Здружение на граѓани “Балкански форум за безбедност”/NGO “Balkan security forum”
Скопје, “Јане Сандански” 12/1-18, тел. +389 2463 842, +389 71 306 961, e-mail: bsf@bsf.org.mk
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ
Почитувани,
На 28-ми март (понеделник) со почеток во 11.00 часот во Домот на Армијата во Скопје ќе се одржи трибина на тема „30 години развој на Армијата-формирање, настани, успеси, предизвици, иднина“ .
Трибината која е во организација на Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи, чиј основач и член е и Балкански форум за безбедност, со поддршка на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, ќе го означи почетокот на активностите за одбележување на триесет годишниот јубилеј на Армијата.
На трибината со свое обраќање ќе настапат, Претседателот и Врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, првиот министер за одбрана, Трајан Гоцевски, првиот началник на Генералштабот, генерал Митре Арсовски и други говорници.
Ова ќе претставува можност, преку експертски и политички видувања за достигнувањата на одбраната на Република Северена Македонија од осамостојувањето до денес, да се согледаат и посочат натамошните предизвици и правци на развој.
ТРИБИНА:
“30 години развој на Армијата – формирање, настани, успеси, предизвици, иднина“
Понеделник, 28 март 2022 година
ПРОГРАМА
Генерал во пензија Филип Котели, претседател на Иницијативниот одбор на Асоцијацијата
д-р Благоја Марковски, модератор
– Официјално отворање на Трибината
Претседател на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, проф. д-р Стево Пендаровски
– Пригодно обраќање
Mинистерка за одбрана, Славјанка Петровска
– Пригодно обраќање
Началник на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски
– Пригодно обраќање
Прв министер за одбрана, професор д-р Трајан Гоцевски
– Политички и безбедносни аспекти на осамостојувањето на одбраната
Прв началник на Генералштабот на Армијата, генерал во пензија Митре Арсовски
– Предизвици во воспоставувањето на Армијата
Н.Е. Амбасадор Виктор Габер
– Државно-правните акти, значајни за етаблирање на Република Северна Македонија како меѓународен субјект во 1992 година
Генерал-мајор д-р Павле Арсоски
– Историски пресек на развојот на Армијата, од формирањето до денес
Началник на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски
– Трансформација на Армијата со полноправното членство во НАТО, достигнувања, предизвици и идни ангажмани на Армијата
Генерал во пензија Филип Котели, претседател на Иницијативниот одбор на Асоцијацијата
– Завршни забелешки и заклучоци
Ве покануваме да го следите овој настан.
Ви благодариме, во очекување да се видиме на трибината.
Со почит,
БАЛКАНСКИ ФОРУМ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Претседател
д-р Благоја Марковски