Дискусија на тркалезна маса, 24.11.2006

Во соработка со Министерството за одбрана на Република Македонија, на 24.11.2006 година Балкански форум за безбедност организираше експертска дебата на тема “РИГА – МАКЕДОНСКИОТ ПАТ КОН НАТО, ОЧЕКУВАЊА И ОБВРСКИ“, што беше реализирана во Скопје, хотел “Холидеј ин“ со воведни излагања на г-дин Лазар Еленовски, Министер за одбрана на Република Македонија и д-р Соломон Паси, претседател на Комисијата за надворешна политика при Народното собрание на Р. Бугарија.

На оваа дебата беа презентирани и две публикации кои ги издаде Балкански форум за безбедност: “Македонија кон НАТО” и “Атлантски пасијанси”.

Тема за дискусија на тркалезна маса

„РИГА – МАКЕДОНСКИОТ ПАТ КОН НАТО, ОЧЕКУВАЊА И ОБВРСКИ“

Здружението Балкански форум за безбедност од Скопје, согласно својата програма за работа, под покровителство на Министерството за одбрана на Република Македонија, организира експертска дебата на тема:

„РИГА – МАКЕДОНСКИОТ ПАТ КОН НАТО, ОЧЕКУВАЊА И ОБВРСКИ“

Дебатата се одржа на 24.11.2006 година (петок), 11.00 часот, Дом на АРМ во Скопје.

Цели на дебатата

Да се разменат гледишта на темата, врз основа на експертска анализа на актуелните аспекти на подготовките на Македонија за членство во НАТО и идните чекори кон постигнување на таа цел. Развој на процеси и усвојување на стандардите и принципите, како предизвик и приоритет за засилени активности во рамките на евроатлантските интеграции.

Тези за дискусија

– Трансформацијата на НАТО, европската безбедност и македонската позиција во безбедносен контекст на регионално и глобално ниво,

– Рига – македонски шанси и обврски,

– Македонскиот систем за национална безбедност и одбрана: структура, цели, задачи и перспективи,

– Македонската дипломатија во контекст на афирмација на активностите за членство во евроатлантските интеграции,

– Трансформација на безбедносниот систем и предизвиците пред органите за внатрешен ред и безбедност,

– Реформите во македонската армија – фактичката состојба и перспективите,

– Превенција, основен метод во активностите за управување со кризи и за секторите за заштита и спасување,

– Невладиниот сектор – дел од безбедносниот систем: можности за придонес и неговите перспективи.

Учесници:

Покрај учеството на членовите на „Балкански форум за безбедност“,на дебатата беа поканети и свој придонес дадоа претставници на:

– Владата на Република Македонија

– Кабинетот на Претседателот на Република Македонија,

– Министерство за одбрана, внатрешни и надворешни работи,

– Комисија за безбедност и одбрана од Собранието

– образовни и други институции и организации од Република Македонија,

– Меѓународни организации: ЕУ, ОБСЕ, НАТО, УНДП, ИОМ,

– Амбасади во Република Македонија

– Меѓународни и домашни невладини организации и здруженија

– Експерти за безбедност и одбрана

Забелешка:

Материјалите од дискусиите на дебатата ќе бидат објавени во посебна литературна форма и во електронска форма во издание на Балканскиот форум за безбедност.

Овластувањето и уредувањето на авторските текстови ќе бидат побарани при објавувањето на материјалите.

Авторите на објавените текстови имаат право на бесплатен примерок од објавените материјали.

Објавувањето на материјалите е на товар на организаторот.

Јазик:

– македонски и англиски јазик.

Преводот обезбеден.

* * *

Во текот на дебатата беа промовирани две публикации, објавени од БСФ:

– „Македонија кон НАТО“ – публикација со афирмативни содржини за активностите и заложбите на Република Македонија и нејзиното општество за приближување кон НАТО.

– „Атлантско трпение“- искуства од активностите на Атлантскиот клуб (Република Бугарија) за развој и остварување на идејата за членство на Бугарија во НАТО.

Овие две публикации ќе бидат претставени и на Самитот на НАТО во Рига, 27-29 ноември 2006 година. Овие публикации ќе го презентираат ставот на Балканскиот безбедносен форум за македонската интеграција во НАТО и ќе придонесат за забрзување на процесот на интеграција.

ПАРТНЕРИ - СОРАБОТНИЦИ
PARTNERS - ASSOCIATES

ДОНАТОРИ
DONORS

Линкови
Links