СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ, 24.10.2019

Асоцијација на здруженија од сферата на безбедноста,

одбраната и меѓународните односи

_____________________________________________________________________________

Здружение на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста– Балкански форум за безбедност – Клуб на генерали – Дипломатски клуб Скопје – Здружение на дипломирани студенти на НАТО колеџот во РИМ – Здружение на воени пензионери на Р. Македонија – Здружение на армиски ветерани Кавадарци – ЗУВО на РМ 2001/2002

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ

Почитувани,

Балкански форум за безбедност заедно со Асоцијацијата на здруженија од областа на безбедноста, одбраната и меѓународните односи на 24 октомври 2019 година, во Домот на АРМ Скопје организира и реализира Панел дискусија на тема

“Периодот пред нас – време на безбедносни предизвици и неопходни чекори.

Панел дебатата има основна цел, врз презентација на размислувања и ставови, посветени на актуелните политичко-бебедносни состојби, да ги расветли фактите и причинско-последичната поврзаност на истите со иднината на Република Северна Македонија, а во контекст на нашите развојни можности и глобалните, регионалните и внатрешните перспективи за безбедносните предизвици и движења.

Панел дебатата има за цел и врз експертска анализа на актуелните аспекти на безбедноста и стабилноста, да ги афирмира општите утврдени безбедносни вредности, а преку дебатата, идеите, опциите и конкретни заклучоци да се укаже на најефикасните начини за воспоставување на безбедна и политички стабилна средина во РС Македонија и регионот.

На Панел дебатата особен осврт ќе се посвети на актуелните политичко-безбедносни состојби и новата геостратегиска и геополитичка реалност поврзана со кандидатурата за пристапните преговори со ЕУ и членството во НАТО на Република Северна Македонија. Ќе биде анализирана и неопходноста од соработка, интеракција и изградба на националниот систем за безбедност и одбрана, како и очекувањата и последиците од интегрирањето на РС Македонија во Европската унија и НАТО, во таа смисла и можностите за создавање и изградба на стратегиски партнерства во контекст на безбедноста на регионално и глобално ниво.

ПРОГРАМА

“Периодот пред нас – време на безбедносни предизвици и неопходни чекори

Четврток, 24 октомври 2019 година

11:00 – 13:45 часот, Дом на АРМ, Скопје (сала 3)

10:30-11:00 – Регистрација на учесниците и гостите

11:00-11: 05 – Официјално отворање на Конференцијата

Генерал во пензија Филип Котели, Претседател на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста

11:05-11:20 – Вовед: Актуелни политичко-безбедносни предизвици

д-р Благоја Марковски, Претседател наБалкански форум за безбедност

11:20-11:35 – Актуелните политичко-безбедносни состојби во земјата, соседството и регионот, посебно статусот на Косово,

проф. д-р Трајан Гоцевски, прв министер за одбрана, член на Националниот совет за безбедност

11:35-11:50 – Почетокот на пристапните преговори со ЕУ и членството во НАТО – нова геостратегиска и геополитичка реалност,

Дипломат Перун Јорганкиевски, Клуб на дипломати

11:50-12:05 – Членството на Северна Македонија во Алијансата и безбедноста и стабилноста во регионот,

проф. д-р Методи Хаџијанев, генерал на АРСМ, Клуб на генерали

12:05-12:15 – Правно-политичките аспекти на македонското членство во НАТО и обврската за изградба на компатибилен и интероперабилен систем на безбедност и одбрана,

проф. др Темелко Ристески, БСФ

12:15-12:30 – Градењето пријателски односи со соседите – можности за создавање и изградба на стратегиски партнерства во контекст на безбедноста на регионално и глобално ниво,

д-р Весна Поповска, Меѓународен Универзитет Визион

12:30-13:30– Прашања и дискусија

13:30-13:45 – Завршни забелешки и заклучоци

Балкански форум за безбедност

ПАРТНЕРИ - СОРАБОТНИЦИ
PARTNERS - ASSOCIATES

ДОНАТОРИ
DONORS

Линкови
Links