ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА
Член 23
Органи на управување на Здружението се:
– Собрание
– Извршен одбор
– Надзорен одбор
По одлука на Собранието на Здружението можат да бидат формирани и други органи со времен или постојан статус.
а) Собрание
Член 24
Собранието е највисок орган на Здружението и ги вклучува сите негови членови.
Собранието работи на седници на кои претседава претседателот на Собранието.
Седниците на Собранието ги свикува Претседателот на Собранието најмалку еднаш годишно, по лично наоѓање или иницијатива од Извршниот одбор, Надзорниот одбор или најмалку 1/3 од вкупниот број членови на Здружението.
Ако Претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница на Собранието, седницата ја свикува Извршниот одбор или иницијаторите и со седницата на Собранието претседава претседателство кое го бира Собранието за таа седница.
За полноважна работа на Собранието потребно е присуство на просто мнозинство од членовите.
Одлуките се донесуваат со јавно гласање по принципот „еден член – еден глас“ со мнозинство гласови од присутните членови на Здружението. Одлуките во врска со изменувањето и дополнувањето на Статутот, донесувањето на внатрешните регулативни акти и одлуката за преименување или престанок на Здружението, се донесуваат со 2/3 од гласовите на присутните членови на Здружението.
Кога учеството на Собранието се остварува преку претставник, Собранието ја проверува веродостојноста на претставничките полномоштија.
При отсуство на кворум Собранието се одлага за еден час подоцна на истото место и при ист дневен ред и по тоа може да се проведе, независно од бројот на присутните членови.
Член 25
Собранието ги има следните права и обврски:
– го донесува Статутот на Здружението и неговите измени и дополнувања;
– ја донесува Програмата на Здружението и ги посочува основните мерки за нејзино реализирање;
– донесува други внатрешни акти на Здружението;
– го бира претседателот на Собранието;
– ги именува и разрешува членовите на Извршниот одбор и Надзорниот одбор;
– одлучува за статусни промени на Здружението и за негово бришење од Регистарот на здруженијата на граѓани во Република Македонија;
– одлучува за основање и укинување на ограноци и други форми на организирање на здружението;
– одлучува за здружување со други здруженија;
– ги усвојува годишните извештаи на органите, на помошните, работните и другите органи и тела на Здружението и донесува одлуки по изложените проблеми во извештаите;
– ги менува одлуките на другите органи на Здружението кои противречат на Статутот или другите внатрешни акти кои ја регулираат дејноста на Здружението;
– ја разгледува и усвојува годишната пресметка на приходи и расходи;
– ја усвојува завршната сметка, годишниот извештај и финансискиот план;
– доставува финансиски извештај до надлежниот орган на државната управа, односно до органот на соодветната единица на локалната самоуправа и градот Скопје во случаите кога користи средства од Буџетот на Република Македонија, односно од буџетите на единиците на локалната самоуправа;
– одлучува за престанок на Здружението со двотретинско мнозинство гласови од сите членови на здружението;
– одлучува во втор степен по барања и по приговори од членовите, како преиспитување на претходно донесена одлука од страна на органите на Здружението;
– одлучува за други прашања кои, по одлука на Извршниот одбор ќе бидат поставени пред него.
Одлуките на Собранието се задолжителни за другите органи на Здружението.
Извршен одбор
Член 30
Извршниот одбор е оперативен, постојано задејствуван орган на Здружението составен од членови кои се избираат на Собранието.
Извршниот одбор се состои најмалку од 3 лица – членови на Здружението.
Членовите на Извршниот одбор се бираат на рок од 5 години. Тие можат да бидат реизбрани без оглед на бројот на мандатите.
Во Извршниот одбор може да биде избран и именуван секој член на Здружението.
Член 31
Членовите на Извршниот одбор можат да бидат отповикани или предвремено ослободени од функциите за кои се именувани по одлука на Собранието и тоа:
– по свое барање;
– доколку бидат констатирани недоследности во извршувањето на поставените обврски и задачи;
– поради не придржување кон одлуките на Собранието и овој Статут.
Член 32
Извршниот одбор работи на седници. Седницата се свикува од претседателот на Извршниот одбор или по барање на 1/3 од членовите на одборот.
Одлуката е донесена ако за неа се изјасниле повеќе од половина од членовите на Извршниот одбор.
На седницата присутно е и лицето со кое има двестрана телефонска (конференциска) или друга врска која гарантира востановување на неговиот идентитет и која му овозможува учество во разгледувањето и донесувањето на одлуки. Гласањето на тој член се заведува во протоколот од претседавачот на седницата.
Извршниот одбор може да донесе одлука и без да биде свикана седница, ако протоколот за донесување на одлуката биде потпишан без забелешки и воздржувања по истиот од сите членови на Извршниот одбор.
Член на Извршниот одбор се иззема од гласање за прашања поврзани со него, со неговиот брачен другар или роднина до втор степен, или прашања кои се однесуваат на некое правно лице врз кое тој има контрола или некој интерес.
Член 33
Извршниот одбор ги остварува следните функции:
– го бира и разрешува претседателот на Извршниот одбор;
– го бира и разрешува генералниот секретар на Извршниот одбор;
– раководи со дејноста на помошните и работните органи и се грижи за целосно тековно работење на Здружението;
– подготвува предлози за работата на Собранието, ги извршува одлуките и заклучоците на Собранието и ја спроведува политиката на Здружението;
– дава упатства и насоки за работа на претседателот на Извршниот одбор;
– го контролира почитувањето на одредбите на Статутот и на другите внатрешни деловни акти на Здружението, го организира и контролира исполнувањето на одлуките на Собранието и дава официјални толкувања за истите;
– врз основа на одлука на Собранието формира органи и комисии со специфични функции, при што во актите за формирање им ги дефинира целите и рокот на функционирање;
– изработува планови за исполнување на годишната и долгорочната програма;
– изработува годишен извештај за својата дејност и го става на разгледување од страна на Собранието;
– ги определува бројот и должностите на платениот административен персонал;
– го подготвува проект-буџетот на Здружението;
– ги распоредува средствата на Здружението при што ги почитува одредбите од Статутот;
– го определува распоредот и ја организира реализацијата на дејноста на Здружението и има одговорност за тоа;
– ги дефинира и контролира расходите на паричните средства на Здружението;
– донесува одлуки по сите прашања кои по закон или согласно со Статутот не подпаѓаат под полномоштијата на друг орган;
– донесува одлуки за учество во други организации и асоцијации;
– ја определува висината на членарината или материјалните внесоци на членовите;
– ги извршува обврските предвидени со Статутот;
– ги разгледува добиените извештаи од контролните структури за утврдените нарушувања на дејноста и зазема став и донесува мерки за отстранување на истите;
– одлучува по конкретни барања за прием и врши прием во членство на Здружението, врз основа на заземени ставови и согледувања за секое барање поединечно, а во интерес на остварување на програмските цели на Здружението;
– донесува образложени одлуки за ослободување на членови на Здружението по нивно барање или заради настапување на престанок според чл.22, алинеја 1 и 5 од Статутот;
– подготвува образложени предлози за исклучување и врши исклучување на членови во случаите кои не се однесуваат на чл. 22 од овој Статут;
– одлучува во прв степен по барања и по приговори од членовите на Здружението;
– ги подготвува и спроведува изборите три месеци пред истекот на мандатот или во рок од три месеци по разрешувањето на претседателот или на целиот Извршен одбор;
– врши други работи кои со овој Статут не се ставени во надлежност на Собранието или на претседателот на Извршниот одбор.
За својата работа Извршниот одбор е одговорен пред Собранието.
д) Надзорен одбор
Член 38
Надзорниот одбор е оперативен орган на Здружението.
Надзорниот одбор се состои најмалку од 3 лица – членови на Здружението со мандат од 5 години, со право на реизбор. Од својот состав Надзорниот одбор бира претседател.
Собранието ги избира и разрешува членовите на Надзорниот одбор. Во Надзорниот одбор може да биде избран и именуван секој член на Здружението.
За својата работа Надзорниот одбор одговара пред Собранието.
Надзорниот одбор работи самостојно и по налог на Собранието, при што:
– врши надзор над исправноста на изборите во Здружението;
– врши увид во материјално финансиското работење и ревизија на тековното работење;
– врши надзор над исполнувањето на правата и обврските на членовите во однос на Статутот и актите на Здружението.
Член на Надзорниот одбор може да биде разрешен и пред рокот за кој е именуван, под услов и на начин предвиден во одредбите на чл. 26 од овој Статут, а кои се однесуваат на Извршниот одбор.
ѓ) Општествен совет
Член 39
Здружението може да формира Општествен совет од еминентни експерти и потврдени авторитети од земјата и од странство за одредени области поврзани со програмските определби, целите и задачите на Здружението.
Во Општествениот совет можат да партиципираат и учествуваат и лица кои не се членови на Здружението, со обврска да ги почитуваат принципите, начелата и целите на Здружението.
Општествениот совет се конституира и состанува по потреба или по покана и предлог од Извршниот одбор.
Општествениот совет дава предлози и мислења во врска со конкретни прашања и проблеми од предложената тематска област.
Член на Општествениот совет може да биде ангажиран да партиципира во советувања, проекти и рецензии.
Членувањето во Општествениот совет е доброволно и волонтерско.
е) Работни и други тела
Член 40
Здружението може да донесе одлука за формирање работни и други тела од типот на ограноци, стручни служби, секции и други работни органи (служби за: односи со јавноста, сметководство и маркетинг, биро на спонзори; секции за: истражување на безбедноста, граѓанско општество и безбедност, одбрана и безбедност, дипломатија и безбедност, образование и безбедност, економија и безбедност, здравје, животна средина и безбедност, медиуми и безбедност и др.) со цел на дисперзија и поголемо ефектуирање на одредени форми и содржини на активноста на Здружението.
Во овие тела можат да партиципираат и учествуваат и лица кои не се членови на Здружението, со обврска да ги почитуваат принципите, начелата и целите на Здружението.
Работните и други тела се конституираат и работат согласно програмските и планските активности на Здружението и за својата дејност се одговорни пред Извршниот одбор и претседателот на Извршниот одбор.
1.ОСНОВИ ЗА ФОРМИРАЊЕ И ДЕЛУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Суштинска карактеристика на современиот историски момент е таа што паралелно со незаменливиот процес на демократизација и во Република Македонија и во нејзиното опкружување, па и пошироко на регионално и глобално ниво, се забележуваат тенденции на соработка и јакнење на меѓусебната доверба и пријателство но и на зголемен степен на ризици и закани по стабилностa и безбедноста. Тие појави и настани предизвикаа коренити промени во карактерот, содржината и специфичностите на националната безбедност и одбрана.
Затоа, во суштината на делувањето на Здужението „Балкански форум за безбедност“ ќе бидe поддршката на традиционалните вредности на безбедноста.
Здружението „Балкански форум за безбедност“ ќе отвори простор за луѓето со нагласени индивидуални способности и лични одговорности, истовремено способни за тимска – колективна работа во областа на изградбата на вреденостите на безбедноста да дадат свој придонес, изразен преку несебичното и сестрано интелектуално и практично опредметено делување. Во тој контекст во рамките на Здружението нема бариери и ограничувања за членство на граѓаните ниту по старосна, ниту по полова, ниту по социјална, ниту по религиозна или национална основа. Индивидуалноста на персоналот ќе значи право на свое мислење, па и издвоено мислење, со инсистирање да биде прифатено по претходна аргументација. Работата во Здружението ќе овозможи отворени дебати, идеи и опции и, врз основа на тоа, опредметување на истите низ конкретни плански активности и резултати на планот на безбедноста во Република Македонија но и пошироко – во регионот.
Низ својата практична дејност Здружението ќе даде активен и конструктивен придонес во надминувањето на слабостите и разрешавањето на состојбите кои ќе го скратат патот на нашето приближување и зачленување во евроатлантските интеграции.
Во остварувањето на програмските цели Здружението „Балкански форум за безбедност“во центарот на своето делување ќе ја стави безбедноста на човекот со сите негови права и обврски. Виталните интереси и просперитетот на граѓаните безусловно се директно зависни од нивната безбедност и сигурност. Од тука, во соработката со другите невладини здруженија и институции, појдовната позиција ќе биде поддршката од аспект на натамошна изградба на безбедноста, сигурноста и заштитата на граѓаните и граѓанското општество.
Во соработката со невладини здруженија од земјата и странство од ист или сличен профил, тежиштето ќе биде насочено кон заедничка корисност и реципрочност, како темелен принцип во граѓанската иницијатива. При тоа, демократизацијата и европската перспектива се основа во изградбата на соработката, меѓусебната доверба и зацврстувањето на мирот на сите земји и народи од регионот и пошироко. Работата и помошта на странски експерти од областа на безбедноста и сигурноста, нивното огромно искуство во развиениот демократски свет, посебно нивните способности за менаџирање на безбедноста се добредојдени и се од непроценлива вредност и придонес во дејноста и планските активности на Здружението.
Здружението „Балкански форум за безбедност“ ќе се залага за силен пробив и афирмација на општо потврдените вредности на безбедноста со отворена и принципиелна соработка со медиумите и сите други институции и инструменти кои ја изградуваат и подигнуваат јавната свест на граѓаните за потребата од безбедна средина на просторот на Република Македонија и во регионот.
2.ОСНОВНИ ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ОРГАНИЗИРАЊЕТО
Нашата определба е програмата да коренспондира со правата и обврските кои произлегуваат од Законот за здруженија на граѓани и фондации но и со очекувањата на најширокиот слој граѓанство. Сознанијата на експертскиот тим на Здружението се дека мобилизацијата на граѓанството во сферата на безбедноста е очекувана и реална само ако програмските цели на делување обезбедуваат и гарантираат поддршка и развој на вредностите на граѓанското општество.
Заради тоа, целите на својата дејност Здружението ќе ги постигнува низ планирање и реализација на следните основни задачи:
– истражување на предизвиците, ризиците и заканите по безбедноста на национално, регионално и глобално ниво и изготвување на анализи и проценки за нивните развојни тенденции;
– развивање на проекти на научни и други манифестации во вид на семинари и работилници, експертско-консултативни дискусии, трибини, стручни средби и тркалезни маси во функција на јавна расправа или иницирање законски и подзаконски промени од областа на безбедноста;
– афирмирање и активно поддржување на утврдените современи евро-атлантски стандарди во сферата на живеењето, здравјето и безбедноста на граѓаните;
– развој на граѓанското општество од аспект на запознавање со актуелните новини во областа на науката и технологијата од практична примена во сферата на безбедноста;
– промовирање на нови сознанија во опредметувањето на вредностите на безбедноста и сигурноста.
– организирање и реализација на проекти за создавање на јасни и сеопфатни кодекси за однесување и безбедносна култура, со цел намалување на ризиците и заканите по безбедноста;
– афирмирање на практикувањето на вредностите на безбедноста и на меѓународниот кредибилитет како придонес во развојот и зацврстувањето на мирот и стабилноста на локално, регионално и глобално ниво;
– развивање на научно-истражувачка дејност и создавање на истражувачки групи по конкретни прашања;
– воспоставување на конструктивна соработка со странски научни и научно-применети организации и размена на експертски ставови и идеи во насока на унапредување на мирот на локално, регионално и глобално ниво;
– организирање на издавачка дејност, изработка на студии и претставување на свој информативен и консултативен продукт преку средствата за јавно информирање и низ електронска форма преку Интернет;
– обединување на сопствените усилби со истите на сродни организации во земјата и во странство.
– реализација на други видови активности во согласност со уставните, законските и моралните норми, што ќе придонесат за постигнување на целите на Здружението.
3.ТЕМЕЛНИ ПРИНЦИПИ НА ДЕЛУВАЊЕ
Во рамките на својата дејност Здружението ќе промовира и поддржува принципи на дејствување и пристап на решавање на прашањата на безбедноста од важност за државата и општеството кои не можат да бидат надвор од законската регулатива и кои ќе имаат практична примена во развојот на системот за безбедност на Република Македонија. Организациската структура и програмските определби на Здружението ќе ги користат искуствата на современата европска теорија и практика, како и новите сознанија на домашната експертска средина.
Организациската поставеност на Здужението отвара простор советите, комисиите, секциите и другите форми на делување да се промовираат повеќе како истражувачки центар или работилници. Во таа смисла свој придонес во работата на Здружението по определени прашања можат да дадат и соработници и експерти кои не се членови на Здружението. При тоа, пристапот за решавање на прашањата ќе содржи исклучително стручна компонента, како вистински начин за осознавање и надминување на проблемите.
Во основа, дејноста на Здружението е заснована врз: законитост на актите; јавност и непосредност; зборност при одлучувањето и сменливост; рационалност при извршувањето на административните работи.
Здружението не може да врши активности за остварување цели на политичките партии.
Работата на здружението е јавна. Јавноста при работата ќе се остварува преку: публикување на повремени печатени материјали и информирање за работата на Здружението по пат на известувања преку средствата за јавно информирање.
Здружението дејствува на територијата на Република Македонија. Здружението дејствува и на меѓународно ниво во согласност со својата генерална политика и стратегија.