СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ, 31.05.2018

Асоцијација на здруженија од сферата на безбедноста,

одбраната и меѓународните односи

_____________________________________________________________________________

Здружение на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста– Балкански форум за безбедност – Клуб на генерали – Дипломатски клуб Скопје – Здружение на дипломирани студенти на НАТО колеџот во РИМ – Здружение на воени пензионери на Р. Македонија – Здружение на армиски ветерани Кавадарци – ЗУВО на РМ 2001/2002

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ

Почитувани,

На 31.05.2018 година (четврток) со почеток во 10,00 часот во Домот на АРМ (сала 4) во Скопје, согласно со планот на своите активности, Балкански форум за безбедност во соорганизација со Асоцијацијата на здруженија од безбедноста, одбраната и меѓународните односи, ќе одржат Научно-експертската конференција на тема

Безбедноста од аспект на внатрешните актуелни состојби и глобалните асиметрични закани”,

на која ќе бидат презентирани размислувања и ставови на експерти и авторитети, посветени на глобалните, регионалните и македонските перспективи за безбедносните предизвици и движења.

Цели на панел дебатата

Панел дискусијата има за цел, врз експертска анализа на актуелните аспекти на безбедноста и стабилноста, да ги афирмира општите утврдени безбедносни вредности, а преку дебатата, идеите, опциите и конкретни заклучоци да се укаже на најефикасните начини за воспоставување на безбедна и политички стабилна средина во Република Македонија и регионот.

На Конференцијата ќе бидат разгледани и анализирани новите димензии на воените закани во контекст на глобалните предизвици и современите манифестации на ризиците и заканите по безбедноста. Особен осврт ќе се даде на факторите кои влијаат или можат да предизвикаат закани по безбедноста на Република Македонија, како што се современите асиметрични и хибридни закани по безбедноста, организираниот криминал, корупцијата, различните манифестации на радикален национализам и екстремизам. Нужно внимание ќе биде посветено и на заканите во форма на прилив на бегалци, тероризам и дејства од позиција и идеолошка основа на исламскиот фундаментализам како последица од случувањата на Блискиот исток. Ќе биде анализирана неопходноста од соработка, интеракција и изградба на националниот систем за безбедност и одбрана во коалиционен формат со интегрирање на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

ПРОГРАМА

Безбедноста од аспект на внатрешните актуелни состојби и глобалните асиметрични закани”

Четврток, 31 мај 2018 година

10:00 – 13:30 часот, Дом на АРМ, Скопје (сала 4)

09:30 – 10:00 – Регистрација на учесниците и гостите

10:00 – 10: 05 – Официјално отворање на Панел сесијата

Генерал во пензија Филип Котели, Претседател на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста

10:05 – 10:20 – Воведно излагање: “Актуелни безбедносни предизвици

Д-р Благоја Марковски, Претседател наБалкански форум за безбедност

10:20 – 12:00 – Тези за дебата – воведни излагања

– Новите димензии на војната во контекст на глобалните предизвици – ГШ на АРМ

– Современите манифестации на ризиците и заканите по безбедноста во контекст на актуелните состојби во Република Македонија – Зоран Тодоров, Клуб на дипломати, МНР

Организираниот криминал, корупцијата, различните манифестации на радикален национализам и екстремизам како фактори на внатрешни закани по безбедноста – проф. др Темелко Ристески, БСФ

Општ пристап за одговор на современите асиметрични и хибридни закани по безбедноста – проф. д-р Алекса Стаменковски, поранешен директор на АР

Асиметричните закани во форма на прилив на бегалци, тероризам и дејства од позиција и идеолошка основа на исламскиот фундаментализам како последица од случувањата на Блискиот исток – проф. д-р Никола Дујовски, декан, ФБ

Неопходност од соработка, интеракција и изградба на националниот систем за безбедност и одбрана во коалиционен формат – генерал во пензија Зоран Димов, Клуб на генерали

12:00 – 13:15 – Прашања и дискусија

13:15 – 13:30 – Завршни забелешки и заклучоци

Балкански форум за безбедност

ПАРТНЕРИ - СОРАБОТНИЦИ
PARTNERS - ASSOCIATES

ДОНАТОРИ
DONORS

Линкови
Links