СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ, 26.11.2011

На 26.11.2011 година (сабота) со почеток во 11,00 часот во Домот на АРМ во Скопје, во организација на Балкански форум за безбедност ќе се одржи Панел сесија на тема Македонски и регионални предизвици пред самитот на НАТО во Чикаго” на која ќе бидат претставени размислувања и ставови на експерти од безбедноста и одбраната, професори и инструктори од образовните институции кои имаат програми за безбедност и други авторитети од Република Македонија.

Во следните месеци “Балканскиот форум за безбедност“ ќе организира уште неколку панел сесии посветени на глобалните, регионалните и македонските предизвици за политичко-економските и безбедносните ризици и движења, кои треба да завршат до Самитот на НАТО во Чикаго следната година, со заклучоци и пораки кои ќе произлезат од дебатите на претставници на државните структури на Република Македонија и експерти и авторитети вклучени во овие панел сесии.

Цели на панел дискусијата

Панел дискусијата има за цел да ги афирмира општите утврдени безбедносни вредности преку дебати, идеи, опции и конкретни планирани активности со цел да се укаже на најефикасните начини за воспоставување на безбедна и политички стабилна средина во Република Македонија и регионот.

Балкански форум за безбедност си постави за цел, врз експертска анализа на актуелните аспекти на безбедноста и стабилноста, да се даде поглед на учесниците на дебатата за патот на натамошната изградба на системот за безбедност на Македонија во контекст на стабилноста на национално и регионално ниво, како предизвик и приоритет во насочувањето и интензивирањето на активностите на полето на вредностите на безбедноста и во создавањето услови за одржлив развој, зацврстување на довербата и соработката во регионот.

Значаен очекуван резултат е дека авторитетите, експертите и научниците кои се занимаваат со проблематиката на безбедноста и одбраната, поврзани со политики и анализи, ќе придонесат за пошироки и подлабоки сознанија за севкупните ризици и можните нови појавни манифестации на кризи и кризни ситуации, за идеите и организациската подготвеност како да се одговори на предизвиците и на потребните подобрувања во концептот на националната безбедност.

Очекуваме дека важен исход од панел дискусијата ќе биде и натамошното зајакнување на довербата во регионот преку меѓусебно информирање по прашањата од достигнувањата во областа на безбедноста и одбраната.

Пристап

Панел дискусијата ќе биде интерактивна

Тези за дискусија

– Актуелните безбедносни состојби во земјата и регионот, како предизвик за eвро-атланските приоритети.

– Македонската дипломатија во контекст на афирмација на реформите во секторот на безбедноста и компромисот околу името,

– НАТО, европската безбедност и местото на Република Македонија во контекст на безбедноста на регионално и глобално ниво,

– Чикаго 2012 – потврда на македонскиот придонес или причина за јакнење на НАТО-скептицизмот,

– Постои ли македонска алтернатива за НАТО – Дали неутралноста има шасни?

Учесници:

На панел дискусијата се поканети и ќе им биде овозможено да развијат интензивен дијалог претставници од највисок ранг на институциите од безбедносно-одбранбениот и надворешно-политичкиот сектор кои се занимаваат со планирање и имплементација на политиката за безбедност и одбрана, експерти од безбедноста и одбраната, професори и инструктори од образовните институции кои имаат програми за безбедност и други авторитети од земјата кои на одреден начин, со своите видувања можат да придонесат во оставрување на целта на панел дискусијата.

Поканети се :

– Министерот за одбрана на Република Македонија,

– Министерот за надворешни работи на Република Македонија

Очекуваме да присуствуваат и учествуваат и претставници од:

– Кабинетот на Претседателот на Република Македонија,

– Министерството за внатрешни работи,

– Комисијата за безбедност и одбрана во Собранието на Република Македонија,

– Образовните и други институции и организации од Република Македонија,

– Меѓународните организации: ЕУ, ОБСЕ, НАТО,

– Амбасадите во Република Македонија,

– Експерти од областа на безбедноста и одбраната,

– Авторитети од областа на политичкиот и информативниот простор во Македонија.

Работен јазик:

Македонски и англиски јазик. Преводот ќе биде обезбеден.

ПРОГРАМА

Македонски и регионални предизвици пред самитот на НАТО во Чикаго”

сабота, 26 ноември 2011 година

11:00 – 15:00 часот, Дом на АРМ, сала 4, Скопје

10:45 – 11:00 – Пристигнување и регистрација на учесниците и гостите

11:00 – 11:10 – Воведен збор

11:10 – 12:10 – Прва панел дискусија: Македонија во НАТО и европската безбедност – реалност или само огледален приказ на желби

Тези за дискусија:

– Актуелните безбедносни состојби во земјата и регионот, како предизвик за eвро-атланските приоритети,

– Македонската дипломатија во контекст на афирмација на реформите во секторот на безбедноста и компромисот околу името,

– НАТО, европската безбедност и местото на Република Македонија во контекст на безбедноста на регионално и глобално ниво.

12:10 – 12:40 – Прашања и дискусија

12:40 – 12:50 Кафе пауза

12:50 – 13:00 Вовед во втората панел дискусија

13:00 – 13:40 Втора панел дискусија: Аналитичко-медиумски поглед – очекувањата и ставовите на јавноста од Самитот во Чикаго

Тези за дискусија:

– Чикаго 2012 – потврда на македонскиот придонес или причина за јакнење на НАТО-скептицизмот,

– Постои ли македонска алтернатива за НАТО – дали неутралноста има шанси?

13:40 – 14:00 – Прашања и дискусија

14:00 – 14:15 – Завршни забелешки и заклучоци

14:15 – 15:00 – Коктел за учесниците и гостите

Балкански форум за бебзбедност