За нас

Балкански форум за безбедност

На 6 мај 2006 година, 19 македонски авторитети (9 доктори на науки, 2 магистри, 4 уредници-новинари, 3 експерти од областа на безбедноста, одбраната и меѓународните односи и 1 стопанственик) формирајќи го Здружението на граѓани “Балкански форум за безбедност“, се одважија своите индивидуални и лични одговорности, како и способности за тимска – колективна работа да ги стават во функција на несебични и сестрано интелектуално и практично опредметено делување во областа на изградбата на вредностите на безбедноста.

“Балкански форум за безбедност“ има за цел низ отворени дебати, идеи, опции и опредметени конкретни плански активности да ги афирмира општопотврдените вредности на безбедноста и да посочува на најефективните можни начини во изградбата на безбедна воено-политичка средина на просторот на Република Македонија и во регионот.

“Балкански форум за безбедност“ развива научна и општествена теоријско-емпириска дејност во сферата на безбедноста, управувањето со кризи и промовирањето на вредностите на мирот и мирољубивото решавање на конфликти на територијата на Република Македонија, Балканот, Европа и светот, заснована на експертски истражувања, анализи и согледувања. Во решавањето на прашањата изградува пристап со исклучително стручна компонента, а соработката со домашните и странските субјекти ја заснова врз принципот на заедничка корисност и реципрочност, во функција и во контекст на изградба на меѓусебната доверба и зацврстувањето на мирот на сите земји и народи од регионот и пошироко.

***

Целите, дефинирани во Статутот и програмската платформа на Здружението “Балкански форум за безбедност“, се постигнуваат преку планирање и реализација на следните основни задачи:

– истражување за предизвиците, ризиците и заканите по безбедноста на национално, регионално и глобално ниво, од една страна, и на општествените приспособувања и утврдената практика во областа на безбедноста, од друга страна, врз основа на што подготвува анализи и проценки за развојните тенденции;

– остварување на консултативни функции како помош на државните органи и општествените организации во дефинирањето и изградбата на критериуми за проценка на проблемите поврзани со спроведувањето на политиката за безбедност и одбрана во случај на конфликтни и кризни ситуации;

– развивање на научно-истражувачка дејност и создавање на истражувачки групи за конкретни прашања, како и изградба на централна база на податоци за проблемите на безбедноста во јавната администрација;

– воспоставување конструктивна соработка со странски научни и научно применети организации и размена на експертски ставови, гледишта и идеи во насока на унапредување на мирот на локално, регионално и глобално ниво и афирмација на Република Македонија како несомнена безбедносна средина во која постои и простор и можност за соработка и привлекување странски инвестиции;

– содејство за организирање на перспективна подготовка на персонал како потенцијал способен да одговори на растечките потреби на општеството и процесите на пристапување на Република Македонија во Европската унија и колективните системи за безбедност;

– развивање на активности во форма на периодична организација и имплементација на научни и други настани и едукација по пат до семинари и работилници, експертско-консултативни дискусии, трибини и тркачки маси во функција на јавна дебата, иницирање закони и подзаконски акти;

– планирање, организирање и имплементација на проекти за создавање јасни и сеопфатни кодекси за однесување и безбедносна култура на сите сегменти од општествениот живот, со цел намалување на предизвиците, ризиците и заканите по безбедноста;

– организација на издавачка дејност, развој на студии и презентирање на свој информативен и консултативен продукт низ електронска форма преку Интернет;

 

– обединување на сопствените усилби со истите сродни организации во земјата и во странство.

ПАРТНЕРИ - СОРАБОТНИЦИ
PARTNERS - ASSOCIATES

ДОНАТОРИ
DONORS

Линкови
Links