На 18 02 2008 година, во хотел Холидеј Ин Скопје, Македонија се одржа Македонско-бугарска бизнис конференција „Глобална бизнис поддршка на Македонија за НАТО“.
Организатори на Македонско-бугарската бизнис конференција беа:
– Министерство за надворешни работи на Република Македонија
– Министерство за одбрана на Република Македонија
– Балкански форум за безбедност – Скопје, Македонија
– Информативен центар на НАТО во Софија
– Атлантскиот клуб на Бугарија
– Здружението George C. Marshall – Бугарија
– Државна комисија за информатичка безбедност – Бугарија
– Државна агенција за информатички технологии и комуникации – Бугарија
На конференцијата, покрај експерти од областа на политиката, економијата, безбедноста, енергетиката, комуникациите и инфраструктурата учествуваа и:
– Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на Република Македонија
– Лазар Еленовски, министер за одбрана на Република Македонија
– Глигор Ташковиќ, министер за странски инвестиции на Република Македонија
– Иво Ивановски, министер за информатичко општество на Република Македонија
– Н.Е. Џилијан А. Миловановиќ, амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија (ТБЦ)
– Радмила Шеќеринска, лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (ТБЦ)
– Лидија Костовска, директор, Дирекција за безбедност на класифицирани информации – Македонија
– Виктор Мизо, директор, Агенција за странски инвестиции на Република Македонија
– Цвета Маркова, претседател на Државната комисија за информатичка безбедност – Бугарија
– Пламен Вачков, претседател на Државната агенција за информатички технологии и комуникации – Бугарија
– д-р Соломон Паси, претседател на Комисијата за надворешна политика – Бугарскиот парламент
– д-р Благоја Марковски, претседател на Балкански форум за безбедност – Скопје, Македонија
– Александар Чомовски, претседател на Генералното собрание на Балкански форум за безбедност – Македонија
– Максим Минчев, генерален директор на Бугарската новинска агенција
– д-р Љубомир Иванов, претседател на Атлантскиот клуб на Бугарија
– д-р Велизар Шаламанов, претседател на Здружението Џорџ Ц. Маршал – Бугарија
– д-р Стојан Денчев, ректор, Државен универзитет за библиотечни студии и информациски технологии – Бугарија
– Проф. Иван Жерков, директор, Дирекција за програми за офсет, Министерство за економија и енергетика – Бугарија
– д-р Радица Гарева, директор на Сектор за логистика, Министерство за одбрана – Македонија
– Спасоја Дамјановски, директор на Секторот за финансии, Министерство за одбрана – Македонија
Работата на конференцијата се одвиваше во сесии со презентации и дискусии по темите од сесиите:
1. Високи технологии и развој на инфраструктурата – клуч за евроатлантската интеграција на Македонија
2. Македонија и Бугарија на енергетската карта на Балканот
3. Модернизацијата на безбедносниот сектор како алатка за интеграција во мрежата на НАТО за истражување и одбранбена индустрија. Офсет политика за набавка на вооружување – можности за јавно приватно партнерство
Програма на конференцијата:
18 февруари 2008 година, хотел Холидеј Ин, Скопје
Македонско-бугарска бизнис конференција
„ГЛОБАЛНА БИЗНИС ПОДДРШКА НА МАКЕДОНИЈА ЗА НАТО“
8:00-8:45 Пријавување на учесници (сала Милениум I, Хотел Холидеј Ин Скопје)
9:00-9:30 Свечено отворање (сала Милениум I, хотел Холидеј Ин Скопје)
Александар Чомовски, претседател на Генералното собрание на Балкански форум за безбедност – Македонија
Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на Република Македонија
Н.Е. Џилијан А. Миловановиќ, амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија (ТБЦ)
Радмила Шекеринска, лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија
д-р Соломон Паси, претседател на Комисијата за надворешна политика, бугарскиот парламент и почесен претседател на Атлантскиот клуб на Бугарија
д-р Љубомир Иванов, претседател на Атлантскиот клуб на Бугарија
9:30 – 11:30 Прва сесија (сала Милениум I, Хотел Холидеј Ин Скопје)
Високи технологии и развој на инфраструктурата – клуч за евроатлантската интеграција на Македонија
Модератор:
д-р Стојан Денчев, ректор, Државен универзитет за библиотечни студии и информациски технологии
Говорници:
Глигор Ташковиќ, министер за странски инвестиции на Република Македонија
Пламен Вачков, претседател на Државната агенција за информатички технологии и комуникации – Бугарија
Иво Ивановски, министер за информатичко општество на Република Македонија
Виктор Мизо, директор, Агенција за странски инвестиции на Република Македонија
Антони Пешев, претседател на Унет
д-р Аксенте Грнаров
Презентации на компании:
ТехноЛоџика – Македонија
ЛИРЕКС БГ
ICB
Дискусија
11:30 – 12:00 Кафе пауза
12:00 – 14:30 Втора сесија (сала Милениум I, Хотел Холидеј Ин Скопје)
Македонија и Бугарија на енергетската карта на Балканот
Модератори:
д-р Љубомир Иванов, претседател на Атлантскиот клуб на Бугарија
Проф. Атанаско Туневски, Универзитет Скопје
Говорници:
Сројан Кралчев, прв генерален директор на УНИ Банка
д-р Владо Чинговски, генерален директор, ЕСМ
Александар Јорданов, извршен директор, Бизнис енерџи АД
Презентации на компании:
УНИ Банка
Дискусија
14:30 – 16:00 Ручек / Прием организиран од Иво Ивановски, министер за информатичко општество на Република Македонија
Место: Сала Милениум II, Хотел Холидеј Ин Скопје (само со покана)
15:30 – 16:00 Медиумски средби/интервјуа
16:00 – 18:30 Трета сесија (сала Милениум I, Хотел Холидеј Ин Скопје)
Модернизацијата на безбедносниот сектор како алатка за интеграција во мрежата на НАТО за истражување и одбранбена индустрија. Офсет политика за набавка на вооружување – можности за јавно приватно партнерство
Модератори:
д-р Радица Гарева, директор на Сектор за логистика, Министерство за одбрана – Македонија
Огнијан Трајанов, претседател на ТехноЛоџика
Говорници:
Цвета Маркова, претседател на Државната комисија за информатичка безбедност – Бугарија
Лидија Костовска, директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации – Македонија
Проф. Иван Жерков, директор, Дирекција за програми за офсет, Министерство за економија и енергетика – Бугарија
д-р Велизар Шаламанов, претседател на Здружението Џорџ Ц. Маршал – Бугарија
Спасоја Дамјановски, директор на Секторот за финансии, Министерство за одбрана – Македонија
Презентации на компании:
Крипто ЕООД
DSV Air & Sea Ltd./ Corsa Logistics Ltd.
CaSys International
EuroSense
Дискусија
18:20 – 18:30 Завршни зборови
д-р Благоја Марковски, претседател на Балкански форум за безбедност – Македонија
Балкански форум за безбедност