СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ, 01.06.2017

Клуб на генерали– Балкански форум за безбедност – Здружение на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ

Почитувани,

На 01.06.2017 година (четврток) со почеток во 10,00 часот во Домот на АРМ (сала 4) во Скопје, Клубот на генерали, Балкански форум за безбедност и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, во заедничка организација, ќе одржат научно-експертска конференција на тема “АКТУЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДИЗВИЦИ, на која ќе бидат презентирани размислувања и ставови на експерти и авторитети од сферата на безбедноста и одбраната, посветени на глобалните, регионалните и македонските перспективи за безбедносните предизвици и движења.

Зедничката идеја и цел на Клубот на генерали, на Балкански форум за безбедност и на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста е, врз експертска анализа на актуелните аспекти на безбедноста и стабилноста, да се даде поглед за патот на натамошната изградба на системот за безбедност на Македонија во контекст на стабилноста на национално и регионално ниво, како предизвик и приоритет во насочувањето и интензивирањето на активностите на полето на вредностите на безбедноста и одбраната и во создавањето услови за одржлив развој, зацврстување на довербата и соработката во регионот.

Значаен очекуван резултат е дека авторитетите, експертите и научниците кои се занимаваат со проблематиката на безбедноста и одбраната, поврзани со политики и анализи, ќе придонесат за пошироки и подлабоки сознанија за севкупните ризици и можните нови појавни манифестации на безбедносните состојби, за идеите и организациската подготвеност како да се одговори на предизвиците и на потребните подобрувања во концептот на националната безбедност.

ПРОГРАМА

“АКТУЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДИЗВИЦИ

Четврток, 01 јуни 2017 година

10:00 – 13:30 часот, Дом на АРМ, Скопје (сала 4)

09:30 – 10:00 – Регистрација на учесниците и гостите

10:00 – 10: 05 – Официјално отворање на Панел сесијата

Генерал во пензија Борис Стојаноски, Потпретседател на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста

10:05 – 10:15 – Воведно излагање: “Актуелни безбедносни предизвици

Д-р Благоја Марковски, Претседател наБалкански форум за безбедност

10:15 – 11:45 – Тези за дебата

Модератор:

д-р Благоја Марковски, Балкански форум за безбедност

Проф. д-р Темелко Ристески, Декан на правен факултет, ФОН универзитет

– Актуелните политичко-безбедносни состојби и нивното влијание врз развојните аспекти на македонското општество во контекст на безбедноста,

Проф. д-р Владимир Пивоваров

– Настаните од 27 април – отрезнувачка поука или мултиплицирање на кризата во Македонија,

Генерал во пензија Мирослав Стојановски, Клуб на Генерали

– Место и улога на безбедносните структури во услови на кризни и вонредни состојби,

Проф. д-р Осман Кадриу, факултет за правни науки, ФОН

– Ослободувањето на “заробената држава“ како предуслов за сеопшта сигурност на граѓаните на Македонија,

Велин Стојановски, полк. во пензија, Здружение на ветерани

– Актуелните безбедносни состојби во земјата и регионот, како предизвик за eвро-атланските приоритети,

Амбасадор Благој Зашев

– Геостратегиски и геополитички аспекти на причините за појава на безбедносни кризи.

11:45 – 12:00 – Кафе пауза

12:00 – 13:15 – Прашања и дискусија

13:15 – 13:30 – Завршни забелешки и заклучоци

Клуб на генерали

Балкански форум за безбедност

Здружение на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста

ПАРТНЕРИ - СОРАБОТНИЦИ
PARTNERS - ASSOCIATES

ДОНАТОРИ
DONORS

Линкови
Links