Органи на Балкански форум за безбедност
Претседател на Балкански форум за безбедност

Благоја Марковски
Претседателот на Балкански форум за безбедност по функција е претседател и на Извршниот одбор.
Претседателот на Балкански форум за безбедност го претставува и застапува Здружението пред сите институции и сите нивоа во Републиката и надвор од неа и е потписник на жиро-сметката на Здружението.
Претседателот на Балкански форум за безбедност:
– ги свикува и раководи со седниците на Извршниот одбор;
– ги распоредува задачите и го координира и контролира нивното извршување;
– назначува и ослободува од должност платен оперативен персонал.
Претседател на Собранието

Александар
Чомовски
Претседател на Собранието на Балкански форум за безбедност е Александар Чомовски, уредник и новинар.
Претседателот на Собранието на Балкански форум за безбедност го претставува Собранието, ги свикува седниците на Собранието и раководи со нив, се грижи за примена на Статутот и Програмата на Здружението и ги потпишува одлуките донесени на седниците на Собранието.
Претседателот на Собранието ја испитува уредноста на иницијативата за поднесување предлог за пристапување кон измена на Статутот и Програмата на Здружението.
Претседателот на Собранието се грижи за усогласување на активностите на Собранието со претседателот на Балкански форум за безбедност.
Претседател на Надзорниот одбор

Зоре Tемелковски
Претседател на Надзорниот одбор на Балкански форум за безбедност е Зоре Tемелковски, стопанственик.
Претседателот на Надзорниот одбор на Балкански форум за безбедност врши надзор над исправноста на изборите во Здружението; врши увид во материјално финансиското работење и ревизија на тековното работење; врши надзор над исполнувањето на правата и обврските на членовите во однос на Статутот и актите на Здружението.