност е дека односите во Македонија сепак се стабилни. Сепак, искуството на земјите кои веќе го поминале пристапниот процес во НАТО се дека постои една неизвесност околу безбедноста на земјата – аспирант. Таква неизвесност за безбедноста во државата постои, смета екс-министерот за одбрана и член на Нацоналниот совет, Трајан Гоцевски.

„Да се разбереме има и внатре во земјата евроскептицизам, има и од надвор коишто не го посакуваат нашето членство во НАТО и оттука значи ризиците можат да бидат на тој план, но тие се нестандардни, некласични. Преку делување на разни служби, преку социјални медиуми, преку сајбер-настапите итн. Нашите органи многу будно го следат сето тоа и се надевам дека ќе бидеме во состојба да не се доведеме некој да не вовлече во нарушување на стабилноста на државата“, рече Трајан Гоцевски – член на Националниот совет за безбедност.

Надворешни фактори на кои земјава не може да влијае, а се закана, според нив, се мигрантската криза и глобалниот тероризам како долгорочен проблем. На внатрешен план ќе реба да се вложат повеќе напори за ресоцијализација на повратниците од боиштата на Блискиот Исток.

http://makedonskosonce.com/33816/

Конференција за безбедносни предизвици и неопходни чекори: Политичко безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна, но неизвесна

Неизвесна но стабилна е актуелната безбедносна состојба во Северна Македонија, оценија денеска дел од панелистите на дебатата насловена „Периодот пред нас-време на безбедносни предизвици и неопходни чекори“ во организација на Клубот на генерали, Клубот на дипломати,  Балкански форум за безбедност и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста.

Последните случувања во државава, според, претседателот на Балкански форум за безбедност Благоја Марковски, ја зголемуваат неизвесниста. Тој вели дека услови за политичка криза има, набројувајќи ги носењето на Законот за обвинители, аферата „Рекет“, оценката на Венцијанската комисија, прашањето за попис, најавените предвремени парламентарни избори како и условите кои ги бара Бугарија, за кои истражувањата на Евротинг покажуваат дека нашите граѓани, „традиционалниот непријател“ Грција го заменуваат со Бугарија.

-Според странските аналитичари, „внатрешно политичката криза во нашата земја ги потврдува бројните гласови кои предупредуваа дека натамошното отфрлање на земјата од страна на Брисел може да испрати катастрофален сигнал и долгорочно да ја згрози дури и стабилноста на земјата. Опозицијата која пред договорот со Грција критикуваше дека со менувањето на државното име се губи националниот идентитет, а на крајот земјата сепак може да влезе во ЕУ, со одлуката од Брисел добива ветер во грб“. Како потврда за внатрешно политичката криза веќе имаме најавени предвремени парламентарни избори, а од друга страна опозицијата, убедена дека „земјата нема перспектива за полноправно членство  во ЕУ и ќе нема уште долго време, најавува разгледување на можноста зза враќање на уставното име доколку дојде на власт, констатира Марковски.

Тој смета дека проблемите ќе се множат но и дека без Преспанскиот договор нема да можеме да бидеме полноправна членка на ЕУ, ниту сега, ниту пак во иднина. Според него, последното национално разочарување (непочнувањето на преговори со ЕУ)  не смее да стане национална трагедија.

Членот на Националниот совет за безбедност и прв министер за одбрана Трајан Гоцевски рече дека блокадата на ЕУ околу добивањето на датумот за прговори внесе немир кај нашите граѓани, но дека тоа не е фактор кој е пресуден, а може на подолга патека да влијае врз безбедносната состојба во Северна Македонија.

-Направивме многу реформи, но мораме да бидеме свасни дека имаме се уште незавршине работи, без разлика на оценката дека ние сме ги исполниле сите критериуми. Ова е опомена за нас, ние наместо да бараме вина во ЕУ или Франција, треба внатре да ја направиме нашата земја постабилна, економски попросперитетна, да биде безбедна држава и пристојно место за живеење за сите, истакна Гоцевски.

Во однос на безбедноста, Гоцевски рече дека оценката е дека и во регионот и во нашата држава, односите се стабилни. Според него, не може да се очекуваат дејствија кои ќе ја нарушат независноста и територијалниот интегритет на Северна Македонија.

На дебатата, панелистите говореа за геостратегиската и геополитичката реалност како резултат на почетокот на преговорите со ЕУ, членството на Северна Македонија во Алијансата – безбедноста и стабилноста во регионот, градење на пријателски односи со соседите…

https://www.aa.com.tr/mk/балкан/-северна-македонија-не-смее-да-го-запостави-остварувањето-на-своите-започнати-стратешки-цели/1625044

„Северна Македонија не смее да го запостави остварувањето на своите започнати стратешки цели”

Професорот Благоја Марковски изјави дека Северна Македонија е во многу чувствителен период, но дека на глобално ниво, неотпочнувањето на преговорите не треба да влијае на безбедноста на земјата

Abdula Berisha 24.10.2019

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на повеќе невладини организации од областа на безбедноста, во Скопје се одржа панел-дебата на тема „Периодот пред нас – време на безбедносни предизвици и неопходни чекори“, јавува Anadolu Agency (AA).

На панел-дебатата се дискутираше за безбедносната состојба по одлуката на Европската Унија (ЕУ) да не ги започне пристапните преговори со Република Северна Македонија, а на неа присуствуваа претставници од Клубот на генерали, Клубот на дипломати, Балканскиот форум за безбедност и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста.

Во изјава за медиумите, професорот Благоја Марковски изјави дека Северна Македонија е во многу чувствителен период, но дека на глобално ниво, неотпочнувањето на преговорите не треба да влијае на безбедноста на земјата.

„Тоа што е најбитно во овој момент е дека Северна Македонија не смее да го запостави остварувањето на своите започнати стратешки цели, влегувањето во НАТО и започнувањето преговори со Европската Унија. Враќањето назад би нѐ вратило во годините кога се занимававме со проблеми од типот на меѓунационалните односи, од типот на разни криминали, од типот на разни деструктивни, опструктивни и секакви други процеси“, рече Марковски.

Тој додаде дека во Северна Македонија се создава безбедно опкружување со членството во НАТО и дека земјата треба да го продолжи патот за развој што го започна.

Марковски исто така рече дека договорите што Северна Македонија ги има потпишано со Грција и Бугарија не можат да бидат поништени од ниту една власт, бидејќи тие се меѓународни договори.

Поранешниот министер за одбрана, Трајан Гоцевски, рече дека неотпочнувањето преговори за членство со ЕУ ги загрижува граѓаните, но и дека тоа не е фактор што може да влијае на безбедноста на земјата.

„Од актуелните закани за нас, и понатаму останува мигрантската криза која што е непредвидлива. Испаѓа дека ова е долгорочен проблем на Европа и веројатно пошироко. Значи, тука мораме да бидеме, да речам будни, бидејќи не се знае, од ден во ден се менуваат состојбите“, рече Гоцевски.

https://nezavisen.mk/politichko-bezbednosnata-sostojba-vo-makedonija-e-stabilna-no-neizvesna/

Политичко безбедносната состојба во Македонија е стабилна, но неизвесна 24/10/2019 

Неизвесна но стабилна е актуелната безбедносна состојба во Северна Македонија, оценија денеска дел од панелистите на дебатата насловена „Периодот пред нас-време на безбедносни предизвици и неопходни чекори“ во организација на Клубот на генерали, Клубот на дипломати, Балкански форум за безбедност и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста.

Последните случувања во државава, според, претседателот на Балкански форум за безбедност Благоја Марковски, ја зголемуваат неизвесниста. Тој вели дека услови за политичка криза има, набројувајќи ги носењето на Законот за обвинители, аферата „Рекет“, оценката на Венцијанската комисија, прашањето за попис, најавените предвремени парламентарни избори како и условите кои ги бара Бугарија, за кои истражувањата на Евротинг покажуваат дека нашите граѓани, „традиционалниот непријател“ Грција го заменуваат со Бугарија.

-Според странските аналитичари, „внатрешно политичката криза во нашата земја ги потврдува бројните гласови кои предупредуваа дека натамошното отфрлање на земјата од страна на Брисел може да испрати катастрофален сигнал и долгорочно да ја згрози дури и стабилноста на земјата. Опозицијата која пред договорот со Грција критикуваше дека со менувањето на државното име се губи националниот идентитет, а на крајот земјата сепак може да влезе во ЕУ, со одлуката од Брисел добива ветер во грб“. Како потврда за внатрешно политичката криза веќе имаме најавени предвремени парламентарни избори, а од друга страна опозицијата, убедена дека „земјата нема перспектива за полноправно членство во ЕУ и ќе нема уште долго време, најавува разгледување на можноста зза враќање на уставното име доколку дојде на власт, констатира Марковски.

Тој смета дека проблемите ќе се множат но и дека без Преспанскиот договор нема да можеме да бидеме полноправна членка на ЕУ, ниту сега, ниту пак во иднина. Според него, последното национално разочарување (непочнувањето на преговори со ЕУ) не смее да стане национална трагедија.

Членот на Националниот совет за безбедност и прв министер за одбрана Трајан Гоцевски рече дека блокадата на ЕУ околу добивањето на датумот за прговори внесе немир кај нашите граѓани, но дека тоа не е фактор кој е пресуден, а може на подолга патека да влијае врз безбедносната состојба во Северна Македонија.

-Направивме многу реформи, но мораме да бидеме свасни дека имаме се уште незавршине работи, без разлика на оценката дека ние сме ги исполниле сите критериуми. Ова е опомена за нас, ние наместо да бараме вина во ЕУ или Франција, треба внатре да ја направиме нашата земја постабилна, економски попросперитетна, да биде безбедна држава и пристојно место за живеење за сите, истакна Гоцевски.

Во однос на безбедноста, Гоцевски рече дека оценката е дека и во регионот и во нашата држава, односите се стабилни. Според него, не може да се очекуваат дејствија кои ќе ја нарушат независноста и територијалниот интегритет на Северна Македонија.

На дебатата, панелистите говореа за геостратегиската и геополитичката реалност како резултат на почетокот на преговорите со ЕУ, членството на Северна Македонија во Алијансата – безбедноста и стабилноста во регионот, градење на пријателски односи со соседите…

https://www.libertas.mk/konferenczi%D1%98a-za-bezbednosni-predizviczi-i-neophodni-chekori-politichko-bezbednosnata-sosto%D1%98ba-vo-severna-makedoni%D1%98a-e-stabilna-no-neizvesna/

Конференција за безбедносни предизвици и неопходни чекори: Политичко-безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна, но неизвесна

24.10.19

Неизвесна, но стабилна е актуелната безбедносна состојба во Северна Македонија, оценија денеска дел од панелистите на дебатата насловена „Периодот пред нас – време на безбедносни предизвици и неопходни чекори“ во организација на Клубот на генерали, Клубот на дипломати, Балкански форум за безбедност и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста.

Последните случувања во државава, според, претседателот на Балкански форум за безбедност Благоја Марковски, ја зголемуваат неизвесниста. Тој вели дека услови за политичка криза има, набројувајќи ги носењето на Законот за обвинители, аферата „Рекет“, оценката на Венцијанската комисија, прашањето за попис, најавените предвремени парламентарни избори како и условите кои ги бара Бугарија, за кои истражувањата на Евротинг покажуваат дека нашите граѓани, „традиционалниот непријател“ Грција го заменуваат со Бугарија.

-Според странските аналитичари, „внатрешно политичката криза во нашата земја ги потврдува бројните гласови кои предупредуваа дека натамошното отфрлање на земјата од страна на Брисел може да испрати катастрофален сигнал и долгорочно да ја згрози дури и стабилноста на земјата. Опозицијата која пред договорот со Грција критикуваше дека со менувањето на државното име се губи националниот идентитет, а на крајот земјата сепак може да влезе во ЕУ, со одлуката од Брисел добива ветер во грб“. Како потврда за внатрешно политичката криза веќе имаме најавени предвремени парламентарни избори, а од друга страна опозицијата, убедена дека „земјата нема перспектива за полноправно членство  во ЕУ и ќе нема уште долго време, најавува разгледување на можноста зза враќање на уставното име доколку дојде на власт, констатира Марковски.

Тој смета дека проблемите ќе се множат но и дека без Преспанскиот договор нема да можеме да бидеме полноправна членка на ЕУ, ниту сега, ниту пак во иднина. Според него, последното национално разочарување (непочнувањето на преговори со ЕУ)  не смее да стане национална трагедија.

Членот на Националниот совет за безбедност и прв министер за одбрана Трајан Гоцевски рече дека блокадата на ЕУ околу добивањето на датумот за прговори внесе немир кај нашите граѓани, но дека тоа не е фактор кој е пресуден, а може на подолга патека да влијае врз безбедносната состојба во Северна Македонија.

-Направивме многу реформи, но мораме да бидеме свасни дека имаме се уште незавршине работи, без разлика на оценката дека ние сме ги исполниле сите критериуми. Ова е опомена за нас, ние наместо да бараме вина во ЕУ или Франција, треба внатре да ја направиме нашата земја постабилна, економски попросперитетна, да биде безбедна држава и пристојно место за живеење за сите, истакна Гоцевски.

Во однос на безбедноста, Гоцевски рече дека оценката е дека и во регионот и во нашата држава, односите се стабилни. Според него, не може да се очекуваат дејствија кои ќе ја нарушат независноста и територијалниот интегритет на Северна Македонија.

На дебатата, панелистите говореа за геостратегиската и геополитичката реалност како резултат на почетокот на преговорите со ЕУ, членството на Северна Македонија во Алијансата – безбедноста и стабилноста во регионот, градење на пријателски односи со соседите…

https://iportal.mk/makedonija/politichko-bezbednosnata-sostojba-vo-severna-makedonija-e-stabilna-no-neizvesna/

Политичко безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна, но неизвесна

 24 октомври , 2019

Неизвесна но стабилна е актуелната безбедносна состојба во Северна Македонија, оценија денеска дел од панелистите на дебатата насловена „Периодот пред нас-време на безбедносни предизвици и неопходни чекори“ во организација на Клубот на генерали, Клубот на дипломати, Балкански форум за безбедност и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста.

Последните случувања во државава, според, претседателот на Балкански форум за безбедност Благоја Марковски, ја зголемуваат неизвесниста. Тој вели дека услови за политичка криза има, набројувајќи ги носењето на Законот за обвинители, аферата „Рекет“, оценката на Венцијанската комисија, прашањето за попис, најавените предвремени парламентарни избори како и условите кои ги бара Бугарија, за кои истражувањата на Евротинг покажуваат дека нашите граѓани, „традиционалниот непријател“ Грција го заменуваат со Бугарија.

-Според странските аналитичари, „внатрешно политичката криза во нашата земја ги потврдува бројните гласови кои предупредуваа дека натамошното отфрлање на земјата од страна на Брисел може да испрати катастрофален сигнал и долгорочно да ја згрози дури и стабилноста на земјата. Опозицијата која пред договорот со Грција критикуваше дека со менувањето на државното име се губи националниот идентитет, а на крајот земјата сепак може да влезе во ЕУ, со одлуката од Брисел добива ветер во грб“. Како потврда за внатрешно политичката криза веќе имаме најавени предвремени парламентарни избори, а од друга страна опозицијата, убедена дека „земјата нема перспектива за полноправно членство  во ЕУ и ќе нема уште долго време, најавува разгледување на можноста зза враќање на уставното име доколку дојде на власт, констатира Марковски.

Тој смета дека проблемите ќе се множат но и дека без Преспанскиот договор нема да можеме да бидеме полноправна членка на ЕУ, ниту сега, ниту пак во иднина. Според него, последното национално разочарување (непочнувањето на преговори со ЕУ)  не смее да стане национална трагедија.

Членот на Националниот совет за безбедност и прв министер за одбрана Трајан Гоцевски рече дека блокадата на ЕУ околу добивањето на датумот за прговори внесе немир кај нашите граѓани, но дека тоа не е фактор кој е пресуден, а може на подолга патека да влијае врз безбедносната состојба во Северна Македонија.

-Направивме многу реформи, но мораме да бидеме свасни дека имаме се уште незавршине работи, без разлика на оценката дека ние сме ги исполниле сите критериуми. Ова е опомена за нас, ние наместо да бараме вина во ЕУ или Франција, треба внатре да ја направиме нашата земја постабилна, економски попросперитетна, да биде безбедна држава и пристојно место за живеење за сите, истакна Гоцевски.

Во однос на безбедноста, Гоцевски рече дека оценката е дека и во регионот и во нашата држава, односите се стабилни. Според него, не може да се очекуваат дејствија кои ќе ја нарушат независноста и територијалниот интегритет на Северна Македонија.

На дебатата, панелистите говореа за геостратегиската и геополитичката реалност како резултат на почетокот на преговорите со ЕУ, членството на Северна Македонија во Алијансата – безбедноста и стабилноста во регионот, градење на пријателски односи со соседите…

КОНФЕРЕНЦИЈА: ПОЛИТИЧКО БЕЗБЕДНОСНАТА СОСТОЈБА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е СТАБИЛНА, НО НЕИЗВЕСНА

https://lider.com.mk/makedonija/politichko-bezbednosnata-sostojba-vo-makedonija-e-stabilna-no-neizvesna/

24. Октомври 2019. / 19:09

Политичко безбедносната состојба во Македонија е стабилна, но неизвесна

Неизвесна, но стабилна е актуелната безбедносна состојба во Северна Македонија, оценија денеска дел од панелистите на дебатата насловена „Периодот пред нас-време на безбедносни предизвици и неопходни чекори“ во организација на Клубот на генерали, Клубот на дипломати, Балкански форум за безбедност и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста.

Последните случувања во државава, според, претседателот на Балкански форум за безбедност Благоја Марковски, ја зголемуваат неизвесниста. Тој вели дека услови за политичка криза има, набројувајќи ги носењето на Законот за обвинители, аферата „Рекет“, оценката на Венцијанската комисија, прашањето за попис, најавените предвремени парламентарни избори како и условите кои ги бара Бугарија, за кои истражувањата на Евротинг покажуваат дека нашите граѓани, „традиционалниот непријател“ Грција го заменуваат со Бугарија.

-Според странските аналитичари, „внатрешно политичката криза во нашата земја ги потврдува бројните гласови кои предупредуваа дека натамошното отфрлање на земјата од страна на Брисел може да испрати катастрофален сигнал и долгорочно да ја згрози дури и стабилноста на земјата. Опозицијата која пред договорот со Грција критикуваше дека со менувањето на државното име се губи националниот идентитет, а на крајот земјата сепак може да влезе во ЕУ, со одлуката од Брисел добива ветер во грб“. Како потврда за внатрешно политичката криза веќе имаме најавени предвремени парламентарни избори, а од друга страна опозицијата, убедена дека „земјата нема перспектива за полноправно членство во ЕУ и ќе нема уште долго време, најавува разгледување на можноста зза враќање на уставното име доколку дојде на власт, констатира Марковски.

Тој смета дека проблемите ќе се множат но и дека без Преспанскиот договор нема да можеме да бидеме полноправна членка на ЕУ, ниту сега, ниту пак во иднина. Според него, последното национално разочарување (непочнувањето на преговори со ЕУ) не смее да стане национална трагедија.

Членот на Националниот совет за безбедност и прв министер за одбрана Трајан Гоцевски рече дека блокадата на ЕУ околу добивањето на датумот за прговори внесе немир кај нашите граѓани, но дека тоа не е фактор кој е пресуден, а може на подолга патека да влијае врз безбедносната состојба во Северна Македонија.

-Направивме многу реформи, но мораме да бидеме свасни дека имаме се уште незавршине работи, без разлика на оценката дека ние сме ги исполниле сите критериуми. Ова е опомена за нас, ние наместо да бараме вина во ЕУ или Франција, треба внатре да ја направиме нашата земја постабилна, економски попросперитетна, да биде безбедна држава и пристојно место за живеење за сите, истакна Гоцевски.

Во однос на безбедноста, Гоцевски рече дека оценката е дека и во регионот и во нашата држава, односите се стабилни. Според него, не може да се очекуваат дејствија кои ќе ја нарушат независноста и територијалниот интегритет на Северна Македонија.

На дебатата, панелистите говореа за геостратегиската и геополитичката реалност како резултат на почетокот на преговорите со ЕУ, членството на Северна Македонија во Алијансата – безбедноста и стабилноста во регионот, градење на пријателски односи со соседите…

https://4news.mk/konferentsija-za-bezbednosni-predizvitsi-i-neophodni-chekori-politichko-bezbednosnata-sostojba-vo-severna-makedonija-e-stabilna-no-neizvesna/

Конференција за безбедносни предизвици и неопходни чекори: Политичко безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна, но неизвесна

Неизвесна но стабилна е актуелната безбедносна состојба во Северна Македонија, оценија денеска дел од панелистите на дебатата насловена „Периодот пред нас-време на безбедносни предизвици и неопходни чекори“ во организација на Клубот на генерали, Клубот на дипломати, Балкански форум за безбедност и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста.

Последните случувања во државава, според, претседателот на Балкански форум за безбедност Благоја Марковски, ја зголемуваат неизвесниста. Тој вели дека услови за политичка криза има, набројувајќи ги носењето на Законот за обвинители, аферата „Рекет“, оценката на Венцијанската комисија, прашањето за попис, најавените предвремени парламентарни избори како и условите кои ги бара Бугарија, за кои истражувањата на Евротинг покажуваат дека нашите граѓани, „традиционалниот непријател“ Грција го заменуваат со Бугарија.

-Според странските аналитичари, „внатрешно политичката криза во нашата земја ги потврдува бројните гласови кои предупредуваа дека натамошното отфрлање на земјата од страна на Брисел може да испрати катастрофален сигнал и долгорочно да ја згрози дури и стабилноста на земјата. Опозицијата која пред договорот со Грција критикуваше дека со менувањето на државното име се губи националниот идентитет, а на крајот земјата сепак може да влезе во ЕУ, со одлуката од Брисел добива ветер во грб“. Како потврда за внатрешно политичката криза веќе имаме најавени предвремени парламентарни избори, а од друга страна опозицијата, убедена дека „земјата нема перспектива за полноправно членство  во ЕУ и ќе нема уште долго време, најавува разгледување на можноста зза враќање на уставното име доколку дојде на власт, констатира Марковски.

Тој смета дека проблемите ќе се множат но и дека без Преспанскиот договор нема да можеме да бидеме полноправна членка на ЕУ, ниту сега, ниту пак во иднина. Според него, последното национално разочарување (непочнувањето на преговори со ЕУ)  не смее да стане национална трагедија.

Членот на Националниот совет за безбедност и прв министер за одбрана Трајан Гоцевски рече дека блокадата на ЕУ околу добивањето на датумот за прговори внесе немир кај нашите граѓани, но дека тоа не е фактор кој е пресуден, а може на подолга патека да влијае врз безбедносната состојба во Северна Македонија.

-Направивме многу реформи, но мораме да бидеме свасни дека имаме се уште незавршине работи, без разлика на оценката дека ние сме ги исполниле сите критериуми. Ова е опомена за нас, ние наместо да бараме вина во ЕУ или Франција, треба внатре да ја направиме нашата земја постабилна, економски попросперитетна, да биде безбедна држава и пристојно место за живеење за сите, истакна Гоцевски.

Во однос на безбедноста, Гоцевски рече дека оценката е дека и во регионот и во нашата држава, односите се стабилни. Според него, не може да се очекуваат дејствија кои ќе ја нарушат независноста и територијалниот интегритет на Северна Македонија.

На дебатата, панелистите говореа за геостратегиската и геополитичката реалност како резултат на почетокот на преговорите со ЕУ, членството на Северна Македонија во Алијансата – безбедноста и стабилноста во регионот, градење на пријателски односи со соседите…

https://standard.mk/markovski-vnatreshno-politichkata-kriza-mozhe-dolgorochno-da-ja-zgrozi-duri-stabilnosta-na-zemjata/

Марковски: Внатрешно политичката криза може долгорочно да ја загрози дури и стабилноста на земјата

Октомври 24, 201

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ, 24.10.2019

Асоцијација на здруженија од сферата на безбедноста,

одбраната и меѓународните односи

_____________________________________________________________________________

Здружение на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста– Балкански форум за безбедност – Клуб на генерали – Дипломатски клуб Скопје – Здружение на дипломирани студенти на НАТО колеџот во РИМ – Здружение на воени пензионери на Р. Македонија – Здружение на армиски ветерани Кавадарци – ЗУВО на РМ 2001/2002

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ

Почитувани,

Балкански форум за безбедност заедно со Асоцијацијата на здруженија од областа на безбедноста, одбраната и меѓународните односи на 24 октомври 2019 година, во Домот на АРМ Скопје организира и реализира Панел дискусија на тема

“Периодот пред нас – време на безбедносни предизвици и неопходни чекори.

Панел дебатата има основна цел, врз презентација на размислувања и ставови, посветени на актуелните политичко-бебедносни состојби, да ги расветли фактите и причинско-последичната поврзаност на истите со иднината на Република Северна Македонија, а во контекст на нашите развојни можности и глобалните, регионалните и внатрешните перспективи за безбедносните предизвици и движења.

Панел дебатата има за цел и врз експертска анализа на актуелните аспекти на безбедноста и стабилноста, да ги афирмира општите утврдени безбедносни вредности, а преку дебатата, идеите, опциите и конкретни заклучоци да се укаже на најефикасните начини за воспоставување на безбедна и политички стабилна средина во РС Македонија и регионот.

На Панел дебатата особен осврт ќе се посвети на актуелните политичко-безбедносни состојби и новата геостратегиска и геополитичка реалност поврзана со кандидатурата за пристапните преговори со ЕУ и членството во НАТО на Република Северна Македонија. Ќе биде анализирана и неопходноста од соработка, интеракција и изградба на националниот систем за безбедност и одбрана, како и очекувањата и последиците од интегрирањето на РС Македонија во Европската унија и НАТО, во таа смисла и можностите за создавање и изградба на стратегиски партнерства во контекст на безбедноста на регионално и глобално ниво.

ПРОГРАМА

“Периодот пред нас – време на безбедносни предизвици и неопходни чекори

Четврток, 24 октомври 2019 година

11:00 – 13:45 часот, Дом на АРМ, Скопје (сала 3)

10:30-11:00 – Регистрација на учесниците и гостите

11:00-11: 05 – Официјално отворање на Конференцијата

Генерал во пензија Филип Котели, Претседател на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста

11:05-11:20 – Вовед: Актуелни политичко-безбедносни предизвици

д-р Благоја Марковски, Претседател наБалкански форум за безбедност

11:20-11:35 – Актуелните политичко-безбедносни состојби во земјата, соседството и регионот, посебно статусот на Косово,

проф. д-р Трајан Гоцевски, прв министер за одбрана, член на Националниот совет за безбедност

11:35-11:50 – Почетокот на пристапните преговори со ЕУ и членството во НАТО – нова геостратегиска и геополитичка реалност,

Дипломат Перун Јорганкиевски, Клуб на дипломати

11:50-12:05 – Членството на Северна Македонија во Алијансата и безбедноста и стабилноста во регионот,

проф. д-р Методи Хаџијанев, генерал на АРСМ, Клуб на генерали

12:05-12:15 – Правно-политичките аспекти на македонското членство во НАТО и обврската за изградба на компатибилен и интероперабилен систем на безбедност и одбрана,

проф. др Темелко Ристески, БСФ

12:15-12:30 – Градењето пријателски односи со соседите – можности за создавање и изградба на стратегиски партнерства во контекст на безбедноста на регионално и глобално ниво,

д-р Весна Поповска, Меѓународен Универзитет Визион

12:30-13:30– Прашања и дискусија

13:30-13:45 – Завршни забелешки и заклучоци

Балкански форум за безбедност

ОСВРТ, Заклучоци и препораки, 24.10.2019

ОСВРТ, Заклучоци и препораки
од панел сесијата на тема: “Периодот пред нас – време на безбедносни предизвици и неопходни чекори” организирана од Балкански форум за безбедност и Асоцијацијата на здруженија од областа на безбедноста, одбраната и меѓународните односи, 24 октомври 2019 година, Скопје

Кус осврт на реализацијата на Панел сесијата

Поаѓајќи од Програмската платформа, а имајќи ги во вид актуелните политичко-безбедносни аспекти на глобалните, регионалните и македонските предизвици за безбедносните ризици и движења, Балкански форум за безбедност заедно со Асоцијацијата на здруженија од областа на безбедноста, одбраната и меѓународните односи на 24 октомври 2019 година, во Домот на АРМ Скопје организира и реализира Панел дискусија на тема “Периодот пред нас – време на безбедносни предизвици и неопходни чекори.

Имајќи во вид дека наведената проблематика за панел сесијата е непосредно поврзана со областа од најширок интерес за граѓаните на Република Македонија и на македонското општество, воопшто, како и тоа дека самата дискусија требаше да ги опфати размислувањата и ставовите на експерти и авторитети, посветени на глобалните, регионалните и македонските перспективи за безбедносните предизвици и движења на Панел дебатата беа поканети, присуствуваа и учествуваа претставници од: политичко-партиските структури, невладиниот сектор, високообразовните и други институции и организации од Република Северна Македонија, авторитети и експерти од областа на безбедноста и одбраната, политичката, безбедносната и информативно-аналитичката и истражувачката област. Несомнено, сите тие дадоа квалитетна поддршка и придонесоа во остварувањето на целта на панел дебатата.

Цели на Панел дебатата

Панел дебатата имаше основна цел, врз презентација на размислувања и ставови, посветени на актуелните политичко-бебедносни состојби, да ги расветли фактите и причинско-последичната поврзаност на истите со иднината на Република Северна Македонија, а во контекст на нашите развојни можности и глобалните, регионалните и внатрешните перспективи за безбедносните предизвици и движења.

Панел дебатата имаше за цел и врз експертска анализа на актуелните аспекти на безбедноста и стабилноста, да ги афирмира општите утврдени безбедносни вредности, а преку дебатата, идеите, опциите и конкретни заклучоци да се укаже на најефикасните начини за воспоставување на безбедна и политички стабилна средина во РС Македонија и регионот.

На Панел дебатата беа разгледани и анализирани новите димензии на предизвиците и заканите во контекст на глобалните предизвици и современите манифестации на ризиците и заканите по безбедноста. Особен осврт се даде на актуелните политичко-безбедносни состојби и новата геостратегиска и геополитичка реалност поврзана со кандидатурата за пристапните преговори со ЕУ и членството во НАТО на Република Северна Македонија. Беше анализирана и неопходноста од соработка, интеракција и изградба на националниот систем за безбедност и одбрана, како и очекувањата и последиците можното интегрирање на РС Македонија во Европската унија и НАТО, во таа смисла и можностите за создавање и изградба на стратегиски партнерства во контекст на безбедноста на регионално и глобално ниво.

Методологија на реализацијата

Поаѓајќи од поставените цели, Панел дебатата се одвиваше по методологијата на интерактивност, при што во првиот дел, низ поднесување на воведни излагања, беа презентирани анализи, размислувања и ставови на проф. д-р Трајан Гоцевски, прв министер за одбрана и сега член на Националниот совет за безбедност на РС Македонија, проф. д-р Методи Хаџијанев, генерал на АРСМ, дипломатот Перун Јорганкиевски од Министерството за надворешни работи, проф. др Темелко Ристески, поранешен декан на Правниот факултет при Универзитетот ФОН и на д-р Весна Поповска од Меѓународниот Универзитет Визион.

Врз основа на воведните излагања и на понудените тези за дискусија од страна на организаторот на Панел дебатата – Балкански форум за безбедност, сериозноста и актуелноста на разгледуваната проблематика предизвика интензивна дискусија во која од вкупно 52 присутни, се вклучија 10 учесници и тоа: 5 претставници на невладини организации, 4 експерти – универзитетски професори од областа на разгледуваната проблематика и 1 експерт за надворешна политика – македонски амбасадор од кариера.

Заклучоци и препораки

Врз основа на воведните излагања, бројните коментари и дискусии на Панел дебатата за “Периодот пред нас – време на безбедносни предизвици и неопходни чекори, произлегоа следнитезаклучоци и препораки:

– Општа е оценката која недвосмислено произлезе од излагањата и дискусиите на учесниците на Панел дебатата дека кога станува збор за остварување на надворешно-политичките стратешки цели, Република Северна Македонија, по оној од 2008 година, го доживеа и својот “втор Букурешт“, олицетворен во бриселското вето односно недобивањето датум за преговори со ЕУ. Но сега, таков е впечатокот, разочарувањето е и поголемо затоа што овој е поопасен од оној првиот. Во 2008 година макар имавме јасна насока каде е излезот – ни беше кажано: во решавањето на спорот за името. Овојпат, тешко може да се процени што ќе се случува со политиката на проширување на ЕУ. Од тука и последиците се повеќеслојни, тие можат да бидат дестабилизирачки, да предизвикаат внатрешни појави на национализам и радикализам, да ги зајакнат антиевропските сили, но и да создадат последици по развојот, безбедноста и мирот во Македонија и регионот.

– Настаните во Северна Македонија по Бриселги потврдува бројните гласови кои предупредуваа дека натамошното отфрлање на земјата од страна на Брисел може да испрати катастрофален сигнал и долгорочно да ја загрози дури и стабилноста во  регионот. Опозицијата, која пред Договорот со Грција критикуваше дека со менувањето на државното име се губи националниот идентитет, а на крајот земјата сепак нема да може да влезе во ЕУ, со одлуката од Брисел добива ветер в грб“. Како потврда на внатрешнополитичката криза веќе имаме најавени предвремени парламентарни избори, а од друга страна опозицијата, убедена дека “земјата нема перспектива за полноправно членство во ЕУ и ќе нема уште долго време“, најавува дека “разгледува можности за враќање на уставното име доколку дојде на власт“.

– Очигледно, проблемите ќе се множат. Затоа за Македонија сега е многу важно националното разочарување да не стане национална трагедија. Ова е особено значајно и заради недовршените домашни задачи, неопходни за натамошниот развој:

а) Политичката клима за носење на Законот за обвинители, од кого, сепак имаше дел од влијанието за нашиот старт на преговорите со Брисел, никогаш не беше добра. Повеќе од јасно е дека “каменот на сопнување во текот на преговорите за законот е барањето за затворање на постапките кои се почнати од СЈО по периодот од првите 18 месеци и уништувањето на дотогаш собраните докази. Тоа е клучното прашање за кое има непомирливи разлики“.

б) Уште со аферата „Рекет“ државата влезе во политичка криза, која во наредниот период мора да добие судска разрешница.

в) Во декември ќе стигне оценката од Венецијанската комисија за Законот за јазици. Не треба да биде изненадување ако таа оценка ги стави на испит односите на досегашните партнери од власта СДСМ и ДУИ пред нов предизвик во кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена ќе се обиде предизборно да припише за себе политички поени. Ако СДСМ одлучи под притисок на експертите и јавноста да го менува законот, тоа ќе предизвика силен раздор со последици врз меѓуетничките односи. Во услови на предизборие ниедна политичка партија од албанскиот блок нема да дозволи интервенции во Законот.

г) Темата и прашањето за пописот исто така отвора нови политички проблеми. Инсистирањето пописот да се одржи во 2020 година на СДСМ му отвора судир и со ДУИ и со ВМРО-ДПМНЕ, а неговото одложување ќе значи неисполнето политичко ветување.

д) И најавените предвремени парламентарни избори ќе бидат исто така еден од сериозните предизвици. И тоа не само затоа што мора да бидат фер и демократски, туку и од аспект кој и за што ќе гласа на истите.

– Премиерот Зоран Заев вети продолжување на европскиот пат. Но на тој пат, се чини, однадвор се јавуваат нови препреки. Бугарија, која во Брисел јасно се залагаше за почеток на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, со “Рамковната позиција“ на бугарската Влада тое нема да го чини безусловно и при отворањето на поглавјата. Условите кои бугарската Влада ги бара од нашата земја може да го потресат добрососедството кое почна да се гради пред нешто повеќе од две години. Всушност, веќе се на повидок и првите последици. Според истражувањето на Евротинк, овие бугарски позиции предизвикаа нашите граѓани Бугарија да ја сметаат како држава што е непријателски настроена кон нашата земја, со што „традиционалниот непријател” Грција го заменуваат со Бугарија.

– Ваквите настани, заедно со бриселското вето за Северна Македонија и Албанија предизвикаа во земјите на Западен Балкан негативни реакции. Постанаа се погласни оние кои се залагаат да не се гледа повеќе кон Европа, туку кон Русија и Кина. И српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека одбивањето на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и покрај нивните реформски напори, е потврда на неговата политика за зајакнување на блиски врски со Кина и Русија.

– Наместо отворените прашање да се решаваат со нови политики насочени кон интеграција на целиот регион, градење пријателство, унапредување и развивање на односите со соседите, постои можност се погласно да се најавуваат идеи за цртање нови граници. Идеите за корекции на границите меѓу Србија и Косово можат да претставуваат и директна закана и за соседните земји, бидејќи во минатото секакво прекројување на границите водело кон конфликти и крвопролевање.

– Нерешителноста или неспособноста на Европа да го реши српско-косовскиот спор, повторно ги враќа САД во игра, кои сакаат целосно да го затворат прашањето до крајот на следното лето, бидејќи во ноември 2020 година се закажани американските претседателски избори. Заради ова САД испраќаат дури двајца емисари (претседателот Трамп го именува актуелниот амбасадор во САД, Ричард Гренел, за специјален пратеник во преговорите меѓу Србија и Косово, а на 30 август годинава, државниот секретар Мајк Помпео го најави именувањето на Метју Палмер за специјален пратеник на САД на Балканот. Од друга страна Амбасадата на Русија во Тирана, во реакцијата околу идејата за промена на границите на Косово, оценува дека прашањата за статусот на Косово треба да се реши врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и дека „не треба да се игра со опасната тенденција да се разнишаат руско-американските односи и да не поттикнуваат тензии на Балканот“.

– Останува отворено прашањето дали евентуелната промена на границите меѓу Косово и Србија би можеле да ја искористат и некои други на Балканот, така што корекциите на границите би зафатиле и поголем простор од планираното. Да не заборавиме дека БиХ е многу покомплициран случај и еден таков преседан ќе отвори простор и за разнебитување на оваа држава.

– Се чини дека нема дилеми во врска со опасноста од ново повлекување граници според етнички принципи. На Западен Балкан не му се потребни моноетнички, туку граѓански држави.

Балкански форум за безбедност

Панел дебата, 29.09.2018

Панел дебата

“Република Македонија пред нова историска одлука”

Дом на АРМ, Скопје, 25 септември 2018 година

Панел дебатата беше организирана и реализирана од страна на Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи која ја сочинуваат следните здруженија и клубови: Здружение на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, Балкански форум за безбедност, Клуб на генерали на АРМ, Дипломатски клуб Скопје, Здружение на дипломирани студенти на НАТО колеџот во РИМ, Здружение на воени пензионери на Р. Македонија, Здружение на армиски ветерани Кавадарци и Здружение на учесници во одбраната (ЗУВО) на РМ 2001/2002.

Дебатата имаше за цел да се презентираат размислувања и ставови на експерти и членови на Асоцијацијата, посветени на Македонско-грчката спогодба и претстојното референдумско изјаснување на граѓаните на Република Македонија, заради расветлување на фактите и причинско-последичната поврзаност на актуелните состојби со иднината на државата, а во контекст на глобалните, регионалните и внатрешните перспективи за безбедносните предизвици и движења.

Во тој контекст, на дебатата беа разгледани и анализирани основните факти за македонско-грчката спогодба, поделеноста на македонското општество што ја предизвикува оваа Спогодба, како и очекувањата, резултатите и последиците од референдумското изјаснување на граѓаните на Република Македонија. Особен осврт беше даден на факторите кои влијаат или можат да предизвикаат последици по натамошниот развој на македонското општество и интегративните процеси во Европската унија и НАТО.

На дебатата свои ставови, како основа за натамошната дискусија, изнесоа: поранешниот генерал Филип Котели – претседател на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, д-р Благоја Марковски – претседател на Балканскиот форум за безбедност,  професор д-р Темелко Ристевски, до неодамна декан на Правниот факултет на ФОН Универзитетот од Скопје, професор д-р Јове Кекеновски од ФТУ – Охрид, д-р Зоран Тодоров, од МНО и претставник на Дипломатскиот клуб Скопје, како и поранешниот началник на ГШ на АРМ генерал Мирослав Стојановски, претседател на Клубот на генерали./

Учесници на Панел дебатата беа 68 членови на здруженијата и клубовите од Асоцијацијата.

Панел дебатата се одвиваше на пленарна седница – отворање, поздравни говори и воведно излагање на организаторите, а потоа продолжи со дискусии на присутните по воведните излагања на панелистите.

Панел дебатата ја следеа и за истата известија 6 ТВ, МИА и повеќе новинари од интернет портали.

Основни забелешки и ставови од Панел дебатата

– Република Македонија е пред нова историска одлука.

– Според Владата и владеачкото мнозинство во Парламентот, оваа Спогодба е историски најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија. Таа е влог во македонската иднина, со кој го расчистуваме патот на нашата земја за влез во НАТО и за почеток на преговори за ЕУ. Стануваме член на семејствата на НАТО и ЕУ нациите кои уживаат силен економски развој. Со спогодбата се гарантира правото да се определуваме како МАКЕДОНЦИ, официјален јазик на нашата држава е „македонски јазик“ кој е преведлив на сите јазици, нашето државјанство ќе биде: македонско / граѓани на Северна Македонија, со Спогодбата ја отстранивме последната пречка за нашето членство во НАТО, како резултат на Спогодбата ќе започнеме преговори за членство во ЕУ.

– Наспроти овие уверувања на власта, најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзините поддржувачи, како и дел од опозициски расположените граѓани, Спогодбата ја карактеризира како капитулација и дека истата претставува пораз за Македонија, а претседателот Иванов има непоколеблив став дека нема да ја потпише Спогодбата, класифицирајќи ја како штетна за земјата и дека истата значи напуштање на изградените суштински државни позиции: неменување на Уставот и неприфаќање на име за севкупна употреба.

– Во ваквата констелација на актуелни внатрешни настани, Република Македонија доживеа своевидна инвазија или како што тоа некои го окарактеризираа, како „дипломатски десант на меѓународниот фактор олицетворен во посетите и сугестиите на претствници на земјите членки на ЕУ и НАТО“ со основна сублимирана порака дека „Спогодбата е историски договор за спорот со името кој што ја отвора можноста за рамноправно членство во меѓународната заедница, вклучувајќи го рамноправното членство во ЕУ и НАТО“.

– Во овој момент речиси никој не знае како ќе изгледа продолжението на процесот кој е условен од резултатот на претстојниот референдум.

– Бојкотирањето на Спогодбата значи застанување на страната на оние кои не сакаат да дадат одговор што ќе се случува со нашата земја, ако ја пропуштиме и оваа можност за интегрирање во НАТО и во ЕУ.

Ставови од излагањата на панелистите:

Д-р Благоја Марковски од Балкански форум за безбедност:

– Периодот на преговори и приближување на ставовите меѓу Република Македонија и Грција во врска со проблемот со нашето уставно име, самиот акт на потпишување на 17 јуни на „Спогодбата за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 од 1993 година на Советот за безбедност на Обединетите нации – за престанување на важноста на привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните“ и, особено, Одлуката на Собранието од 30 јули да се организира и спроведе референдум за прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот за името меѓу Македонија и Грција?”, ја поделија македонската јавност. Уште покарактеристично е што таа поделеност се манифестира и меѓу политичките субјекти, па и во државниот врв. Во овој момент речиси никој не знае како ќе изгледа продолжението на процесот, што е условен од резултатите од претстојниот референдум.

Професор д-р Темелко Ристески:

Со Договорот не се брише државно-правниот континуитет на државата. Во член три се вели дека страните ја потврдуваат нивната постоечка меѓусебна граница, како трајна и неповредлива меѓународна граница, ниту една нема да има територијални претензии кон другата, ќе ги почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет и политичката независност.

Д-р Зоран Тодоров од Дипломатскиот клуб:

Потпишаната спогодба е факт и во правна и во политичка смисла, кој треба да биде потврден од граѓаните директно на референдум и посредно преку нивните претставници во Собранието. Потребно е по 27 години самостојност да се навикнеме на обврската, која секој во меѓународното право треба да ја има и да ја преземе во меѓународните односи. Спогодбата има за цел да го затвори спорното прашање и консеквентно нуди затворање на безбедносен проблем од регионално значење.

Генерал во пензија Мирослав Стојановски, поранешниот началник на ГШ на АРМ:

Спогодбата е услов за членство во НАТО. Алијансата почива врз мултулатерализам, неделивост на безбедноста и солидарност и кохезија. Се ова што важи за НАТО ќе важи за Република Македонија кога ќе стане полноправна членка на Алијансата. Потребно е Македонија што поскоро да направи анализа колку ќе ја чини членството во НАТО, бидејќи само така ќе биде разрешена дилемата во јавноста – за што ќе се трошат парите.

Професор д-р Јове Кекеновски:

Договорот од Преспа не ги решава само разликите со името, туку станува збор за надградена спогодба за решавање на различните сфаќања во однос на македонската историја, македонската култура и образование, па дури и за слободите и правата на граѓаните. Покрај самопреименувањето или укинувањето на сопственото име, Договорот предвидува и редефинирање на нашиот внатрешен поредок и досегашните административни практики, од причина што решенијата понудени длабоко задираат во политичкиот и уставниот систем на Република Македонија, преку барањето за промена на Уставот. Со овој Договор ќе има промена на називите на сите државни институции, ќе се менува начинот на ословување при меѓусебната комуникација. Тука се и постапките за ревизија на учебниците, мапите, историските атласи, наставните упатства, преиспитување на статусот на спомениците и јавната инфраструктура, промена на банкноти, монети, регистарски таблички, лични документи, сведителства, дипломи. Со Договорот се атакува врз повеќедецинискиот македонски државен континуитет.

Основни забелешки од дискусиите на присутните

Позитивни ставови за Договорот

– Целта на преспанскиот договор е да се затвори спорното прашање кое трае повеќе од 27 години. Со договорот не се губи идентитетот.

– Со потпишувањето на Договорот од Преспа се отвора патот кон НАТО и Европската Унија. Ќе треба да се направат болни отстапки и многу реформи на домашен план, но придобките ќе бидат огромни.

– Потпишаната Спогодба е факт и во правна и во политичка смисла, а мандатот за потпишување на Договорот произлегува од резолуциите на Обединетите Нации.

– На Македонија и се потребни гаранции за зачувување на суверенитетот, кои ќе ги добие со влезот во НАТО, а безбедноста на една држава е предуслов за сите останати процеси.

– Заштита на македонскиот идентитет, влез на Македонија во НАТО и следствено на тоа зголемување на безбедноста во рамки на Алијансата и нејзиниот принцип на колективна одбрана, зајакнување на сувереноста, гаранција за територијалниот интегритет, почнување преговори со Европската унија, зголемување на инвестициите во земјава се дел од придобивките кои Македонија ќе ги има со Договорот со Грција и перспективите што со него се отвораат.

Негативни оценки и ставови за Договорот

– Содржината на Договорот го напаѓа деценискиот македонски државен континуитет преку интервенција во преамбулата на Уставот. Покрај тоа што не носи еднакви обврски за двете страни, тој содржи и правни недостатоци

– Договорот не е само договор за решавање на разликите со името, туку станува збор за проширена и надградена спогодба за решавање на различните сфаќања во однос на кој, покрај самопреименувањето или укинување на соопственото име, се предвидува и редефинирање на внатрешниот поредок.

– Постои дилема што ќе се случи доколку референдумот не успее и кој ќе ја понесе одговорноста ако никогаш повеќе не добиеме ваква шанса.

– Постојат индиции дека актуелната власт, заедно со потпишувањето на Договорот, презела и обврски за учество во разрешувањата на Европската бегалска криза во смисла на изградба на бегалски камп кај Демит Капија и прифат на бегалци од Блискиот и Средниот Исток и од Северна Африка.

Кус заклучок:

Најголемиот број на учесниците на Панел дебатата имаат позитивно мислење за Македонско-грчката спогодба и позитивен став за рфеферендумот. Меѓутоа, еден помал дел со сомнителност се однесуваат кон Спогодбата, а некои дури својот негативен став го искажаа и јавно низ своите дискусии.

Општа е карактеристика дека оние членови на Асоцијацијата кои сеуште се во работен однос (претежно во државната администрација – министерства, армија, полиција) или од скоро се во пензија, имаат позитивен однос и став кон Спогодбата и референдумот. Тие се и во мнозинство во рамките на Асоцијацијата. Оние членови кои се подолг период во пензија или надвор од државната администрација имаат послободни ставови и или се воздржани во оценките кон Спогодбата и референдумот или отворено се против. Сепак, нивниот број во однос на претходните е значително мал.

Медиумите за панел дебатата, 25.09.2018

МАКЕДОНИЈА

Дебата „Македонија пред новата историска одлука”

Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи, денеска во Домот на АРМ ќе одржи Панел дебата на тема „Македонија пред новата историска одлука“. 

а1он.мк

Канал 5

25 септември 2018, 08:15

На дебатата ќе бидат презентирани размислувања и ставови на експерти и членови на Асоцијацијата, посветени на Македонско-грчката спогодба и претстојното референдумско изјаснување на граѓаните на Република Македонија, со цел да се расветлат фактите и причинско-последичната поврзаност на актуелните состојби со иднината на државата, а во контекст на глобалните, регионалните и внатрешните перспективи за безбедносните предизвици и движења.

На дебатата ќе бидат разгледани и анализирани основните факти за македонско-грчката спогодба, поделеноста на македонското општество што ја предизвикува оваа спогодба, како и очекувањата, резултатите и последиците од референдумското изјаснување на граѓаните на Република Македонија. Особен осврт ќе се даде на факторите кои влијаат или можат да предизвикаат последици по натамошниот развој на македонското општество и интегративните процеси во Европската унија и НАТО.

На дебатата став ќе изнесат поранешниот генерал Филип Котели од Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, д-р Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност,  професор д-р Темелко Ристевски од БСФ, професор д-р Јове Кекеновски од ФТУ -Охрид, амбасадорот Зоран Тодоров, како и поранешниот генерал Мирослав Стојановски од Клубот на генерали./МИА

https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=250281

ДЕБАТА „МАКЕДОНИЈА ПРЕД НОВАТА ИСТОРИСКА ОДЛУКА“

Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи, денеска во Домот на АРМ ќе одржи Панел дебата на тема „Македонија пред новата историска одлука“.

На дебатата ќе бидат презентирани размислувања и ставови на експерти и членови на Асоцијацијата, посветени на Македонско-грчката спогодба и претстојното референдумско изјаснување на граѓаните на Република Македонија, со цел да се расветлат фактите и причинско-последичната поврзаност на актуелните состојби со иднината на државата, а во контекст на глобалните, регионалните и внатрешните перспективи за безбедносните предизвици и движења.

На дебатата ќе бидат разгледани и анализирани основните факти за македонско-грчката спогодба, поделеноста на македонското општество што ја предизвикува оваа спогодба, како и очекувањата, резултатите и последиците од референдумското изјаснување на граѓаните на Република Македонија. Особен осврт ќе се даде на факторите кои влијаат или можат да предизвикаат последици по натамошниот развој на македонското општество и интегративните процеси во Европската унија и НАТО.

На дебатата став ќе изнесат поранешниот генерал Филип Котели од Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, д-р Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност, професор д-р Темелко Ристевски од БСФ, професор д-р Јове Кекеновски од ФТУ -Охрид, амбасадорот Зоран Тодоров, како и поранешниот генерал Мирослав Стојановски од Клубот на генерали.

https://post.mk/дебата-македонија-пред-новата-истор/

Дебата „Македонија пред новата историска одлука“

Објавено на 25/09/2018  во категоријата Македонија  од e-post

Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи, денеска во Домот на АРМ ќе одржи Панел дебата на тема „Македонија пред новата историска одлука“.На дебатата ќе бидат презентирани размислувања и ставови на експерти и членови на Асоцијацијата, посветени на Македонско-грчката спогодба и претстојното референдумско изјаснување на граѓаните на Република Македонија, со цел да се расветлат фактите и причинско-последичната поврзаност на актуелните состојби со иднината на државата, а во контекст на глобалните, регионалните и внатрешните перспективи за безбедносните предизвици и движења.На дебатата ќе бидат разгледани и анализирани основните факти за македонско-грчката спогодба, поделеноста на македонското општество што ја предизвикува оваа спогодба, како и очекувањата, резултатите и последиците од референдумското изјаснување на граѓаните на Република Македонија. Особен осврт ќе се даде на факторите кои влијаат или можат да предизвикаат последици по натамошниот развој на македонското општество и интегративните процеси во Европската унија и НАТО.На дебатата став ќе изнесат поранешниот генерал Филип Котели од Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, д-р Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност, професор д-р Темелко Ристевски од БСФ, професор д-р Јове Кекеновски од ФТУ -Охрид, амбасадорот Зоран Тодоров, како и поранешниот генерал Мирослав Стојановски од Клубот на генерали.Дебата „Македонија пред новата историска одлука“ was last modified: September 25th, 2018 by Ана

https://kanal5.com.mk/articles/349769/se-zapali-priemnoto-oddelenie-vo-zatvorot-idrizovo

МАКЕДОНИЈА

Членството во НАТО гаранција за економска и безбедносна стабилност

Земјава е пред нова историска одлука. Со Преспанскиот договор Македонија нема да загуби ништо.

25 септември 2018, 14:46

Напротив, ќе добие многу, зачуван идентитет и членство во НАТО, а токму влезот во нај силната светска воено-политичка организација ќе донесе конечно стабилност и економски просперитет за граѓаните. Ова е ставот на дел од учесниците на стручната дебата организирана од Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи.

Професорот Темелко Ристески како неодговорна лага ги окарактеризира изјавите на некои политичари дека со овој договор, ќе се загубел македонските идентитет.

Најголем дел од говорниците се сложија дека гласањето во недела е историска можност, најверојатно не повторлива, Македонија значително да се доближи и да ги оствари своите стратешки декларирани интереси членство во Европската Унија и НАТО со цел, конечно и граѓаните да можат подобро да живеат.

ДЕБАТА: ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА МОЖНОСТ ЗА ЗАТВОРАЊЕ БЕЗБЕДНОСЕН ПРОБЛЕМ ОД РЕГИОНАЛНО ЗНАЧЕЊЕ

25/09/2018 15:09 

Заштита на македонскиот идентитет, влез на Македонија во НАТО и следствено на тоа зголемување на безбедноста во рамки на Алијансата и нејзиниот принцип на колективна одбрана, зајакнување на сувереноста, гаранција за територијалниот интегритет, почнување преговори со Европската унија, зголемување на инвестициите во земјава се дел од придобивките кои Македонија ќе ги има со Договорот со Грција и перспективите што со него се отвораат, заклучија дел од учесниците на денешната дебата „Република Македонија пред нова историска одлука“ во организација на Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи.

За правно-политичките аспекти на Спогодбата од Преспа, за Договорот и претстојниот референдум, импликациите на договореното врз меѓународната положба и безбедноста на Република Македонија, како и за спогодбата како услов за членство во НАТО говореа денеска учесниците на дебатата.

За некои од нив, пак, Договорот не е само договор за решавање на разликите со името, туку станува збор за проширена и надградена спогодба за решавање на различните сфаќања во однос на кој, покрај самопреименувањето или укинување на соопственото име, се предвидува и редефинирање на внатрешниот поредок.

Благоја Марковски од Балкански форум за безбедност потенцирајќи дека целиот процес од преговорите, постигнување на Договорот, се до распишување на референдумот, предизвикал поделба во македонската јавност, која се манифестира и меѓу политичките субјекти и во самиот државен врв, рече дека во овој момент речиси никој не знае како ќе изгледа продолжението на процесот, што е условен од резултатите од претстојниот референдум.

– Дали поуспешно ќе се справуваме со корупцијата и криминалот низ овие евроинтегративни процеси или со нивно отфрлање. Кој ќе ја преземе одговорноста ако никогаш повеќе како земја не ја добиеме ваквата можност, ако се засили влијанието на авторитарните сили во земјата, ако се влошат меѓуетничките односи и ако одново влеземе во вртологот на промена на границите и размена на територии и население, истакна тој пред присутните.

Професорот Темелко Ристески од БСФ истакна дека забелешката на опозицијата дека со Договорот се менува идентитетот не е основана.

– Идентитетот на нештата во природата и општеството го утврдува нивната материјална суштина, нивното битие, нивните основни карактеристики, идентитетот на државите го утврдува нивниот географски простор, земјиштето, релјефот, идентитетот на народите се утврдува со нивниот јазик, обичаи, култура, идентитетот на физичките лица врз основа на нивниот изглед, карактер. Сега ќе имаме прецизно име, кое ќе одговара на нашата географска положба, на северниот дел, кој е една третина од македонскиот географски простор и кој за жал остана единстено надвор од ЕУ, вели Ристески.

Според него со Договорот не се брише државно-правниот континуитет на државата. Напомена дека во член три се вели дека страните ја потврдувата нивната постоечка меѓусебна граница, како трајна и неповредлива меѓународна граница, ниту една нема да има територијални претензии кон другата, ќе ги почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет и политичката независност.

За професорот Јове Кекеновски Договорот од Преспа не ги решава само разликите со името, туку станува збор за надградена спогодба за решавање на различните сфаќања во однос на македонската историја, македонската култура и образование, па дури и за слободите и правата на граѓаните.

– Покрај самопреименувањето или укинувањето на сопственото име предвидува и редефинирање на нашиот внатрешен поредок и досегашните административни практики, од причина што решенијата понудени длабоко задираат во политичкиот и уставниот систем на РМ, преку барањето за промена на Уставот, вели тој.

Нагласи дека ќе има промена на називите на сите државни институции, ќе се менува начинот на ословување при меѓусебната комуникација.

– Тука се постапките за ревизија на учебниците, мапите, историските атласи, наставните упатства, преиспитување на статусот на спомениците и јавната инфраструктура, промена на банкноти, монети, регистарски таблички, лични документи, сведителства, дипломи, додаде Кекеновски и нагласи оти смета дека со Договорот се атакува повеќедецинискиот македонски државен континуитет.

Зоран Тодоров од Дипломатскиот клуб напомена дека потпишана спогодба е факт и во правна и во политичка смисла, кој треба да биде потвреден од граѓаните директно на референдум и посредно преку нивните претставници во Собранието.

– Потребно е по 27 години самостојност да се навикнеме на обврската, која секој во меѓународното право треба да ја има и да ја преземе во меѓународните односи, рече тој, нагласувајќи дека Спогодбата има цел да го затвори спорното прашање и консеквентно нуди затворање на безбедносен проблем од регионално значење.

Поранешниот началник на ГШ на АРМ, генералот во пензија Мирослав Стојановски говореше за Спогодбата од аспект како услов за членство во НАТО, напоменувајќи дека Алијансата почива врз мултулатерализам, неделивост на безбедноста и солидарност и кохезија. Се ова што важи за НАТО ќе важи за РМ, додава тој, кога ќе стане полноправна членка на Алијансата.

Напомена дека во членот пет од Вашингтонскиот договор нападот на една од членките на НАТО е напад на сите членки и појасни дека тоа е обврската за колективна одбрана, која се очекува во кој било случај на агресија.

Солидарноста, додаде подразбира распределба на заедничките трошоци, а кохезијата се однесува на косензусот, односно носењето одлуки во Алијансата.

– Република Македонија од осамостојувањето до денес е земја од редот на мали држави, географски се наоѓа на многу значајно место, но без поголемо влијание во меѓународните односи. Од осамостојувањето е увозник на безбедност, а од  2002 година и извозник на безбедност со учество на припадници на АРМ во мисии. Таа е стабилна, но со одредни внатрешни проблеми, кои во комбинација со надворешни фактори можат да ја загрозат стабилноста, нагласи Стојановски и додаде дека членството во НАТО ќе ја зацврсти сувереноста на државата, која ќе седне на иста маса со другите 29 членки.

Додаде дека со влезот во НАТО, Македонија станува членка на сојуз на слободни демократии, со сите политички воени и дипломатски предности.

Истакна дека тоа нема да се постигне веднаш, „ќе треба време да се научиме тука во РМ на почитување на одредени вредности за да можеме да функционираме заедно со членките на НАТО“.

https://a1on.mk/archives/952956

https://sitel.com.mk/debata-makedonija-pred-nova-istoriska-odluka

25. September 2018 – 16:17

Дебата: Македонија пред нова историска одлука

Со потпишувањето на Договорот од Преспа се се отвора патот кон НАТО и Европската Унија. Ќе треба да се направат болни отстапки и многу реформи на домашен план, но придобките ќе бидат огромни, нагласија учесниците на панел дебатата „Македонија пред нова историска одлука“, одржана во Домот на АРМ во Скопје.

Зборувајќи за различните аспекти од Договорот, учесниците на дебатата се осврнаа и на претстојниот референдум и неизвесните процеси кои следуваат во зависност од неговиот резултат

Содржината на Договорот го напаѓа деценискиот македонски државен континуитет преку интервенција во преамбулата на Уставот. Покрај тоа што не носи еднакви обврски за двете страни, тој содржи и правни недостатоци

Потпишаната Спогодба е факт и во правна и во политичка смисла, а мандатот за потпишување на Договорот произлегува од резолуциите на Обединетите Нации.

На панел дебатата организирана од Асоцијацијата на здруженија од безбедноста, одбраната и меѓународните односи, беше нагласено дека на Македонија и се потребни  гаранции за зачувување на суверенитетот, кои ќе ги добие со влезот во НАТО, а безбедноста на една држава е предуслов за сите останати процеси.

https://1tv.mk/makedonija/договорот-од-преспа-ќе-ги-затвори-спор/

Договорот од Преспа ќе ги затвори спорните прашања

  • 15:21 25.09.2018

Македонија што поскоро да направи анализа колку ќе ја чини членството во НАТО посочи поранешниот генерал Мирослав Стојановски, бидејќи само така ќе биде разрешена дилемата во јавноста – за што ќе се трошат парите.

„Со членството ќе се зацврсти безбедноста која пак е предуслов за сите други процеси, а ќе бидеме рамноправни и на иста масо со другите 29 членки на Алијансата“, рече Стојановски на панел дискусијата насловена како Македонија пред нова историска одлука, организирана од Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи.

Целта на преспанскиот договор е да се затвори спорното прашање кое трае повеќе од 27 години. Со договорот не се губи идентитетот посочија дел од учеснците во панел дискусијата.

За дел од панелистите, договорот длабоко задира во внатрешните работи на Македнија.

На панел дискусијата беше поставена и дилемата што ќе се случи доколку референдумот не успее и кој ќе ја понесе одговорноста ако никогаш повеќе не добиеме ваква шанса.

Весна Велкова – Тодоровска

https://telma.com.mk/general-stojanovski-chlenstvoto-vo-nato-e-posakuvanata-destinatsija-koja-znachi-bezbednost-i-prosperitet-i-mesto-na-masata-vo-alijansata/

Генерал Стојановски: Членството во НАТО е посакуваната дестинација која значи безбедност и просперитет и место на масата во Алијансата

Членството во НАТО значи серија придобивки за Република Македонија- ова го мисли поранешниот началник на Генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски. Според него Македонија во Алијансата ќе добие и безбедност и просперитет, но најважно според него е што државата ќе добие место на масата каде се одлучува.

Македонија пред нова историска одлука, под ова име дебатата ја организираа повеќе здруженија од областа на безбедноста и одбраната. Дипломатот Зоран Тодоров пак вели дека Обединетите НАции имаат две резолуции по кои Македонија и Грција морале да најдат решение за билетарниот спор.

Професорот Кекеновски не крие дека ќе гласа против, затоа што смета дека и референдумското прашање и договорот се противуставни и се спротивни на принципот на владеење на право.

На дебатата главна тема беше безбедноста преку члентсвото во НАТО за што Македонија до март догодина треба да ги одговори прашањата испратени од седиштето во Брисел.

Миомир Серафиновиќ

https://sitel.com.mk/debata-dogovorot-od-prespa-mozhnost-za-zatvoranje-bezbednosen-problem-od-regionalno-znachenje

25. September 2018 – 15:02

Дебата: Договорот од Преспа можност за затворање безбедносен проблем од регионално значење

Заштита на македонскиот идентитет, влез на Македонија во НАТО и следствено на тоа зголемување на безбедноста во рамки на Алијансата и нејзиниот принцип на колективна одбрана, зајакнување на сувереноста, гаранција за територијалниот интегритет, почнување преговори со Европската унија, зголемување на инвестициите во земјава се дел од придобивките кои Македонија ќе ги има со Договорот со Грција и перспективите што со него се отвораат, заклучија дел од учесниците на денешната дебата „Република Македонија пред нова историска одлука“ во организација на Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи.

За правно-политичките аспекти на Спогодбата од Преспа, за Договорот и претстојниот референдум, импликациите на договореното врз меѓународната положба и безбедноста на Република Македонија, како и за спогодбата како услов за членство во НАТО говореа денеска учесниците на дебатата.

За некои од нив, пак, Договорот не е само договор за решавање на разликите со името, туку станува збор за проширена и надградена спогодба за решавање на различните сфаќања во однос на кој, покрај самопреименувањето или укинување на соопственото име, се предвидува и редефинирање на внатрешниот поредок.

Благоја Марковски од Балкански форум за безбедност потенцирајќи дека целиот процес од преговорите, постигнување на Договорот, се до распишување на референдумот, предизвикал поделба во македонската јавност, која се манифестира и меѓу политичките субјекти и во самиот државен врв, рече дека во овој момент речиси никој не знае како ќе изгледа продолжението на процесот, што е условен од резултатите од претстојниот референдум.

– Дали поуспешно ќе се справуваме со корупцијата и криминалот низ овие евроинтегративни процеси или со нивно отфрлање. Кој ќе ја преземе одговорноста ако никогаш повеќе како земја не ја добиеме ваквата можност, ако се засили влијанието на Русија и на авторитарните сили во земјата, ако се влошат меѓуетничките односи и ако одново влеземе во вртологот на промена на границите и размена на територии и население, истакна тој пред присутните.

Професорот Темелко Ристески од БСФ истакна дека забелешката на опозицијата дека со Договорот се менува идентитетот не е основана.

– Идентитетот на нештата во природата и општеството го утврдува нивната материјална суштина, нивното битие, нивните основни карактеристики, идентитетот на државите го утврдува нивниот географски простор, земјиштето, релјефот, идентитетот на народите се утврдува со нивниот јазик, обичаи, култура, идентитетот на физичките лица врз основа на нивниот изглед, карактер. Сега ќе имаме прецизно име, кое ќе одговара на нашата географска положба, на северниот дел, кој е една третина од македонскиот географски простор и кој за жал остана единстено надвор од ЕУ, вели Ристески. 

Според него со Договорот не се брише државно-правниот континуитет на државата. Напомена дека во член три се вели дека страните ја потврдувата нивната постоечка меѓусебна граница, како трајна и неповредлива меѓународна граница, ниту една нема да има територијални претензии кон другата, ќе ги почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет и политичката независност. 

За професорот Јове Кекеновски Договорот од Преспа не ги решава само разликите со името, туку станува збор за надградена спогодба за решавање на различните сфаќања во однос на македонската историја, македонската култура и образование, па дури и за слободите и правата на граѓаните.

– Покрај самопреименувањето или укинувањето на сопственото име предвидува и редефинирање на нашиот внатрешен поредок и досегашните административни практики, од причина што решенијата понудени длабоко задираат во политичкиот и уставниот систем на РМ, преку барањето за промена на Уставот, вели тој.

Нагласи дека ќе има промена на називите на сите државни институции, ќе се менува начинот на ословување при меѓусебната комуникација.

– Тука се постапките за ревизија на учебниците, мапите, историските атласи, наставните упатства, преиспитување на статусот на спомениците и јавната инфраструктура, промена на банкноти, монети, регистарски таблички, лични документи, сведителства, дипломи, додаде Кекеновски и нагласи оти смета дека со Договорот се атакува повеќедецинискиот македонски државен континуитет. 

Зоран Тодоров од Дипломатскиот клуб напомена дека потпишана спогодба е факт и во правна и во политичка смисла, кој треба да биде потвреден од граѓаните директно на референдум и посредно преку нивните претставници во Собранието. 

– Потребно е по 27 години самостојност да се навикнеме на обврската, која секој во меѓународното право треба да ја има и да ја преземе во меѓународните односи, рече тој, нагласувајќи дека Спогодбата има цел да го затвори спорното прашање и консеквентно нуди затворање на безбедносен проблем од регионално значење.  

Поранешниот началник на ГШ на АРМ, генералот во пензија Мирослав Стојановски говореше за Спогодбата од аспект како услов за членство во НАТО, напоменувајќи дека Алијансата почива врз мултулатерализам, неделивост на безбедноста и солидарност и кохезија. Се ова што важи за НАТО ќе важи за РМ, додава тој, кога ќе стане полноправна членка на Алијансата. 

Напомена дека во членот пет од Вашингтонскиот договор нападот на една од членките на НАТО е напад на сите членки и појасни дека тоа е обврската за колективна одбрана, која се очекува во кој било случај на агресија.

Солидарноста, додаде подразбира распределба на заедничките трошоци, а кохезијата се однесува на косензусот, односно носењето одлуки во Алијансата. 

– Република Македонија од осамостојувањето до денес е земја од редот на мали држави, географски се наоѓа на многу значајно место, но без поголемо влијание во меѓународните односи. Од осамостојувањето е увозник на безбедност, а од  2002 година и извозник на безбедност со учество на припадници на АРМ во мисии. Таа е стабилна, но со одредни внатрешни проблеми, кои во комбинација со надворешни фактори можат да ја загрозат стабилноста, нагласи Стојановски и додаде дека членството во НАТО ќе ја зацврсти сувереноста на државата, која ќе седне на иста маса со другите 29 членки. 

Додаде дека со влезот во НАТО, Македонија станува членка на сојуз на слободни демократии, со сите политички воени и дипломатски предности.

Истакна дека тоа нема да се постигне веднаш, „ќе треба време да се научиме тука во РМ на почитување на одредени вредности за да можеме да функционираме заедно со членките на НАТО“. 

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ, 25.09.2018

Асоцијација на здруженија од сферата на безбедноста,

одбраната и меѓународните односи

______________________________________________________________________________

Здружение на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста– Балкански форум за безбедност – Клуб на генерали – Дипломатски клуб Скопје – Здружение на дипломирани студенти на НАТО колеџот во РИМ – Здружение на воени пензионери на Р. Македонија – Здружение на армиски ветерани Кавадарци – ЗУВО на РМ 2001/2002

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ

Почитувани,

Балкански форум за безбедност заедно со Асоцијацијата на здруженија од областа на безбедноста, одбраната и меѓународните односи на 25.09.2018 година со почеток во 11:00 часот, во Домот на АРМ, Скопје (сала 4), организира научно-експертска конференција на тема:

“Република Македонија пред нова историска одлука

Конференцијата има за цел, врз експертска анализа на актуелните аспекти на безбедноста и стабилноста, да ги афирмира општите утврдени безбедносни вредности, а преку дебатата, идеите, опциите и конкретни заклучоци да се укаже на најефикасните начини за воспоставување на безбедна и политички стабилна средина во Република Македонија и регионот.

На Конференцијата ќе бидат разгледани и анализирани новите димензии на воените закани во контекст на глобалните предизвици и современите манифестации на ризиците и заканите по безбедноста. Особен осврт ќе се даде на факторите кои влијаат или можат да предизвикаат закани по безбедноста на Република Македонија, како што се современите асиметрични и хибридни закани по безбедноста, организираниот криминал, корупцијата, различните манифестации на радикален национализам и екстремизам. Нужно внимание ќе биде посветено и на заканите во форма на прилив на бегалци, тероризам и дејства од позиција и идеолошка основа на исламскиот фундаментализам како последица од случувањата на Блискиот исток. Ќе биде анализирана неопходноста од соработка, интеракција и изградба на националниот систем за безбедност и одбрана во коалиционен формат со интегрирање на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

ПРОГРАМА

Панел дебата:

“Република Македонија пред нова историска одлука

Вторник, 25 септември 2018 година

11:00 – 13:30 часот, Дом на АРМ, Скопје (сала 4)

10:30 – 11:00 – Регистрација на учесниците и гостите

11:00 – 11:05 – Официјално отворање на Панел дебатата

– Генерал во пензија Филип Котели, Здружение на ветерани и

резервисти од одбраната и безбедноста

11:05 – 11:15 – Воведно излагање: Македонско-грчката спогодба и

претстојниот референдум

– д-р Благоја Марковски, Балкански форум за безбедност

11:15 – 11:25 – Правно-политички аспекти на Македонско-грчката спогодба

проф. д-р Темелко Ристески, БСФ

11:25 – 11:35 – Факти за Спогодбата и референдумот

проф. д-р Јове Кекеновски, ФТУ Охрид

11:35 – 11:45 – Импликациите на Спогодбата од Преспа врз меѓународната

положба на Република Македонија и безбеднооста

амбасадор Зоран Тодоров, Клуб на дипломати Скопје

11:45 – 11:55 – Спогодбата услов за членство во НАТО – придобивки и

обврски

– генерал во пензија Мирослав Стојановски, Клуб на генерали

11:55 – 12:15 – Кафе пауза

12:15 – 13:15 – Прашања и дискусија

13:15 – 13:30 – Завршни забелешки и заклучоци

Балкански форум за безбедност

ОСВРТ, Заклучоци и препораки, 31.05.2018

ОСВРТ, Заклучоци и препораки

од научно-експертската конференција на тема БЕЗБЕДНОСТА ОД АСПЕКТ НА ВНАТРЕШНИТЕ АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ И ГЛОБАЛНИТЕ АСИМЕТРИЧНИ ЗАКАНИ”, организирана од Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста во соработка и соорганизација на Балкански форум за безбедност, Клубот на генерали и Дипломатскиои клуб

31.05.2018 год., Дом на АРМ Скопје

Кус осврт на реализацијата на научно-експертската конференција

Поаѓајќи од Програмските платформи и согласно со планот на своите активности, а имајќи ги во вид актуелните политичко-безбедносни аспекти на глобалните, регионалните и македонските предизвици за политичко-безбедносните ризици и движења, Балкански форум за безбедност, Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, Клубот на генерали и Дипломатскиот клуб Скопје на 31 мај 2018 во Домот на АРМ Скопје заеднички организираа и реализираа научно-експертска конференција на тема БЕЗБЕДНОСТА ОД АСПЕКТ НА ВНАТРЕШНИТЕ АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ И ГЛОБАЛНИТЕ АСИМЕТРИЧНИ ЗАКАНИ” на која беа презентирани размислувања и ставови на експерти и авторитети од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи, посветени на глобалните, регионалните и македонските перспективи за безбедносните предизвици и движења.

Имајќи во вид дека наведената проблематика за научно-експертската конференција е непосредно поврзана со областа од најширок интерес за граѓаните на Република Македонија и на македонското општество, воопшто, како и тоа дека самата дискусија требаше да ги опфати размислувањата и ставовите на експерти од безбедноста, одбраната и меѓународните односи, на професори и инструктори од образовните институции кои имаат програми за безбедност и на други авторитети од Република Македонија, на научно-експертската конференција, покрај членовите на организаторите, беа поканети, присуствуваа и учествуваа претставници од: високообразовните и други институции и организации од Република Македонија, авторитети и експерти од областа на безбедноста и одбраната, од надворешно-политичката, безбедносната и информативно-аналитичката и истражувачката област, претставници на Дипломатскиот клуб и претставници од невладиниот сектор.

На покана на организаторите, на Конференцијата учествуваше и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој се обрати со свое излагање и ставови на МВР по наведената проблематика.

Цели на научно-експертската конференција

Конференцијата имаше за цел, врз експертска анализа на актуелните аспекти на безбедноста и стабилноста, да ги афирмира општите утврдени безбедносни вредности, а преку дебатата, идеите, опциите и конкретни заклучоци да се укаже на најефикасните начини за воспоставување на безбедна и политички стабилна средина во Република Македонија и регионот.

Со оваа научно-експертската конференција организаторите си поставија за цел и тоа, врз експертска анализа на актуелните аспекти на безбедноста и стабилноста, да се даде поглед за патот на натамошната изградба на системот за безбедност на Македонија во контекст на стабилноста на национално и регионално ниво, како предизвик и приоритет во насочувањето и интензивирањето на активностите на полето на вредностите на безбедноста и во создавањето услови за одржлив развој, зацврстување на довербата и соработката во регионот.

Значаен очекуван резултат беше дека авторитетите, експертите и научниците кои се занимаваат со проблематиката на безбедноста, одбраната и меѓународните односи, поврзани со политики и анализи, ќе придонесат за пошироки и подлабоки сознанија за севкупните ризици и можните нови појавни манифестации на безбедносните состојби, за идеите и организациската подготвеност како да се одговори на предизвиците и на потребните подобрувања во концептот на националната безбедност.

Врз основа на размена на информации и идеи, научно-експертската конференција имаше за цел да генерира предлози за подобрување на оперативните способности и меѓуресорската соработка во системот за безбедност, одбрана и надворешна политика.

Методологија на реализацијата

Поаѓајќи од поставените цели, научно-експертската конференција се одвиваше по методологијата на интерактивност. Од тој аспект на Конференцијата беа разгледани и анализирани новите димензии на воените закани во контекст на глобалните предизвици и современите манифестации на ризиците и заканите по безбедноста. Особен осврт беше даден на факторите кои влијаат или можат да предизвикаат закани по безбедноста на Република Македонија, како што се современите асиметрични и хибридни закани по безбедноста, организираниот криминал, корупцијата, различните манифестации на радикален национализам и екстремизам. Нужно внимание беше посветено и на заканите во форма на прилив на бегалци, тероризам и дејства од позиција и идеолошка основа на исламскиот фундаментализам како последица од случувањата на Блискиот исток. Беше анализирана и неопходноста од соработка, интеракција и изградба на националниот систем за безбедност и одбрана во коалиционен формат со интегрирање на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

По отварањето и воведното излагање, на Конференцијата низ тематски излагања беа презентирани анализи, размислувања и ставови на: д-р Благоја Марковски, претседател на Балкански форум за безбедност, полковник, д-р Златко Кузмановски, претставник на ГШ на АРМ, амбасадор Виктор Габер, претставник на Дипломатскиот клуб, проф. д-р Темелко Ристески, Декан на правниот факултет, ФОН универзитет Скопје, проф. д-р Алекса Стаменковски, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање, проф. д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност во Скопје, генералот во пензија Зоран Димов, претставник на Клубот на генерали.

Од страна на организаторите на научно-експертската конференција во проектот за истата беа понудени и на конференцијата елаборирарни следните тези за дебата и расправа:

– Новите димензии на војната во контекст на глобалните предизвици,

– Современите манифестации на ризиците и заканите по безбедноста во контекст на актуелните состојби во Република Македонија,

Организираниот криминал, корупцијата, различните манифестации на радикален национализам и екстремизам како фактори на внатрешни закани по безбедноста,

Општ пристап за одговор на современите асиметрични и хибридни закани по безбедноста,

Асиметричните закани во форма на прилив на бегалци, тероризам и дејства од позиција и идеолошка основа на исламскиот фундаментализам како последица од случувањата на Блискиот исток,

Неопходност од соработка, интеракција и изградба на националниот систем за безбедност и одбрана во коалиционен формат.

На учесниците на Конференцијата им се обрати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој напомена дека развојот на безбедносниот сегмент, како во однос на неговата системска поставеност, така и во поглед на безбедносните предизвици, е правопропорционален со интензитетот и динамиката на општествениот и цивилизацискиот развој.

– Настаните и собитијата денес на почетокот на 21. век во оваа ера на т.н. глобалазам, не само што ја потврдуваат „динамичната меѓузависност“ на предизвиците и одговорите кон нив, туку бараат континуирано следење и изнаоѓање нови концепти во сферата на внатрешната, регионалната и колективната безбедност. Дотолку повеќе што е очигледно дека светот денес повторно се наоѓа пред нова глобална и крајно сериозна геополитичка крстосница, со сите евидентни економски, социјални, културни, цивилизациски и, конечно, безбедносни импликации, рече министерот Спасовски потенцирајќи дека секое општество е обврзано да ги искористи сите свои капацитети и потенцијали во постојано опсервирање, развој и наградување на системите и концептите на безбедност.

Воведните излагања и понудените тези за расправа, како и актуелноста на разгледуваната проблематика предизвикаа неподелена заинтересираност на конференцијата кај 64-те присутни експерти и авторитети од сферата на безбедноста, одбраната, образованието и меѓународните односи.

Заклучоци и препораки

Врз основа на воведните излагања, бројните дискусии, согледувања и ставови, изнесени во текот на научно-експертската конференција на тема БЕЗБЕДНОСТА ОД АСПЕКТ НА ВНАТРЕШНИТЕ АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ И ГЛОБАЛНИТЕ АСИМЕТРИЧНИ ЗАКАНИ”, произлегоа следнитезаклучоци и препораки:

– Општа е констатацијата дека опасноста од класична воена закана на подолг рок за Република Македонија и непосредното опкружување не е очекувана, но затоа невоените закани не само што ја модифицираа својата форма, туку истите се адаптираа на современото живеење, станаа разновидни и се зголемија по интензитет, простор и време.

– Своевидна експанзија на безбедносни предизвици за земјата на внатрешен план се дисбалансот во развојот на демократските процеси, политичката разединетост и биполаризацијата по однос на стратешките цели на македонското општество, девијациите предизвикани од организираниот криминал и националниот радикализам.

– Oд надворешен аспект на влијанија, се појавија нови нетрадиционални ризици и асиметрични закани и истите од потенцијални се трансформираа во реални. Особено значење добија такви ризици за безбедноста како: глобалниот (меѓународниот) тероризам и организираниот криминал, етничките и религиозни контроверзи, илегалното ширење на оружје и технологии за нивно производство, бегалски и емиграциони проблеми, закани за информациските системи, трговијата со дрога и луѓе, еколошки закани, природни катастрофи, големи индустриски несреќи и катастрофи, прекуграничен пренос на епидемиски инфекции и токсични загадувачи.

– Корупцијата е еден од најсериозните проблеми кој, покрај влијанието врз безбедноста на земјата, остварува негативни импликации врз  владеењето на правото и во работата на институциите.

– Политички или граѓански немири, како масовни активности на граѓанска непослушност во форма на демонстрации, немири или штрајкови, придонесуваат учесниците во истите да стануваат непријатели на власта и властите се изложени на тешкотии во одржувањето на јавниот ред и мир.

– Македонија конечно ја надмина својата најтешка политичка криза од 2001 година. Тешкиот процес на формирање на влада достигна критична точка за време на настаните од 27 април 2017 година во Парламентот кои беа најсилно осудени од страна на меѓународната заедница.

– На внатрешен план реални и потенцијални опасности се и: нестабилната состојба поради недоволното ниво на демократизација на општеството и латентната политичка конфронтираност меѓу власта и опозицијата; тешката економска состојба која може да се обремени со социјални потреси и штрајкови; меѓуетничките проблеми; сеуште нерасчистените последици од евидентните форми на организираниот криминал и корупцијата; нефункционирањето на правната држава и немањето демократски капацитет; немањето консенсузус за приоритетните национални интереси; “приватизацијата“ на безбедноста во смисла на присвојување на правото таа да се изградува само од одредена елита или партија; начинот и опфатноста на решавање на проблемот што го поставува Р. Грција со уставното име на Р. Македонија. Внатрешната поделеност во општеството продуцира внатрешни кризи.

– Внатрешната стабилност на земјата и членство во колективните безбедносни системи, како што е НАТО се неодминливи сегменти кои мора да бидат во центарот на вниманието на најодговорните фактори во државата. Наспроти некои ставови дека „со резолутната определба за интеграција во НАТО, Република Македонија, сепак, јавно доби нова закана, која подеднакво е релевантна за сите полноправни членки на Алијансата, а која доаѓа преку изјави на руски званичници и дека воедно и активностите на експонентите на руската надворешна политика во РМ и во соседството, нужно, ќе претставуваат и закана за земјата“, искуството ни вели да не брзаме со ваквите заклучоци во кои се издвојува само еден предизвик/закана за безбедноста на РМ, иако во основа ни тие не се неприфаливи.

– Референдумот во врска со евентуелниот договор со Грција за промена на нашето уставно име, како и во врска со членството во ЕУ и НАТО, има суштинско значење и тој е задолжителна форма која мора да биде реализирана пред било кое конечно решение на власта.

– Република Македонија, од надворешен аспект, потенцијапно, но и практично е објект на два вида на закани: а) безбедносни закани од непосредното соседство и б) безбедносни закани од глобален контекст.

а) Од надворешен аспект, како фактори на нестабилност во прв план се односите со соседите кои се карактеризираат со следното:

– со Грција – спорот за името,

– со Албанија – нејзиното патернистичко однесување и често мешање во внатрешните работи на Македонија,

– со Косово – порозноста на границата,

– со Србија – црковниот спор,

– со Бугарија – се градат односи, но старите проблеми остануваат – непризнавањето на македонската нација и народ.

б) Закани од глобален контекст:

– Феноменот на миграциите, во кои се инволвирани милиони лица, претставува сериозен безбедносен предизвик за владините политики. Се чини дека периодот во кој живееме, донесе многу новини во формата и интензитетот на заканите за безбедноста на државите предизаикани од миграционите движења. Војните во Ирак, Авганистан и особено внатрешниот судир во Сирија, предизвикаа лавина од миграциони движења, кои се насочени од исток или од југ преку Македонија кон западните земји во Европа. Неопходно е координирано делување на сите надлежни органи, на целиот државен систем за третман на мигрантите и од безбедносен аспект, незапоставувајќи го хуманиот аспект на помош на цивилното население кое спасува глава од воените жаришта.

– Радикализмот е позначаен феномен во низата безбедносни закани од глобален карактер. Тој се дефинира како активно делување, повод за преземање дури и на насилни средства од позиции на политички, верски и етнички интереси.

– Организиран криминал, како категорија на транснационални, национални или локални групи на организации водени од криминалци остваруваат илегални активности за стекнување на пари или профит.

– Меѓународниот тероризам е на чело на листата на закани од глобален тип.

Република Македонија се соочува со фундаментални промени во инклузивна и отворена политичка атмосфера. Парламентот треба да ги зголеми своите надзорни и законодавни функции, вклучувајќи го и ограничувањето на широката употреба на скратените постапки.

За да биде ефикасен таков систем, а на нашиот степен на развој, сметаме дека е потребна :

-натамошна демократизација на државата и владеење на правото;

-подигање на економскиот стандард на населението;

-преструктуирање на безбедносниот систем и департизација на полицијата и тајните служби, со цел создавање на сигурност кај граѓаните, преку одлучна борба против сите облици на криминал;

-натамошна реформа на јавното обвинителство и судскиот систем кои конечно би ја презеле улогата на најважни, независни од извршната власт, чинители во спроведување на закониге.

Без исполнувањето на овие услови внатрешната безбедносна состојба во државата и натаму ќе се соочува со тешки форми на криминал во највисоките слоеви на власта; и натаму ќе јакне национализмот како предуслов за мегуетнички и интра-етнички судири и верски нетрпеливости, што на крајот создава поволна клима за наплив на разни безбедносно разузнавачки активности на поедини држави од регионот, но и за сериозни закани по мирот и стабилноста на земјата.

Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, Балкански форум за безбедност, Здружението Клуб на генерали и Здружението Дипломатски клуб Скопје ја искажуваат својата подготвеност и натаму да се ангажираат во активностите и да ги стават на располагање своите интелектуални капацитети и посветеност на проучување и анализа на проблематиката во областа на безбедноста, одбраната и меѓународните односи и да дадат свој придонес во изградбата на безбеноста и мирот, како на ниво на Република Македонија така и на ниво на регионот на Западен Балкан и пошироко.

Балкански форум за безбедност

Здружение на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста

Здружение Клуб на генерали

Здружение Дипломатски клуб Скопје