СООПШТЕНИЕ, 17.02.2008

На 18.02.2008 година, во хотел Холидеј Ин Скопје, Македонија ќе се одржи Македонско-бугарска бизнис конференција „Глобална бизнис поддршка на Македонија за НАТО“.

Организатори на Македонско-бугарската бизнис конференција се:

– Министерство за надворешни работи на Република Македонија

– Министерство за одбрана на Република Македонија

– Балкански форум за безбедност – Скопје, Македонија

– Информативен центар на НАТО во Софија

– Атлантскиот клуб на Бугарија

– Здружението George C. Marshall – Бугарија

– Државна комисија за информатичка безбедност – Бугарија

– Државна агенција за информатички технологии и комуникации – Бугарија

На конференцијата, покрај експерти од областа на политиката, економијата, безбедноста, енергетиката, комуникациите и инфраструктурата ќе учествуваат и:

– Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на Република Македонија

– Лазар Еленовски, министер за одбрана на Република Македонија

– Глигор Ташковиќ, министер за странски инвестиции на Република Македонија

– Иво Ивановски, министер за информатичко општество на Република Македонија

– Н.Е. Џилијан А. Миловановиќ, амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија (ТБЦ)

– Радмила Шеќеринска, лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (ТБЦ)

– Лидија Костовска, директор, Дирекција за безбедност на класифицирани информации – Македонија

– Виктор Мизо, директор, Агенција за странски инвестиции на Република Македонија

– Цвета Маркова, претседател на Државната комисија за информатичка безбедност – Бугарија

– Пламен Вачков, претседател на Државната агенција за информатички технологии и комуникации – Бугарија

– д-р Соломон Паси, претседател на Комисијата за надворешна политика – Бугарскиот парламент

– д-р Благоја Марковски, претседател на Балкански форум за безбедност – Скопје, Македонија

– Александар Чомовски, претседател на Генералното собрание на Балкански форум за безбедност – Македонија

– Максим Минчев, генерален директор на Бугарската новинска агенција

– д-р Љубомир Иванов, претседател на Атлантскиот клуб на Бугарија

– д-р Велизар Шаламанов, претседател на Здружението Џорџ Ц. Маршал – Бугарија

– д-р Стојан Денчев, ректор, Државен универзитет за библиотечни студии и информациски технологии – Бугарија

– Проф. Иван Жерков, директор, Дирекција за програми за офсет, Министерство за економија и енергетика – Бугарија

– д-р Радица Гарева, директор на Сектор за логистика, Министерство за одбрана – Македонија

– Спасоја Дамјановски, директор на Секторот за финансии, Министерство за одбрана – Македонија

Работата на конференцијата ќе се одвива во сесии со презентации и дискусии по темите од сесиите:

1. Високи технологии и развој на инфраструктурата – клуч за евроатлантската интеграција на Македонија

2. Македонија и Бугарија на енергетската карта на Балканот

3. Модернизацијата на безбедносниот сектор како алатка за интеграција во мрежата на НАТО за истражување и одбранбена индустрија. Офсет политика за набавка на вооружување – можности за јавно приватно партнерство

Балкански форум за безбедност

ПАРТНЕРИ - СОРАБОТНИЦИ
PARTNERS - ASSOCIATES

ДОНАТОРИ
DONORS

Линкови
Links