Cоопштение, 24.11.2006

Во пресрет на Самитот на НАТО во Рига, имајќи го предвид интересот на регионот и особено на Република Македонија од овој настан, Здружението „Балкански форум за безбедност“ од Скопје, согласно својата програма за работа, започнува серија од дебати и промоции на тема:

„РИГА – МАКЕДОНСКИОТ ПАТ КОН НАТО, ОЧЕКУВАЊА И ОБВРСКИ“

На 24 ноември 2006 година (петок) со почеток во 11.00 часот во хотел „Холидеј ин“ (сала Милениум 2), Скопје, „Балкански форум за безбедност“ под покровителство на Министерството за одбрана на Република Македонија, организира експертска дебата по наведената тема, а ќе бидат промовирани и две книги – публикации во издание на „Балкански форум за безбедност“:

– „Македонија кон НАТО“ – публикација со содржина за активностите и заложбите на Република Македонија и македонското општество за приближување кон членството во НАТО и

– „Атлантски пасијанси“ – искуства од активностите на Атлантскиот клуб на Република Бугарија за развој и реализација на идејата за членство на Република Бугарија во НАТО.

На дебатата и промоцијата ќе зборуваат:

– Г-дин Лазар Еленовски, министер за одбрана на Република Македонија,

– д-р Благоја Марковски, претседател на “Балкански форум за безбедност“

– д-р Соломон Паси, претседател на Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на Република Бугарија

– Г-дин Максим Минчев, директор на бугарската телеграфска агенција и автор на книгата „Атлантски пасијанс“

Со оглед на актуелноста и сеопфатноста на темата, покрај учеството на членовите на „Балканскиот форум за безбедност“ – како организатори, на дебатата е се поканети и ќе можат да дадат свој придонес претставници на меѓународните и домашните институции и организации од владиниот и невладиниот сектор, од образовни и други научни институции, како и експерти од областа на безбедноста, одбраната и заштитата.

Публикациите „Македонија кон НАТО“ и „Атлантски пасијанси“, освен што ќе бидат претставени пред македонската јавност, ќе бидат претставени и на Самитот на НАТО во Рига на 27-29 ноември 2006 година и ќе бидат меѓународен придонес на Балкански форум за безбедност. „Во активностите на Република Македонија за нејзиното приближување кон членството во НАТО.

Балкански форум за безбедност

ПАРТНЕРИ - СОРАБОТНИЦИ
PARTNERS - ASSOCIATES

ДОНАТОРИ
DONORS

Линкови
Links