СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ, 20.06.2013

На 20 јуни 2013 година (четврток) со почеток во 10,00 часот на ФОН Универзитетот, Скопје (тркалезна сала, 5 спрат), во организација на “Балкански форум за безбедност“ ќе се одржи Панел сесија на тема:

“република македонија во следната деценија – алтернативи за економско-политичкиот и безбедносно-одбранбениот развој на земјата

со тези за дискусија:

1) Македонија во статус кво пред портите на ЕУ и НАТО – предизвик за создавање и изградба на нови стратегиски партнерства и

2) Македонското општество во контекст на актуелните и идните безбедносни предизвици и ризици.

На Панел сесијата ќе бидат презентирани размислувања и ставови на експерти и авторитети од политичко-економската, безбедносната и информативно-аналитичката и истражувачката област, посветени на глобалните, регионалните и македонските предизвици за политичко-економските и безбедносните ризици и движења.

Балкански форум за безбедност си постави за цел, врз експертска анализа на актуелните аспекти на политичко-економската состојба и безбедноста и стабилноста, да се даде поглед за развојот на нашата земја и регионот како безбедносна средина (здрава економија – безбедна средина) и за зацврстувањето на довербата и соработката во регионот во контекст на стабилноста на национално и регионално ниво, како предизвик и приоритет во насочувањето и интензивирањето на активностите на полето на вредностите на безбедноста и во создавањето услови за одржлив развој на локално и регионално ниво.

Се очекува дека дека авторитетите и експертите, кои ќе дебатираат на Панел сесијата, ќе придонесат за пошироки и подлабоки сознанија за севкупните ризици и можните нови појавни манифестации на кризи и кризни ситуации, за идеите и организациската подготвеност како да се одговори на предизвиците и на потребните подобрувања во концептот на националната и регионалната безбедност.

Тези за дискусија

– Актуелните состојби во однос на македонските интеграции во европските и евроатлантските структури, како предизвик за изнаоѓање на нови алтернативи во економската соработка,

– Можности за создавање и изградба на стратегиски партнерства преку привлекување инвестиции и изнаоѓање пазари за пласман на македонските производи надвор од земјите на ЕУ,

– Перспективите во развојот на економската соработка на Македонија со земјите надвор од ЕУ,

– Развојните аспекти на македонското општество во контекст на безбедноста,

– НАТО, европската безбедност и местото на Република Македонија во контекст на безбедноста на регионално и глобално ниво,

– Одлагањето на интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО – причина за јакнење на ЕУ и НАТО-скептицизмот,

Учесници

Покрај учеството на членовите на “Балкански форум за безбедност”, на дебатата се поканети и ќе им биде овозможено свој придонес да дадат експерти и аналитичари од политичко-економската, безбедносната и информативно-аналитичката и истражувачката област.

П Р О Г Р А М А

09:30 – 10:00 – Регистрација на учесниците и гостите

10:00 – 10:15 – Воведен збор и официјално отворање на Панел сесијата

д-р Благоја Марковски,

претседател на Балкански форум за безбедност

10:15 – 13:00 –Панел сесија – тези за дискусија:

– Македонија во статус кво пред портите на ЕУ и НАТО – предизвик за создавање и изградба на нови стратегиски партнерства

– Македонското општество во контекст на актуелните и идните безбедносни предизвици и ризици

Модератор:

Проф. д-р Стојан Кузев,

Декан на Факултетот за детектив и криминалистика при Европскиот универзитет Скопје

Панелисти:

Ристо Никовски,

Амбасадор на Р. Македонија и аналитичар и публицист од областа на меѓународните односи

Христо Ивановски,

уредник во весникот “Дневник“

Проф. д-р Фросина Ташевска Ременски,

Професор на Факултетот за безбедност Скопје

Проф. д-р Владимир Пивоваров,

Професор на Факултетот за детективи и безбедност при ФОН Универзитетот Скопје

Проф. д-р Горан Илиќ,

Доцент на Правниот факултет на Универзитетот Св Климент Охридски Битола

13:00 – 13:15 – Кафе пауза

13:15 – 15:00 – Прашања и дискусија

15:00 – 15:30 – Завршни забелешки и заклучоци

ПАРТНЕРИ - СОРАБОТНИЦИ
PARTNERS - ASSOCIATES

ДОНАТОРИ
DONORS

Линкови
Links