Медиумите за дебатата, 15.10.2015

Миа мк

Во Охрид дебата за можните последици на бегалската криза по безбедноста на Македонија

Охрид, 15 октомври 2015 (МИА) – Европската бегалска криза – причините за нејзиното појавување и можните последици по безбедноста на Македонија е темата на која се дискутираше во рамки на панел-дебатата што во организација на „Балканскиот форум за безбедност“ денеска се одржа во Охрид.

Учесниците на дебатата презентираа размислувања и ставови по однос глобалните, регионалните и македонските предизвици, како и за политичко-економските и безбедносните ризици и движења.

Претседателот на „Балканскиот форум за безбедност“, воено-политичкиот аналитичар Благоја Марковски, оцени дека проблемот со бегалците од Блискиот и Средниот Исток се мултиплицира со актуелните проблеми со кои се соочува секоја од државите што се наоѓаат на рутата преку која тие минуваат.

– Бегалската криза е безбедносен, па и здравствен проблем за граѓаните на Македонија. Мора да се води сметка дека со бегалците можат да се поткраднат и непосакувани гости, кои доаѓаат како со разни идеологии и задачи за непријателски активности во земјите низ кои проаѓаат, рече Марковски.

Тој изрази уверување дека врз основа на заклучоците од денешната дебата ќе се придонесе како за безбедносната организација во Македонија, така и за проблемите воочени во рамки на прифатот и транспортот на бегалците да бидат елиминирани.

Поранешниот генерал Илија Николовски го посочи како загрижувачки фактот што покрај со бегалската криза Република Македонија се соочува и со политичка и институционална криза, што ја прави актуелната безбедносна ситуција во земјата мошне кревка.

Тој укажа и на светските и историските искуства кои покажуваат дека во земјите на премин остануваат околу 20 проценти од бегалците. Иако засега тоа не е случај со Македонија, Николовски предупреди на некои пораки од светот преку кои срамежливо се изнесуваат некакви предлози за некаков град за бегалци, некаде во југозападните делови на Бугарија, што секако според него е своевиден безбедносен ризик.

http://www.sitel.com.mk/vo-ohrid-debata-za-mozhnite-posledici-na-begalskata-kriza-po-bezbednosta-na-makedonija

Македонија  15. October 2015 – 16:16

Во Охрид дебата за можните последици на бегалската криза по безбедноста на Македонија

Европската бегалска криза – причините за нејзиното појавување и можните последици по безбедноста на Македонија е темата на која се дискутираше во рамки на панел-дебатата што во организација на „Балканскиот форум за безбедност“ денеска се одржа во Охрид.

http://sitel.com.mk/dokolku-srbija-prva-gi-zatvori-granicite-nashata-drzhava-se-soochuva-so-realna-opasnost-da-bide

Македонија

15. October 2015 – 17:12

Доколку Србија прва ги затвори границите нашата држава се соочува со реална опасност да биде отсечена и изолирана

Доколку Србија прва ги затвори границите нашата држава се соочува со реална опасност да биде отсечена и изолирана и со самото тоа да стане нов собирен центар за бегалци и мигранти.Не е никакво изненадување ако бранот на бегалци биде злоупотребен меѓу наизглед невините бегалци сосема е можно да се кријат и многумина од боиштата во своите земји беше констатирано на панел дебата на тема Европската бегалска криза –причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Македонија.

Според експертите крајот на бегалската криза не е наповидок ,за справување со кризата потребно е координирано меѓународно решение.

Според официјалните информации и и проценките на експертите низ нашата држава само во последните три месеци влегле и успешно биле транспортирани околу 250 илјади лица од Сирија и од кризните подрачја во Африка,Азија и Блискиот Исток,додека од почетокот на годината низ Балканот транзитирале над 400 илјади  бегалци.

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=81097

Во Охрид дебата за можните последици на бегалската криза по безбедноста на Македонија

Европската бегалска криза – причините за нејзиното појавување и можните последици по безбедноста на Македонија е темата на која се дискутираше во рамки на панел-дебатата што во организација на „Балканскиот форум за безбедност“ денеска се одржа во Охрид.

Учесниците на дебатата презентираа размислувања и ставови по однос глобалните, регионалните и македонските предизвици, како и за политичко-економските и безбедносните ризици и движења.

Претседателот на „Балканскиот форум за безбедност“, воено-политичкиот аналитичар Благоја Марковски, оцени дека проблемот со бегалците од Блискиот и Средниот Исток се мултиплицира со актуелните проблеми со кои се соочува секоја од државите што се наоѓаат на рутата преку која тие минуваат.

– Бегалската криза е безбедносен, па и здравствен проблем за граѓаните на Македонија. Мора да се води сметка дека со бегалците можат да се поткраднат и непосакувани гости, кои доаѓаат како со разни идеологии и задачи за непријателски активности во земјите низ кои проаѓаат, рече Марковски.

Тој изрази уверување дека врз основа на заклучоците од денешната дебата ќе се придонесе како за безбедносната организација во Македонија, така и за проблемите воочени во рамки на прифатот и транспортот на бегалците да бидат елиминирани.

Поранешниот генерал Илија Николовски го посочи како загрижувачки фактот што покрај со бегалската криза Република Македонија се соочува и со политичка и институционална криза, што ја прави актуелната безбедносна ситуција во земјата мошне кревка.

Тој укажа и на светските и историските искуства кои покажуваат дека во земјите на премин остануваат околу 20 проценти од бегалците. Иако засега тоа не е случај со Македонија, Николовски предупреди на некои пораки од светот преку кои срамежливо се изнесуваат некакви предлози за некаков град за бегалци, некаде во југозападните делови на Бугарија, што секако според него е своевиден безбедносен ризик.

http://telma.com.mk/vesti/begalskata-kriza-i-bezbednosta-na-drzhavata

Бегалската криза и безбедноста на државата

15 October, 2015 – 19:46

Во Охрид се одржа дебата за безбедноста на државата за која експертите сметаат дека е под закана на бегалската криза, намалување на парите за армијата и партизација на државните органи.

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=100557#.ViAvKtIrKt8

Во Охрид дебата за можните последици на бегалската криза по безбедноста на Македонија

15.10.2015 15:56:49

Европската бегалска криза – причините за нејзиното појавување и можните последици по безбедноста на Македонија е темата на која се дискутираше во рамки на панел-дебатата што во организација на „Балканскиот форум за безбедност“ денеска се одржа во Охрид.

Учесниците на дебатата презентираа размислувања и ставови по однос глобалните, регионалните и македонските предизвици, како и за политичко-економските и безбедносните ризици и движења.

Претседателот на „Балканскиот форум за безбедност“, воено-политичкиот аналитичар Благоја Марковски, оцени дека проблемот со бегалците од Блискиот и Средниот Исток се мултиплицира со актуелните проблеми со кои се соочува секоја од државите што се наоѓаат на рутата преку која тие минуваат.

– Бегалската криза е безбедносен, па и здравствен проблем за граѓаните на Македонија. Мора да се води сметка дека со бегалците можат да се поткраднат и непосакувани гости, кои доаѓаат како со разни идеологии и задачи за непријателски активности во земјите низ кои проаѓаат, рече Марковски.

Тој изрази уверување дека врз основа на заклучоците од денешната дебата ќе се придонесе како за безбедносната организација во Македонија, така и за проблемите воочени во рамки на прифатот и транспортот на бегалците да бидат елиминирани.

Поранешниот генерал Илија Николовски го посочи како загрижувачки фактот што покрај со бегалската криза Република Македонија се соочува и со политичка и институционална криза, што ја прави актуелната безбедносна ситуција во земјата мошне кревка.

Тој укажа и на светските и историските искуства кои покажуваат дека во земјите на премин остануваат околу 20 проценти од бегалците. Иако засега тоа не е случај со Македонија, Николовски предупреди на некои пораки од светот преку кои срамежливо се изнесуваат некакви предлози за некаков град за бегалци, некаде во југозападните делови на Бугарија, што секако според него е своевиден безбедносен ризик.

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=100559#.ViAvQdIrKt8

Експерти: во редовите на мигрантите можно е да се кријат и терористи

15.10.2015 18:17:41

Доколку Србија прва ги затвори границите,Македонија се соочува со реална опасност да биде отсечена и изолирана и со самото тоа да стане собирен центар за бегалци.Според официјалните информации,само во последните 3 месеци во земјава влегле и биле транспортирани околу 250.000 сиријци и бегалци од другите кризни подрачја во Африка, Азија и на Блискиот исток.Од почетокот на годинава низ Балканот транзитирале над 400.000 бегалци.Просекот на бегалци кои грчките власти ги спроведуваат до нашата граница се движи меѓу 3.500 и 6.000 лица дневно. 

Низ Македонија поминува главната рута на мигранти.Не е никакво изнеадување ако бранот на бегалци биде злоупотребен, за со нив да влезат и борци на Исламската држава.

-Истовремено можат да се поткрадат или да пројдат и непосакувани жители кои доаѓаат и со разни идеологии, кои имаат и одредени задача за реализација на непријателски активности во земјите низ кои проаѓаат.-Изјава др.Благоја Марковски-Балкански форум за безбедност.

Македонија троши околу 1 милион евра месечно за да им помогне на мигрантите.Во моментов крајот на бегалската криза не е на повидок,а факт е дека не постои земја која може сама да ја реши кризата и воопшто за да справи со миграцијата во иднина.

-Светските и историските искуства покажуваат дека во земји на транзит вообичано остануваат 20% од бегалците.-Изјава Илија Николовски-генерал мајор во пензија.

За решавање на бегалската криза, неопходна е итна европска кооперативност и добра координираност, без оглед дали тоа ќе биде на тло на ЕУ или надвор од неа.Ова се дел од заклучоците од панел дебатата на тема европска бегалска крза и можно последици по безбедноста на Македонија.

Росица Голабоска

http://a1on.mk/wordpress/archives/540179

Во Охрид дебата за можните последици на бегалската криза по безбедноста на Македонија

Објавено: 16:36, 15/10/2015

Европската бегалска криза – причините за нејзиното појавување и можните последици по безбедноста на Македонија е темата на која се дискутираше во рамки на панел-дебатата што во организација на „Балканскиот форум за безбедност“ денеска се одржа во Охрид.

Учесниците на дебатата презентираа размислувања и ставови по однос глобалните, регионалните и македонските предизвици, како и за политичко-економските и безбедносните ризици и движења.

Претседателот на „Балканскиот форум за безбедност“, воено-политичкиот аналитичар Благоја Марковски, оцени дека проблемот со бегалците од Блискиот и Средниот Исток се мултиплицира со актуелните проблеми со кои се соочува секоја од државите што се наоѓаат на рутата преку која тие минуваат.

– Бегалската криза е безбедносен, па и здравствен проблем за граѓаните на Македонија. Мора да се води сметка дека со бегалците можат да се поткраднат и непосакувани гости, кои доаѓаат како со разни идеологии и задачи за непријателски активности во земјите низ кои проаѓаат, рече Марковски.

Тој изрази уверување дека врз основа на заклучоците од денешната дебата ќе се придонесе како за безбедносната организација во Македонија, така и за проблемите воочени во рамки на прифатот и транспортот на бегалците да бидат елиминирани.

Поранешниот генерал Илија Николовски го посочи како загрижувачки фактот што покрај со бегалската криза Република Македонија се соочува и со политичка и институционална криза, што ја прави актуелната безбедносна ситуција во земјата мошне кревка.

Тој укажа и на светските и историските искуства кои покажуваат дека во земјите на премин остануваат околу 20 проценти од бегалците. Иако засега тоа не е случај со Македонија, Николовски предупреди на некои пораки од светот преку кои срамежливо се изнесуваат некакви предлози за некаков град за бегалци, некаде во југозападните делови на Бугарија, што секако според него е своевиден безбедносен ризик.

http://meta.mk/balkanski-forum-za-bezbednost-begalskata-kriza-ja-pravi-krevka-bezbednosnata-sostojba-vo-zemjava/

„Балкански форум за безбедност“: Бегалската криза ја прави кревка безбедносната состојба во земјава

Охрид, 15 октомври, 2015 (META)

„Балканскиот форум за безбедност“ денеска, пред студентите од Факултетот за туризам и угостителство и граѓани на Охрид, одржа дебата за бегалската криза, насловена „Европската бегалска криза – причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија“.

Во фокусот на дискусијата беше Република Македонија како главна рута на бегалскиот бран, а говореа Благоја Марковски, претседател на форумот, универзитетски професори, како и Илија Николовски, генерал-мајор во пензија и претседател на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија.

Според Благоја Марковски, проблемот со бегалската криза не е само во транспортот на мигрантите, туку проблем се појавува и од аспект на безбедноста во земјата.

– Кога не би живееле во ваква политичка и институционална криза која е актуелна во Македонија, веројатно европската бегалска криза ќе биде прв и основен проблем на сите државни органи бидејќи како таков се третира во сите европски земји кои не се оптоварени со состојби какви што има кај нас – рече Марковски.

За Илија Николовски, моменталната криза е најголема во Македонија, по онаа во 2001 година.

– Македонија не е членка на НАТО и сметам дека во догледно време нема да биде примена. Тоа ја чини безбедносната ситуација во земјава покревка – рече Николовски.

Универзитетскиот професор Јове Кекеновски смета дека бегалската криза е последница на настаните пред 2011 година, додавајќи дека, според него, институциите и раководството во Македонија не се дораснати на сериозноста на проблемот, кој може повторно да ескалира наредната пролет.

http://reporter.mk/2015/10/15/дебата-бегалската-криза-е-безбедносе/

Дебата: Бегалската криза е безбедносен, па и здравствен проблем за граѓаните на Македонија

Oct 15, 2015Македонија, Насловна, Политика

Европската бегалска криза – причините за нејзиното појавување и можните последици по безбедноста на Македонија е темата на која се дискутираше во рамки на панел-дебатата што во организација на „Балканскиот форум за безбедност“ денеска се одржа во Охрид.

Учесниците на дебатата презентираа размислувања и ставови по однос  на глобалните, регионалните и македонските предизвици, како и за политичко-економските и безбедносните ризици и движења.

Претседателот на „Балканскиот форум за безбедност“, воено-политичкиот аналитичар Благоја Марковски, оцени дека проблемот со бегалците од Блискиот и Средниот Исток се мултиплицира со актуелните проблеми со кои се соочува секоја од државите што се наоѓаат на рутата преку која тие минуваат.

– Бегалската криза е безбедносен, па и здравствен проблем за граѓаните на Македонија. Мора да се води сметка дека со бегалците можат да се поткраднат и непосакувани гости, кои доаѓаат како со разни идеологии и задачи за непријателски активности во земјите низ кои проаѓаат, рече Марковски.

Тој изрази уверување дека врз основа на заклучоците од денешната дебата ќе се придонесе како за безбедносната организација во Македонија, така и за проблемите воочени во рамки на прифатот и транспортот на бегалците да бидат елиминирани.

Поранешниот генерал Илија Николовски го посочи како загрижувачки фактот што покрај со бегалската криза Република Македонија се соочува и со политичка и институционална криза, што ја прави актуелната безбедносна ситуција во земјата мошне кревка.

Тој укажа и на светските и историските искуства кои покажуваат дека во земјите на премин остануваат околу 20 проценти од бегалците. Иако засега тоа не е случај со Македонија, Николовски предупреди на некои пораки од светот преку кои срамежливо се изнесуваат некакви предлози за некаков град за бегалци, некаде во југозападните делови на Бугарија, што секако според него е своевиден безбедносен ризик.

http://www.ohridnews.com/vesti/89239

Експертите загрижени за безбедноста на државата

Вести | Охрид | 15.10.2015 19:30 Посети : 453

Во услови на политичка криза државниот врз не обраќа доволно внимание на бегалската криза, што може да има далекусежни последици по безбедноста на земјата, сметаат експертите. На трибината што во организација на Балканскиот форум за безбедност се одржа денеска на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид беше истакнато дека во изминатите два месеца над 250.000 бегалци од блискиот и средниот исток и Африка поминале низ Македонија и дека не се исклучува можноста дел од нив да останат во земјата.

-Меѓу овие бегалци кои се присилени да ги напуштат своите огништа заради виорот на војната во своите земји можат да се поткрадат или да пројдат непосакувани гости, луѓе кои доаѓаат со разни идеологии и имаат определени задачи за непријателски активности во земјите низ кои проаѓаат. Покрај тоа што самата бегалска криза е своевиден безбедносен и здравствен проблем за граѓаните во Република Македонија, потпомогната од ситуацијата во која се наоѓаме и кризите кои се актуелни во земјата таа има посебна тежина од безбедносне акспект и навистина структурите задолжни за безбедноста во државата мора да посветуваат многу поголемо внимание. – изјави Благоја Маркоски од Балканскиот форум за безбедност.

Дополнителен проблем според стручњаците претставува кратењето на средствата од буџетот за армијата и партизација на безбедносните сили, како и фактот што земјата се уште не е членка на НАТО. Генералот во пензија Миле Николоски смета дека после 2001 година немало поголема криза од сегашната.

-Јас сум загрижен за безбедносната ситуација во Македонија. Ако на тоа додадеме се што се случува во одбрамбениот сектро, имаме намалување на буџетот на  армијата, потполна партизација на армијата и полицијата, сето тоа ја прави Република Македонија од безбедносен аспект многу кревка. – вели Николоски.

Според универзитетскиот професор Јове Кекеноски бегалската криза покрај страв кај домашното население предизвикува и поделби меѓу граѓаните.

-Не смееме да ги заборавиме оние политички и верски импликации кои ни се присутни со самиот почеток на кризата. Сите знаеме дека бранот бегалци предизвика голем страв по однос на нашата иднина, од друга страна ги поларизира односите помеѓу луѓето кои се повеќе националистички определени и тие што се хуманитарци, меѓутоа добро е што Македонија ја покажува својата хуманост и не дозволи националистите да преовладаат во оваа ситуација. – рече Кекеноски.

Кекеноски изнесе тези дека актуелната бегалска криза всушност е добро осмислено сценарио, според одредени индикации на Германија за да ги задоволи потребите од работна сила, или според други од Израел за остварување на вековната идеја за создавање голем Израел и дека всушност армијата на Исламска држава е производ на тајната служба на оваа земја „Мосад“ и работи во нејзин интерес.

Г.М.

http://ohridpress.com.mk/марковски-бегалската-криза-е-своевид/

October 15, 2015

Марковски: Бегалската криза е своевиден безбедносен, па и здравствен проблем за граѓаните на Македонија

Охрид, 15.октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – „Европската бегалска криза – причини за нејзината појава и можно последици по безбедноста на Република Македонија“ беше темата на панел дискусијата што се одржа денеска во Охрид, во организација на Балканскиот форум за безбедност.

Според Благоја Марковски, претседател на Балканскиот форум за безбедност и воено-политички аналитичар, проблемот со бегалската криза подразбира не само проблем со транспортот на бегалците, туку проблем се појавува и од аспект на безбедноста во Република Македонија, но и од аспект на здравствената состојба бидејќи меѓу бегалците кои се присилени да ги напуштат своите огништа заради војната во нивните земји, истовремено можат да се пројдат и непосакувани жители кои доаѓаат и со разни намери, но имаат и одредени задачи за реализација на непријателски активности во земјите низ кои минуваат.

– Кога не би живееле во ваква политичка и институционална криза која е актуелна во Република Македонија, веројатно европската бегалска криза ќе биде прв и основен проблем на сите државни органи бидејќи како таков се третира во сите европски земји кои не се оптоварени со овие актуелни состојби какви што има во РМ. Покрај тоа што самата бегалска криза е своевиден безбедносен, па и здравствен проблем за граѓаните, потпомогната со ситуацијата во која се наоѓаме, со кризите кои се актуелни во Република Македонија, таа има посебно прибежиште од безбедносен аспект и од тој аспект навистина надлежните структури во државата мора да посветуваат многу поголемо внимание, рече Марковски.

И според Илија Николовски, генерал-мајор во пензија и претседател на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија, моменталната криза е најголема во Македонија, по онаа во 2001 година.

-Македонија е една до земјите преку која овие бегалци поминуваат. Светските и историските искуства покажуваат дека во земјите на прием вообичаено остануваат 20 проценти од бегалците. Ние засега немаме останати бегалци во Македонија. Но во нашето непосредно опркужување имаме земји членки на НАТО. Косово се однесува како да е членка на НАТО иако не е, Србија со брзи чекори оди кон ЕУ, така што Македонија е единствена во регионот која не е членка на НАТО и сметам дека во догледно време нема да биде примена. Тоа ја чини безбедносната ситуација во државава покревка, рече Николовски.

Низ Македонија поминува главната рута на мигрантите. Како што беше речено на денешната панел-дискусија, доколку Србија прва ги затвори границите, нашата држава ќе се соочи со реална опасност да биде отсечена и изолирана и со самото тоа да стане нов собирен центар за бегалци и мигранти. Според официјалните информации и проценките на експертите, на надлежните институции и невладините организации, низ нашата држава само во последните три месеци влегле и успешно биле транспортирани околу 250 илјади лица од Сирија и од кризните подрачја во Африка, Азија и на Блискиот Исток.

Во последната деценија, бруталната ескалација на вооружените конфликти од Северна Африка до западна Азија принуди милиони луѓе да ги напуштат своите домови. Особено крајно нестабилна е ситуацијата во земјите на потекло на бегалците-Сирија, Авганистан, Ирак и Иран.

Според еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, следниот голем бран имигранти во Европа можно е да дојде од Либан каде што една третина од населението живеат во очајни услови, а прибежиште најдоа 1,2 милиони Сиријци.(Крај)

http://kanal77.com.mk/mk/vesti/makedonija/item/17909-debata-za-begalskata-kriza.html

Четврток, 15 Октомври 2015 10:58

Охрид: Дебата за бегалската криза во Македонија

Објавено од Канал 77

„Европската бегалска криза – причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија“, ова е темата на која денеска ќе се дебатира на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Дебата е организирана од „Балканскиот форум за безбедност“, а според најавите ќе се дискутира за: Геостратегиските и геополитичките аспекти на причините за појава на бегалската криза; Меѓународно-правните стандарди за заштита на бегалците како патоказ за изнаоѓање на ефикасни средства и методи за разрешавање на бегалската криза; Бегалската криза и односите меѓу соседите во Југоисточна Европа – нови меѓусоседски заострувања или можности за создавање и изградба на стратегиски партнерства; Македонија на главната рута на бегалскиот бран – предизвик за потврда на македонското општество како и за Можните последици по европската безбедност и безбедноста на Република Македонија во контекст на бегалската криза.

Се очекува на дебатата да бидат презентирани размислувања и ставови на експерти и авторитети кои се посветени на глобалните, регионалните и македонските предизвици за политичко-економските и безбедносните ризици и движења.

http://inpress.com.mk/утре-во-охрид-ќе-се-дискутира-за-европс/

Утре во Охрид ќе се дискутира за европската бегалска криза и можните последици од неа

Охрид, 14.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Панел на тема „ Европската бегалска криза- причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија“ ќе се одржи утре на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Теми за дискусија ќе бидат геостратегиските и геополитичките аспекти на причините за појава на бегалската криза,меѓународно-правните стандарди за заштита на бегалците како патоказ за изнаоѓање на ефикасни средства и методи за разрешавање на бегалската криза и бегалската криза и односите меѓу соседите во Југоисточна Европа – нови меѓусоседски заострувања или можности за создавање и изградба на стратегиски партнерства. Во фокусот на вниманието ќе се најде и Македонија како главна рута на бегалскиот бран.

На панел-дебатата ќе бидат презентирани размислувања и ставови на експерти и авторитети, посветени на глобалните, регионалните и македонските предизвици за политичко-економските и безбедносните ризици и движења.

Организатор е „Балкански форум за безбедност“. (Крај)

извор:Инпрес фото:архива

http://www.ohridnet.com/vesti/ohrid/6748-vo-ohrid-forum-za-begalskata-kriza

10 15 2015

Во Охрид, форум за бегалската криза

Детали

Објавено на Четврток, 15 Октомври 2015 09:54

Охридскиот факултетот за туризам и угостителство, денес е домаќин на повеќе експерти-панелисти на тема „Европската бегалска криза- причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија“.

На панел-дебатата ќе бидат презентирани ставовите на експертите за глобалните, регионалните и македонските предизвици, за политичко-економските и безбедносните ризици и движења.

Предвидени се теми за геостратегиските и геополитичките аспекти и причините за појава на бегалската криза, за меѓународно-правните стандарди за заштита на бегалците и изнаоѓање ефикасни средства и методи за разрешавање на бегалската криза.

Организатор е „Балкански форум за безбедност“

http://www.moris.mk/2015/панел-дебата-во-охрид-европската-бег/

14/10/2015   .ОХРИД

Панел дебата во Охрид „Европската бегалска криза – причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија“

Утре, со почеток во 12,00 часот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, во организација на „Балкански форум за безбедност“ ќе се одржи Панел дебата на тема: „Европската бегалска криза – причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија“ со тези за дискусија:

– Геостратегиските и геополитичките аспекти на причините за појава на бегалската криза,

– Меѓународно-правните стандарди за заштита на бегалците како патоказ за изнаоѓање на ефикасни средства и методи за разрешавање на бегалската криза,

– Бегалската криза и односите меѓу соседите во Југоисточна Европа – нови меѓусоседски заострувања или можности за создавање и изградба на стратегиски партнерства,

– Македонија на главната рута на бегалскиот бран – предизвик за потврда на македонското општество,

– Можните последици по европската безбедност и безбедноста на Република Македонија во контекст на бегалската криза.

На Панел дебатата ќе бидат презентирани размислувања и ставови на експерти и авторитети, посветени на глобалните, регионалните и македонските предизвици за политичко-економските и безбедносните ризици и движења.

Панел ДЕБАТА, 15.10.2015

Панел ДЕБАТА”ЕВРОПСКАТА БЕГАЛСКА КРИЗА – ПРИЧИНИ ЗА НЕЈЗИНАТА ПОЈАВА И МОЖНИ ПОСЛЕДИЦИ ПО БЕЗБЕДНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА”,

организирана од Балкански форум за безбедност

15 октомври 2015 година, ФТУ, Охрид

Заклучоци и препораки

од панел дебатата

Поаѓајќи од Програмската платформа, а имајќи ги во вид актуелните политичко-безбедносни аспекти на глобалните, регионалните и македонските предизвици за политичко-економските и безбедносните ризици и движења, Здружението Балкански форум за безбедност на 15 октомври 2015 година, на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид организира и реализира Панел дискусија на тема “Европската бегалска криза – причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија”,како продолжение на претходно реализираната серија на Панел дискусии на кои беа презентирани размислувања и ставови на експерти и авторитети од регионот и Македонија посветени на проблемите на политичко-економските и безбедносните аспекти од развојот на нашето општество, на регионот и светот.

Имајќи во вид дека наведената проблематика за панел сесијата е непосредно поврзана со областа од најширок интерес за граѓаните од регионот на Југоисточна Европа, Западен Балкан и посебно на Република Македонија, на Панел дебатата беа поканети, присуствуваа и учествуваа: експерти од општествено-политичкиот живот и од невладиниот сектор, студенти и претставници од високообразовните и други институции и организации, експерти од сферата на меѓународните односи, меѓународната соработка и безбедноста од Република Македонија, како и авторитети од областа на политичкиот и информативниот простор во Македонија.

Панел дебатата имаше за цел низ експертско согледување и дискусии на присутните да ги афирмира општите утврдени стратегиско-политички и безбедносни вредности и планирани активности на Република Македонија во однос на европската бегалска криза и преку дебата на учесниците да се укаже на најефикасните начини за воспоставување на политичко-економска и безбедна стабилна средина во земјата и регионот.

Со оваа Панел дискусија Балкански форум за безбедност си постави за цел и тоа, врз експертска анализа на актуелните аспекти на политичко-економската состојба и безбедноста и стабилноста во регионот, да се даде поглед за развојот на нашата земја и регионот како безбедносна средина и за зацврстувањето на довербата и соработката во регионот во контекст на стабилноста на национално и регионално ниво, како предизвик и приоритет во насочувањето и интензивирањето на активностите на полето на вредностите на безбедноста и во создавањето услови за одржлив развој на локално и регионално ниво.

Значаен очекуван резултат беше дека авторитетите, експертите и научниците кои се занимаваат со проблематиката на политиката, економијата, правото и безбедноста и одбраната, низ аналитички пристап, ќе придонесат за пошироки и подлабоки сознанија за севкупните ризици и можните нови појавни манифестации на кризи и кризни ситуации предизвикани по основ на европската бегалска криза, за идеите и организациската подготвеност како да се одговори на предизвиците и на потребните подобрувања во концептот на националната и регионалната безбедност. Врз основа на размена на мислења и идеи, панел дискусијата имаше за цел и да генерира предлози за натамошното зајакнување на довербата во регионот.

Поаѓајќи од поставените цели, Панел дебатата се одвиваше во рамките на следните тези:

– Геостратегиски и геополитички аспекти на причините за појава на бегалската криза,

– Меѓународно-правни стандарди за заштита на бегалците како патоказ за изнаоѓање на ефикасни средства и методи за разрешавање на бегалската криза,

– Бегалската криза и односите меѓу соседите во Југоисточна Европа – нови меѓусоседски заострувања или можности за создавање и изградба на стратегиски партнерства,

– Македонија на главната рута на бегалскиот бран – предизвик за потврда на македонското општество,

– Можни последици по европската безбедност и безбедноста на Република Македонија во контекст на бегалската криза

Панел дебатата ја отвори и со истата модерираше д-р Благоја Марковски, доктор по воено-политички науки, претседател на Балкански форум за безбедност.

Воведни излагања поднесоа панелистите:

  • Проф. д-р Јове Кекеновски,

Факултетот за Туризам и угостителство од Охрид при Универзитетот ,,Св Климент Охридски” од Битола

  • Проф. д-р Темелко Ристевски,

Декан, Факултет за правни науки, ФОН Универзитет, Скопје

  • Професор Иван Бабановски,

поранешен оперативен работник во Управата за државна безбедност, Универзитетски професор по безбедност и експерт по меѓународен тероризам

  • Генерал-мајор Илија Николовски,

претседател на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија

Во остварувањето на поставените цели Панел дискусијата се одвиваше на интерактивна основа.

Врз основа на воведните излагања, бројните коментари, дискусии и ставови на Панел дебатата за “Европската бегалска криза – причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија”, произлегоа следните:

заклучоци и препораки:

Бруталната ескалација на вооружените конфликти од Северна Африка до западна Азија принуди милиони луѓе да ги напуштат своите домови. Особено и крајно нестабилна е ситуацијата во земјите на потекло на бегалците – Сирија, Авганистан, Ирак, Иран. Една од карактеристиките на оваа бегалска криза, која ја прави исклучително тешка, е фактот што не може да се види крајот на овој процес, а што од друга страна го отежнува справувањето и го прави уште покомплицирано. Прашање е што ќе се случи ако луѓето почнат да бегаат и од Египет, а тоа веќе се надзира.

Според експерти од меѓународен авторитет (на пример германскиот аналитичар Михаел Лидерс), за кризата на Блискиот Исток пред сè се одговорни САД, а бранот на бегалци е „сметка за интервенционистичката политика“ на Вашингтон, претежно поддржана од Европјаните. Од друга страна арапските шеици исто така имаат одговорност за оваа беда на бегалците бидејќи исплатија милионски суми на борците на Исламска држава, за ИД да се бори против сирискиот претседател Башар ал-Асад, а сега одбиваат да примаат бегалци, за со нив да не влезат и терористи. Сето тоа доведе до драматичен бран на бегалци, кој во актуелниов момент ни одблиску не ја достигна својата кулминација.

Земјите членки на Европската Унија како и земјите кандидат за членство во ЕУ се соочија со невиден бран на бегалци. Како резултат на разногласието помеѓу членките на ЕУ за начинот како да се справат со бранот бегалци, последици трпи и Република Македонија. Во Република Македонија бегалската криза може да предизвика сериозна безбедносна криза.

Бегалската криза дополнително ги оптовари и без тоа тешките односи меѓу соседите во Југоисточна Европа. Жестоки тонови се разменуваа како од времето на југословенските војни. Бегалската криза ги „затру“ односите меѓу Србија, Хрватска и Унгарија. Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ и српскиот, Александар Вучиќ, водат вистинска вербална војна, помогнати од медиумите во своите земји, кои на соседските политичари им делат етикети како „фашисти“ и „идиоти“, а Унгарија поставува огради и жици за да спречи влегување на бегалците на своја територија, карајќи се истовремено и со Загреб и со Белград. Во моментов бројни отворени прашања можат да се инструментализираат во внатрешнополитички цели, а тоа се случува секојдневно.

Низ Македонија поминува главната рута на мигрантите. Доколку Србија прва ги затвори границите, нашата држава се соочува со реална опасност да биде отсечена и изолирана и со самото тоа да стане нов собирен центар за бегалци и мигранти.

Не е никакво изненадување ако бранот на бегалци биде злоупотребен. Меѓу наизглед невините бегалци сосема е можно да се кријат и многумина со крвави раце од боиштата во своите земји. Според експерти од областа на Службата за заштита и борбата против тероризмот, во Европа со бранот бегалци влегле и борци на Исламската држава. Опасноста е јасна и присутна. За можните терористички напади во Европа веќе не се зборува во идно време. Некои проценки зборуваат дека преку 4000 илјади членови на ИСИС се префрлени во Европа и чекаат команда за извршување на терористички напади. Овие инфилтрирани оперативци на ИСИС патуваат преку Турција и преку Грција, што значи дека голем дел од нив ја минале или допрва ќе ја минат и македонската граница.

Во моментов, крајот на бегалската криза не е на повидок. Вистина е дека не постои земја која сама може да ја реши таа криза. За справување со кризата потребно е координирано меѓународно решение. ЕУ не може да го реши сама проблемот. Затоа, за справување со моменталната бегалска криза, но и со миграцијата во иднина е неопходна глобална мигрантска стратегија и координиран и глобален пристап на ниво на ЕУ и пошироко.

Веројатно кога би се создала ситуација во која Русија, Иран, Кина, САД и Европејците би биле сложни, конфликтот со радикалниот ислам можеби нема да се оконча, но барем ќе се ограничи и ќе се држи под контрола. Реално, постои заедничка база за конструктивна политика, но мора да постои и волја за да се спроведе заедничката политика. За решавање на бегалската криза е неопходна итна европска кооперативност и добра координираност, без разлика дали тоа било на тло на унијата или надвор од него.

Балкански форум за безбедност ја искажува својата подготвеност и натаму да се ангажира во активностите и да ги става на располагање своите интелектуални капацитети и посветеност на проучување и анализа на проблематиката во областа на општествено-економските и политичките процеси и особено во областа на безбедноста и одбраната и да даде свој придонес во изградбата на безбеноста и мирот, како на ниво на Република Македонија така и на ниво на регионот на ЈИЕ.

Балкански форум за безбедност

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ, 15.10.2015

Утре, четврток, 15 октомври 2015 година, со почеток во 12,00 часот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (Кеј Македонија 95), во организација на “Балкански форум за безбедност“ ќе се одржи Панел дебата на тема:

ЕВРОПСКАТА БЕГАЛСКА КРИЗА – ПРИЧИНИ ЗА НЕЈЗИНАТА ПОЈАВА И МОЖНИ ПОСЛЕДИЦИ ПО БЕЗБЕДНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА”

со тези за дискусија:

– Геостратегиските и геополитичките аспекти на причините за појава на бегалската криза,

– Меѓународно-правните стандарди за заштита на бегалците како патоказ за изнаоѓање на ефикасни средства и методи за разрешавање на бегалската криза,

– Бегалската криза и односите меѓу соседите во Југоисточна Европа – нови меѓусоседски заострувања или можности за создавање и изградба на стратегиски партнерства,

– Македонија на главната рута на бегалскиот бран – предизвик за потврда на македонското општество,

– Можните последици по европската безбедност и безбедноста на Република Македонија во контекст на бегалската криза

На Панел дебатата ќе бидат презентирани размислувања и ставови на експерти и авторитети, посветени на глобалните, регионалните и македонските предизвици за политичко-економските и безбедносните ризици и движења.

Панел дебата

ЕВРОПСКАТА БЕГАЛСКА КРИЗА – ПРИЧИНИ ЗА НЕЈЗИНАТА ПОЈАВА И МОЖНИ ПОСЛЕДИЦИ ПО БЕЗБЕДНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА”

П Р О Г Р А М А

11:45 – 12:00 – Регистрација на учесниците и гостите

12:00 – 12:10 – Воведен збор и официјално отворање на Панел сесијата

12:10 – 13:00 –Панел сесија – тези за дискусија:

– Геостратегиските и геополитичките аспекти на причините за појава на бегалската криза,

– Меѓународно-правните стандарди за заштита на бегалците како патоказ за изнаоѓање на ефикасни средства и методи за разрешавање на бегалската криза,

– Бегалската криза и односите меѓу соседите во Југоисточна Европа – нови меѓусоседски заострувања или можности за создавање и изградба на стратегиски партнерства,

– Македонија на главната рута на бегалскиот бран – предизвик за потврда на македонското општество,

– Можните последици по европската безбедност и безбедноста на Република Македонија во контекст на бегалската криза

Панелисти:

– Проф. д-р Темелко Ристевски,

Декан на Факултетот за правни науки, ФОН Универзитет, Скопје

– Проф. д-р Јове Кекеновски,

Професор на Факултетот за Туризам и угостителство од Охрид при Универзитетот ,,Св Климент Охридски” од Битола

– Д-р Благоја Марковски,

Претседател на Балкански форум за безбедност, воено-политички аналитичар

– Професор Иван Бабановски,

Поранешен оперативен работник во Управата за државна безбедност, Универзитетски професор по безбедност и експерт по меѓународен тероризам

– Генерал-мајор во пензија Илија Николовски,

Претседател на ПОПГМ

13:00 – 14:00 – Прашања и дискусија

13:00 – 14:10 – Завршни забелешки и заклучоци