СООПШТЕНИЕ – 04.05.2006

СООПШТЕНИЕ,

Здружението на граѓани „Балкански форум за безбедност“ во основање, ве поканува на своето Основачко собрание кое ќе се одржи на 06.05.2006 година (сабота) во 11,00 часот во хотелот „холидеј ин“ во Скопје.

Ќе ни биде задоволство ако со присуството на ваш претставник придонесете во одбележувањето на овој за нас значаен настан.

Ви благодариме и ве очекуваме.

Програма:

Реферат за потребата од формирање на Форумот

Усвојување на основачките документи

Избор на органи на Здружението

Коктел

*****

Поаѓајќи од фактот дека решавањето на задачите од областа на безбедноста е актуелно прашање за политичките, военополициските, но и за сите други општествени структури на државата, какви што се и здруженијата на граѓани, 19 македонски авторитети (9 доктори на науки, 2 магистри, 4 уредници-новинари, 3 експерти и 1 стопанственик) се одважија своите индивидуални способности и лични одговорности, како и способностите за тимска – колективна работа да ги стават во функција на несебично и сестрано интелектуално и практично опредметено делување во областа на изградбата на вреденостите на безбедноста.

Здружението ќе има за цел низ отворени дебати, идеи, опции и опредметени конкретни плански активности да ги афирмира општопотврдените вредности на безбедноста и да посочува на најефективните можни начини во изградбата на безбедна воено-политичка средина на просторот на Република Македонија и во регионот.

Дејствувајќи во рамките на законската регулатива, Здружението ќе изградува пристап во решавањето на прашањата со исклучително стручна компонента, а соработката со домашните и странските субјекти ќе ја заснова врз принципот на заедничка корисност и реципрочност, во функција на нашето приближување и зачленување во евроатлантските интеграции и во контекст на изградба на меѓусебната доверба и зацврстувањето на мирот на сите земји и народи од регионот и пошироко.

Основачки одбор