Почитувани,
Денес, 29.09.2016 година, со почеток во 11,00 часот во Домот на АРМ (сала 4) во Скопје, во организација на „Балкански форум за безбедност“ ќе се одржи Шестата панел сесија на тема:
“БЕЗБЕДНОСТА ВО ПРОГРАМСКИТЕ ОПРЕДЕЛБИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧКИ СУБЈЕКТИ“.
На Панел дебатата ќе бидат презентирани размислувања и ставови, посветени на глобалните, регионалните и македонските перспективи за безбедносните предизвици и движења на претставници на политичките партии во Република Македонија, на претставници од НВО секторот, како и на експерти и авторитети од областа на безбедноста, внатрешната и надворешната политика.
Учесници
Покрај членовите на “Балкански форум за безбедност”, на дебатата учествуваат претседатели или претставници на политичките партии: СДСМ, ДС, ДОМ, ВМРО-НП, ТМРО, НДМ, Унитети, ОМ, Достоинство, ПОПГМ, Левица, како и претставници на движења и НВО и експерти и аналитичари од политичката, безбедносната и информативно-аналитичката и истражувачката област.
ПРОГРАМА
VI Панел сесија на тема:
“Безбедноста во програмските определби на македонските политички субјекти“
четврток, 29 септември 2016 година
11:00 – 14:30 часот, Дом на АРМ, Скопје (сала 4)
10:30 – 11:00 – Регистрација на учесниците и гостите
11:00 – 11:10 – Воведен збор и официјално отворање на Панел сесијата
д-р Благоја Марковски,
претседател на Балкански форум за безбедност
11:10 – 12:30 – Воведни излагања на тема: “Безбедноста во програмските определби на македонските политички субјекти“
Тези за вовед и дебата:
– Развојните аспекти на македонското општество во контекст на безбедноста,
– Актуелните безбедносни состојби во земјата и регионот, како предизвик за eвро-атланските приоритети,
– Геостратегиски и геополитички аспекти на причините за појава на безбедносни кризи,
– Местото на Република Македонија во контекст на безбедноста на регионално и глобално ниво,
– Македонија во НАТО – реалност или фиктивна детерминираност во програмските определби,
– Македонија во статус кво пред портите на ЕУ и НАТО – предизвик за создавање и изградба на нови стратегиски партнерства,
– Одлагањето на интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО – причина за јакнење на ЕУ и НАТО-скептицизмот,
– Можности за создавање и изградба на стратегиски партнерства во контекст на безбедноста на регионално и глобално ниво.
Модератор:
Проф. д-р Стојан Кузев, Балкански форум за безбедност
Панелисти:
11:15 – 11:30 – Г-дин Павле Трајанов, поранешен министер на МВР, претседател на ДС
11:30 – 11:45 – Проф. д-р Назми Маличи, декан, Факултет за политички науки и дипломатија, ФОН универзитет, Скопје
11:45 – 12:00 – Проф. д-р Цане Мојаноски, Факултет за безбедност, Скопје
12:00 – 12:15 – Проф. д-р Јове Кекеновски, Универзитет „Св. Климент Охридски”, Битола
12: 15 – 12:30 – Професор Иван Бабановски, поранешен оперативен работник во Управата за државна безбедност, Универзитетски професор по безбедност и експерт по меѓународен тероризам
12:30 – 12:45 – Кафе пауза
12: 45 – 14:15 Прашања и дискусии на учесниците
14:15 – 14:30 – Завршни забелешки и заклучоци