СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ, 25.09.2018

Асоцијација на здруженија од сферата на безбедноста,

одбраната и меѓународните односи

______________________________________________________________________________

Здружение на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста– Балкански форум за безбедност – Клуб на генерали – Дипломатски клуб Скопје – Здружение на дипломирани студенти на НАТО колеџот во РИМ – Здружение на воени пензионери на Р. Македонија – Здружение на армиски ветерани Кавадарци – ЗУВО на РМ 2001/2002

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ

Почитувани,

Балкански форум за безбедност заедно со Асоцијацијата на здруженија од областа на безбедноста, одбраната и меѓународните односи на 25.09.2018 година со почеток во 11:00 часот, во Домот на АРМ, Скопје (сала 4), организира научно-експертска конференција на тема:

“Република Македонија пред нова историска одлука

Конференцијата има за цел, врз експертска анализа на актуелните аспекти на безбедноста и стабилноста, да ги афирмира општите утврдени безбедносни вредности, а преку дебатата, идеите, опциите и конкретни заклучоци да се укаже на најефикасните начини за воспоставување на безбедна и политички стабилна средина во Република Македонија и регионот.

На Конференцијата ќе бидат разгледани и анализирани новите димензии на воените закани во контекст на глобалните предизвици и современите манифестации на ризиците и заканите по безбедноста. Особен осврт ќе се даде на факторите кои влијаат или можат да предизвикаат закани по безбедноста на Република Македонија, како што се современите асиметрични и хибридни закани по безбедноста, организираниот криминал, корупцијата, различните манифестации на радикален национализам и екстремизам. Нужно внимание ќе биде посветено и на заканите во форма на прилив на бегалци, тероризам и дејства од позиција и идеолошка основа на исламскиот фундаментализам како последица од случувањата на Блискиот исток. Ќе биде анализирана неопходноста од соработка, интеракција и изградба на националниот систем за безбедност и одбрана во коалиционен формат со интегрирање на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

ПРОГРАМА

Панел дебата:

“Република Македонија пред нова историска одлука

Вторник, 25 септември 2018 година

11:00 – 13:30 часот, Дом на АРМ, Скопје (сала 4)

10:30 – 11:00 – Регистрација на учесниците и гостите

11:00 – 11:05 – Официјално отворање на Панел дебатата

– Генерал во пензија Филип Котели, Здружение на ветерани и

резервисти од одбраната и безбедноста

11:05 – 11:15 – Воведно излагање: Македонско-грчката спогодба и

претстојниот референдум

– д-р Благоја Марковски, Балкански форум за безбедност

11:15 – 11:25 – Правно-политички аспекти на Македонско-грчката спогодба

проф. д-р Темелко Ристески, БСФ

11:25 – 11:35 – Факти за Спогодбата и референдумот

проф. д-р Јове Кекеновски, ФТУ Охрид

11:35 – 11:45 – Импликациите на Спогодбата од Преспа врз меѓународната

положба на Република Македонија и безбеднооста

амбасадор Зоран Тодоров, Клуб на дипломати Скопје

11:45 – 11:55 – Спогодбата услов за членство во НАТО – придобивки и

обврски

– генерал во пензија Мирослав Стојановски, Клуб на генерали

11:55 – 12:15 – Кафе пауза

12:15 – 13:15 – Прашања и дискусија

13:15 – 13:30 – Завршни забелешки и заклучоци

Балкански форум за безбедност

ПАРТНЕРИ - СОРАБОТНИЦИ
PARTNERS - ASSOCIATES

ДОНАТОРИ
DONORS

Линкови
Links