Медиумите за Панел дискусијата, 26.11.2011

Македонска информативна агенција – МИА:

Скопје, 26 ноември 2011 (МИА)

Панел – дискусија: Безбедносни ризици за Македонија во моментов нема, да се следат актуелните движења и да се работи на внатрешната стабилност

Во овој момент за земјите од Југоисточна Европа, посебно за Балканот и за Македонија, не постојат опасности од класична војна или агресија, но има многу асиметрични закани кои бараат соодветен одговор од секоја земја одделно, како и од сите држави заедно, беше речено на денешната панел сесија „Македонски и регионални предизвици пред Самитот на НАТО во Чикаго“.

Македонија и останатите земји од регионот треба да се вклучат во т.н. систем на паметна одбрана што подразбира меѓусебна соработка, помош и влијание на планот на создавањето поволни услови за безбедност.

Според учесниците на трибината, настаните во соседството како последниот во Косово кога беше запалено македонското знаме и кои било следни случувања, не треба да создаваат глобална слика за безбедноста во Западен Блакан и во ЈИЕ. На нив треба да се гледа од аспект на поединечен радикализам.

– Не очекувам дека ваквите настани можат да произведат поголеми нестабилности и нарушувања на безбедносен план. Земјите од регионот, секоја посебно и глобално, имајќи ја предвид нивната одлучност, се подготвени засебно да ги разрешат проблемите, тие да останат на микролокациско ниво и да имаат микролокациско влијание, истакна Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност.

Оценка на Ризван Сулејмани е дека Македонија мометно не е под безбедносен ризик, но треба да биде претпазлива. Земјата треба да работи многу, посебно на внатршената стабилност како предуслов за зачувување на надворешната стабилност, да ги прати движењета во регионот и пошироко, и навреме да се позиционира врз основа на новонастанатите ситуации.

Последните случувања на Косово, смета Сулејмани, се последица на подлабоки процеси во Србија и во регионот.

– Во Србија има три пункта кои перманентно генерираат криза, не се политиччки, но многу имаат влијание во политиката. Тоа се Српската православна црква, нереформираната поранешна ЈНА и разузнавачките служби кои се длабоко инволвирани во криминал и кои индиректно вршат притисок врз официјалната политика на Белград, нагласи Сулејмани.

Ако на сите овие процеси се додадат и актуелните случувања, тешката економска криза во Грција, како и движењата во ЕУ, односно тенденцијата на создавањето Унија со прва, втора и трета брзина, тогаш треба да се постави прашањето како сето ова ќе се рефлектира во регионот.

– Ова може да има некаков импакт или последица врз Македонија и соседните земји, уште повеќе кога полека, главната сила САД се повлекува кон својата територија и се интерсира за покрупните прашања како Кина, Индија…,. Во ваков случај, можна е опасност за регионот за одреден период, до воспоставувањето нови играчи, доколку остане во недефинирана позиција, образложи Сулејмани.

И новинарката Мирка Велиновска не смета дека има какви било директни безбедносни предизвици во регионот, освен оние што секогаш треба да се пресметуваат во случаи на големи претумбации при распредлбата на светската моќ.

– Темата на оваа панел дискусија сосема би ја променила. Наместо македонски и регионални безбедносни предизвици, која е улогата на големите сојузи како НАТО во преобликувањето на светот за 21 век, рече Велиновска.

Една од констатациите на форумот беше и тоа дека незачленувањето на Македонија во НАТО, домашните јавни дебати по Букурешт го третираа многу површинкси и го сведоа на наметнатиот порблем со името.

– Факт е дека тоа што Македонија не стана членка на Алијансата е поврзано со името, но се случи и нешто друго. НАТО како хомогена безбедносна структура покажа дека веќе не зборува со еден глас. Со тоа практично заврши униполарниот свет и неговата улога на единствениот безбедносен чувар на регионот и пошироко во светот. Сега е многу потешко да се добие битката за членство во НАТО, напомена Сулејмани.

Панел сесијата ја организираше Балканскиот форум за безбедност. мч/13:38

Македонска радиотелевизија, МТВ

сабота, 26 ноември 2011, 16:44

Нема опасност од дестабилизација на регионот

Никола Крстиќ

Ниту Македонија е под безбедносен ризик, ниту регионот може повторно да биде дестабилизран. Немирите на северно и палењето на македонското знаме на јужно Косово се поединечни изливи на радикализам, сметаат аналитичарите, според кои воените конфликти на Балканот се минато.

„Земјите од регионот се подготвени посебно да ги решат проблемите, тие да останат на микролокациско ниво и да имаат микролокациско влијание. Не очекувам посебно нарушување“ изјави Благоја Марковски, Балкански форум за безбедност.

„Сами по себе тоа се минорни случаи, но ние како новинари со самото тоа што ги правиме вест на денот, ексклузивни вести, се дебатира за нив, им даваме политичка боја, може да ги претвориме во нешто уште поголемо“ вели Мирка Велиновска, новинар.

Единствено економската криза во Грција, проблемите во еврозоната, а особено вртењето на погледот на светските играчи кон нови кризни жаришта можат да создадат безбедносен вакуум.

„Уште повеќе кога полека, главната сила САД се повлекува кон својата територија и се интерсира за покрупните прашања како Кина, Индија“ вели Ризван Сулејмани, потпретседател на Евро-Атлантски Сојуз на Македонија.

Но, која е идната улога на НАТО? Мора да се редефинира за да одговори на глобалните промени, сметаат дел од учесниците на дискусијата организирана во пресрет на чикашкиот самит на Алијансата. Во меѓувреме, Македонија поради Грција и натаму останува на прагот иако ги исполнува сите услови за членство.

ТВ Телма

26.11.1011 г.

МАКЕДОНИЈА НЕ Е ПРЕД БЕЗБЕДНОСЕН РИЗИК

Настанот со палењето на македонското знаме во Косово не може да ја наруши стабилноста во регионот, смета претседателот на Балканскиот форум за безбедност. Безбедносни  ризици или опасност од класична војна во Македонија, според него, нема во моментов.

-На настаните во Косово треба да се гледа како на испади на поединечен радикализам и да не се дозволи да создаваат глобална слика за безбедноста во Западен Балкан и ЈИЕ, вели Благоја Марковски. Тој смета дека балканските држави се подготвени да ги разрешат овие проблеми и да ги остават на микролокациско ниво.

Политичкиот аналитичар, Ризван Сулејмани, пак, смета дека тоа што се случи во Косово е последица на подлабоки процеси во Србија и регионот.

-Во Србија има три пункта кои генерираат криза, тоа е Српската православна црква, нереформираната поранешна ЈНА и разузнавачките служби, кои се длабоко инволвирани во криминал и во настаните во Косово, вели Сулејмани.

На денешната панел дискусија за предизвиците пред самитот на НАТО во Чикаго, беше оценето и дека влијание врз целокупната безбедносна ситуација може да има и кризата во Грција, тенденцијата за приближување на балканските земји кон Европската унија со прва, втора и трета брзина, но и повлекувањето на САД од регионот. Клучно за стабилноста, е Македонија и останатите земји е да се вклучат во таканаречениот систем на „паметна одбрана„, односно меѓусебно да соработуваат и да си помагаат. 

ТВ Сител

Безбедносни ризици за Македонија нема, но потребна е претпазливост

26.11.2011 – 18:35 |

Во овој момент за земјите од Југоисточна Европа, посебно за Балканот и за Македонија, не постојат опасности од класична војна или агресија, но има многу асиметрични закани кои бараат соодветен одговор од секоја земја одделно, како и од сите држави заедно, беше речено на денешната панел сесија „Македонски и регионални предизвици пред Самитот на НАТО во Чикаго“.

Македонија и останатите земји од регионот треба да се вклучат во т.н. систем на паметна одбрана што подразбира меѓусебна соработка, помош и влијание на планот на создавањето поволни услови за безбедност.

Според учесниците на трибината, настаните во соседството како последниот во Косово кога беше запалено македонското знаме и кои било следни случувања, не треба да создаваат глобална слика за безбедноста во Западен Блакан и во ЈИЕ. На нив треба да се гледа од аспект на поединечен радикализам.

– Не очекувам дека ваквите настани можат да произведат поголеми нестабилности и нарушувања на безбедносен план. Земјите од регионот, секоја посебно и глобално, имајќи ја предвид нивната одлучност, се подготвени засебно да ги разрешат проблемите, тие да останат на микролокациско ниво и да имаат микролокациско влијание, истакна Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност.

Оценка на Ризван Сулејмани е дека Македонија мометно не е под безбедносен ризик, но треба да биде претпазлива. Земјата треба да работи многу, посебно на внатршената стабилност како предуслов за зачувување на надворешната стабилност, да ги прати движењета во регионот и пошироко, и навреме да се позиционира врз основа на новонастанатите ситуации.

Последните случувања на Косово, смета Сулејмани, се последица на подлабоки процеси во Србија и во регионот.

– Во Србија има три пункта кои перманентно генерираат криза, не се политиччки, но многу имаат влијание во политиката. Тоа се Српската православна црква, нереформираната поранешна ЈНА и разузнавачките служби кои се длабоко инволвирани во криминал и кои индиректно вршат притисок врз официјалната политика на Белград, нагласи Сулејмани.

Ако на сите овие процеси се додадат и актуелните случувања, тешката економска криза во Грција, како и движењата во ЕУ, односно тенденцијата на создавањето Унија со прва, втора и трета брзина, тогаш треба да се постави прашањето како сето ова ќе се рефлектира во регионот.

– Ова може да има некаков импакт или последица врз Македонија и соседните земји, уште повеќе кога полека, главната сила САД се повлекува кон својата територија и се интерсира за покрупните прашања како Кина, Индија…,. Во ваков случај, можна е опасност за регионот за одреден период, до воспоставувањето нови играчи, доколку остане во недефинирана позиција, образложи Сулејмани.

И новинарката Мирка Велиновска не смета дека има какви било директни безбедносни предизвици во регионот, освен оние што секогаш треба да се пресметуваат во случаи на големи претумбации при распредлбата на светската моќ.

– Темата на оваа панел дискусија сосема би ја променила. Наместо македонски и регионални безбедносни предизвици, која е улогата на големите сојузи како НАТО во преобликувањето на светот за 21 век, рече Велиновска.

Една од констатациите на форумот беше и тоа дека незачленувањето на Македонија во НАТО, домашните јавни дебати по Букурешт го третираа многу површинкси и го сведоа на наметнатиот порблем со името.

– Факт е дека тоа што Македонија не стана членка на Алијансата е поврзано со името, но се случи и нешто друго. НАТО како хомогена безбедносна структура покажа дека веќе не зборува со еден глас. Со тоа практично заврши униполарниот свет и неговата улога на единствениот безбедносен чувар на регионот и пошироко во светот. Сега е многу потешко да се добие битката за членство во НАТО, напомена Сулејмани.

Панел сесијата ја организираше Балканскиот форум за безбедност.

ТВ 24 вести

Нато-за или против !!!

Сабота, 26 Ноември 2011 16:32

НАТО-скептиците и НАТО-интегративците седнаа на една маса да разговараат за безбедноста на државата и регионот.

Според воениот аналитичар Благоја Марковски, нема безбедносни закани за Македонија и регионот и на следниот самит на НАТО во Чикаго не очекува прием на државава во воениот сојуз.

-“Во овој момент за земјите од Југоисточна Европа, посебно за Балканот и Република Македонија не постојат опасности од смисла на класична војна” истакна Марковски

Ризван Сулејмани како безбедноснен проблем  во регионот ја гледа Србија. За него случувањата во Северно Косово  можат да се одразат на региналната безбедност.

-“Во Србија има три пункта кои создаваат перманетна криза кои не се плотички организации но имаат големо влијание во политиката. Тоа се Српската Православна Црква, нереформираната поранешна ЈНА, некогашните разузнавачки служби кои се длабоко инволвирани во криминал и кои на индиректен начин вршат притисок врз званичната политика во Белград. Поради тоа Белград перманентно генерира нестабилност која се изразува во различни форми како што е случајот со северот на Косово”- посочи Сулејмани.

Мирка Велиновски е скептик за НАТО интеграциите на државата. Според неа, НАТО по 20 години почнува да се руши, а  трагајки по политичкиот идентитет сојузот почнал да продуцира регионални конфилкти. Смета дека нас ни претстои првата фаза на транзиција кон други светски играчи.

Филип Ѓурчиновски

Нова Македонија

Со паметната одбрана на НАТО безбедноста ни е загарантирана

За земјите од Југоисточна Европа, особено за Балканот и за Македонија, не постојат опасности од класична војна или агресија, но има многу асиметрични закани, кои бараат соодветен одговор од секоја земја одделно, како и од сите држави заедно, речено е на саботната панел-сесија „Македонски и регионални предизвици пред самитот на НАТО во Чикаго“

Според учесниците на трибината, настаните во соседството, како последниот инцидент со палењето на македонското знаме во Косово, не треба да создаваат глобална слика за безбедноста во Западен Балкан и во ЈИЕ. На нив треба да се гледа од аспект на поединечен радикализам.

– Не очекувам дека ваквите настани можат да произведат поголеми нестабилности и нарушувања на безбедносен план. Земјите од регионот, секоја посебно и глобално, се подготвени засебно да ги решат проблемите и тие да останат на микролокациско ниво и да имаат микролокациско влијание – вели Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност.

Оцената на Ризван Сулејмани е дека Македонија моментно не е под безбедносен ризик, но треба да биде претпазлива.

– Земјата треба да работи многу, особено на внатрешната стабилност, како предуслов за зачувување на надворешната стабилност, да ги следи движењата во регионот и пошироко, и навреме да се позиционира врз основа на новонастанатите ситуации – резимираше Сулејмани.

Инаку, новиот концепт на паметна одбрана на НАТО (т.н. смарт дифенс) опфаќа три цели – развој на поголеми оперативни способности во услови на економска криза, посилна поврзаност и координација меѓу земјите-членки и партнерите и силна обврзаност за придонес во евроатлантската безбедност и стабилност.

Телеграф, Албанија /Telegrafi/

Maqedonia nuk kërcënohet nga lufta

10:27 / 27.11.2011

Në Ballkan dhe sidomos në Maqedoni nuk ka rreziqe nga një luftë klasike apo agresion, por ka kërcënime asimetrike që kërkojnë përgjigje adekuate nga çdo shtet veç e veç.

Kjo është theksuar në debatin e organizuar në Shkup me temën “Sfidat e Maqedonisë dhe rajonit para Samitit të NATO-s në Çikago”.

Sipas pjesëmarrësve, zhvillimet në fqinjësi, si ato në Kosovë ku është djegur flamuri maqedonas, nuk duhet të krijojnë fotografi të përgjithshme për sigurinë në Ballkanin Perëndimor.

Blagoja Markovski, nga Forumi Ballkanik për Siguri, deklaroi se këto ngjarje duhet të shikohen të izoluara dhe ato nuk mund të prodhojnë destabilitet më të madh apo rrënim të planit të sigurisë.

Analisti dhe ish-zëvendësministri i Mbrojtjes, Rizvan Sulejmani, deklaroi se Maqedonia aktualisht nuk është nën kërcënimin e sigurisë, por ajo duhet të jetë e kujdesshme.

“Vendi duhet të punojë shumë, sidomos në planin e qëndrueshmërisë së brendshme si parakusht për ruajtjen e stabilitetit të jashtëm, të ndjekë zhvillimet në rajon dhe më gjerë, dhe me kohë të pozicionohet në bazë të situata të reja”, deklaroi Sulejmani, transmeton Ina.

Gazetarja Mirka Velinovska nënvizoi gjithashtu se Maqedonia nuk rrezikohet në planin e sigurisë.

Pjesëmarrësit theksuan nevojën e debateve më aktive lidhur me mosanëtarësimin e vendit në NATO. Ata kanë theksuar se pa zgjidhjen e emrit do të jetë vështirë që të zhbllokohet procesi i anëtarësimit në NATO dhe BE.

Debati u organizua nga Forumi Ballkanik për Siguri me seli në Shkup. /Telegrafi/

Телеграф од албански

Македонија не е загрозена од војна

10:27 / 27.11.2011

На Балканот, а особено во Македонија не постои ризик од класична војна или агресија, но постојат асиметрични закани кои бараат соодветен одговор на секоја земја одделно.

Ова е истакнато во дебатата што се одржа во Скопје на тема “Предизвиците на Македонија и регионот пред Самитот на НАТО во Чикаго.”

Според учесниците, случувањата во соседството, како што се оние во Косово, каде што македонското знаме е запалено, нема потреба да создадаваат карактеристики на општата безбедност во Западен Балкан.

Благоја Марковски, Балкански форум за безбедност, рече дека овие настани треба да се гледаат како изолирани случаи кои не можат да произведат поголема нестабилност или пад на безбедносен план.

Аналитичар и поранешен заменик-министер за одбрана, Ризван Сулејмани, рече дека Македонија во моментов не е под закана на безбедноста, но треба да се биде внимателен.

“Земјата мора да работи напорно, особено на домашната стабилност како предуслов за надворешната стабилност, да го следи развојот на настаните во регионот и пошироко, а со текот на времето да се позиционира во рамките на новата ситуација”, изјави Сулејмани, Ина емитува .

Мирка Велиновска, новинар, исто така, истакна дека Македонија не е компромитирана на безбедносен план.

Учесниците ја истакнаа потребата за повеќе активна дебата за НАТО партнерството на земјата. Тие изјавија дека без решавање на името ќе биде тешко да се деблокира процесот на НАТО и ЕУ.

Дебатата беше организирана од страна на Балкански форум за безбедност со седиште во Скопје. / Телеграф /

Радио Дојче Веле на македонски

Македонија, 26.11.2011

За Македонија нема директни безбедносни ризици

Неприемот на Македонија покажа-НАТО не зборува веќе во еден глас

Панел – дискусија: Безбедносни ризици за Македонија во моментов нема, да се следат актуелните движења и да се работи на внатрешната стабилност.

Во овој момент за земјите од Југоисточна Европа, посебно за Балканот и за Македонија, не постојат опасности од класична војна или агресија, но има многу асиметрични закани кои бараат соодветен одговор од секоја земја одделно, како и од сите држави заедно, беше речено на денешната панел-сесија „Македонски и регионални предизвици пред Самитот на НАТО во Чикаго“.

Според учесниците на трибината, настаните во соседството како последниот во Косово кога беше запалено македонското знаме и кои било следни случувања, не треба да создаваат глобална слика за безбедноста во Западен Балкан и во ЈИЕ. На нив треба да се гледа од аспект на поединечен радикализам.

Случувањата во Косово се последица на подлабоки процеси во Србија и регионот

„Не очекувам дека ваквите настани можат да произведат поголеми нестабилности и нарушувања на безбедносен план. Земјите од регионот, секоја посебно и глобално, имајќи ја предвид нивната одлучност, се подготвени засебно да ги разрешат проблемите, тие да останат на микролокациско ниво и да имаат микролокациско влијание“, истакна Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност.

Треба да се биде претпазлив

Оценка на Ризван Сулејмани е дека Македонија мометно не е под безбедносен ризик, но треба да биде претпазлива. Земјата треба да работи многу, посебно на внатршената стабилност како предуслов за зачувување на надворешната стабилност, да ги следи движењета во регионот и пошироко, и навреме да се позиционира врз основа на новонастанатите ситуации.

Последните случувања на Косово, смета Сулејмани, се последица на подлабоки процеси во Србија и во регионот.

„Во Србија има три пункта кои перманентно генерираат криза, не се политиччки, но многу имаат влијание во политиката. Тоа се Српската православна црква, нереформираната поранешна ЈНА и разузнавачките служби кои се длабоко инволвирани во криминал и кои индиректно вршат притисок врз официјалната политика на Белград“, нагласи Сулејмани.

Ако на сите овие процеси се додадат и актуелните случувања, тешката економска криза во Грција, како и движењата во ЕУ, односно тенденцијата на создавањето Унија со прва, втора и трета брзина, тогаш треба да се постави прашањето како сето ова ќе се рефлектира во регионот.

„Ова може да има некаков импакт или последица врз Македонија и соседните земји, уште повеќе кога полека, главната сила САД се повлекува кон својата територија и се интересира за покрупните прашања како Кина, Индија… Во ваков случај, можна е опасност за регионот за одреден период, до воспоставувањето нови играчи, доколку остане во недефинирана позиција“, образложи Сулејмани.

Нема директни безбедносни ризици за Македонија

И новинарката Мирка Велиновска не смета дека има какви било директни безбедносни предизвици во регионот, освен оние што секогаш треба да се пресметуваат во случаи на големи претумбации при распредлбата на светската моќ.

„Темата на оваа панел дискусија сосема би ја променила. Наместо македонски и регионални безбедносни предизвици, која е улогата на големите сојузи како НАТО во преобликувањето на светот за 21 век“, рече Велиновска.

Нема опасност од класична војна или агресија, но потребна е претпазливост

Една од констатациите на форумот беше и тоа дека незачленувањето на Македонија во НАТО, домашните јавни дебати по Букурешт го третираа многу површински и го сведоа на наметнатиот проблем за името.

„Факт е дека тоа што Македонија не стана членка на Алијансата е поврзано со името, но се случи и нешто друго. НАТО како хомогена безбедносна структура покажа дека веќе не зборува со еден глас. Со тоа практично заврши униполарниот свет и неговата улога на единствениот безбедносен чувар на регионот и пошироко во светот. Сега е многу потешко да се добие битката за членство во НАТО“, напомена Сулејмани.

Панел сесијата ја организираше Балканскиот форум за безбедност.

ПАРТНЕРИ - СОРАБОТНИЦИ
PARTNERS - ASSOCIATES

ДОНАТОРИ
DONORS

Линкови
Links