Медиумите за панелот, 26.06.2014

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=5FA56A330C6FE84AB79625DE66983F2F

Датум: 26.06.2014, 18:28

БЛОКАДАТА ОД ГРЦИЈА РАЃА СКЕПТИЦИЗАМ ЗА ЕУ И НАТО

Името на Република Македонија не смее да биде услов за членство во ЕУ и НАТО, а одлагањето на интеграциите поради блокадите од Грција во земјава предизвикува с` поприсутен скептицизам кон двете организации. Тоа се дел од заклучоците на четвртата панел-сесија на Балканскиот форум за безбедност на тема „Промена на името – услов за македонските амбиции за членство во ЕУ и НАТО“, кој се одржа вчера, во Скопје. На сесијата, меѓу другите, учествуваа и професорите Стефан Влахов Мицов, Јове Kекеновски и Иван Бабановски.

Македонија треба да го брани уставното име преку меѓународното право, особено со одлуката на Меѓународниот суд на правдата, а паралелно со процесот на интеграција во ЕУ и НАТО, треба да создава нови стратегиски партнерства и да развива соработка со земји и во и надвор од ЕУ и НАТО, вели Благоја Марковски, претседател на Форумот.

– Билатерални договори за стратегиска соработка со земји надвор од ЕУ и НАТО, па и со Русија, не можат да бидат пречка за евроатлантските интеграции – смета Марковски.

Учесниците на дебатата сметаат дека не треба да се брза во барање решение на проблемот со Грција за уставното име на Македонија, туку треба да се прават добри процени за ефективно решение.

http://www.telma.com.mk/vesti/nato-bez-alternativa-ili-svtuvanje-na-istok\

НАТО БЕЗ АЛТЕРНАТИВА ИЛИ СВТУВАЊЕ НА ИСТОК?

Нема безбедносни ризици за Македонија ако не влезе во НАТО. Меѓутоа мора да се бараат алетернативи затоа што условувањето на приемот во Алијансата со решавање на спорот со името, само ја става Македонија во потчинета ситуација во споредба со другите земји кандидати од кои се бара само исполнување на критериумите. Овој став го застапуваа повеќето учесници во дебатата што ја организираше Балканскиот форум за безбедност.  

За претседателот на Форумот, Благоја Марковски најавата дека проширувањето не е на дневен ред на претстојниот самит на НАТО, значи продолжување на агонијата и зацврстување на скептицизмот на македонските граѓани кон Алијансата. Но, смета дека тоа не ја става земјата во опасност.

-Нечленувањето, посебно во НАТО структурите, за Македонија нема некоја опасност со оглед на тоа што за државата не постојат во оваа ситуација, верувам и во иднина, некои предизвици во безбедноста во смисла – агресии од соседите. Македонија повеќе проблеми има внатре во своите структури меѓу своето население и тука треба да го даде тежиштето во обезбедувањето на една безбедносна средина, рече Марковски.

За него алтернатива на членството во НАТО се билатералните договори во областа на одбраната, какви што Македонија има склучено со САД и Турција. Сличен став има и поранешниот разузнавач Иван Бабановски. Тој се залага за прекин на преговорите со Грција и Македонија да се сврти кон истокот.

-Македонија треба да го искористи пријателството на Руската федерација и да се сврти кон Кина и другите евроазиски сили, вели Бабановски.

Единствено професорот Јове Кекеновски не се согласува со овие позиции.

-Нема алтернатива освен членство во ЕУ. Макеоднија треба да се угледа на Србија која брзо чекори кон ЕУ а одржува и добри односи со Русија, рече Кекеновски.

Тој не  верува дека македонските политички елити воопшто се обиделе да го решаваат спорот со името, туку само манипулираат со јавноста. Преговорите со посредство на Нимиц не даваат резултати, смета Кекеновски и според него, Македонија треба овој спор кој е интернационален, а не билатерален, да се обиде да го реши преку правни средства во Советот за безбедност. 

Сања Васиќ 

http://24vesti.mk/novi-alternativi-za-makedonija

Нови алтернативи за Македонија

26.06.2014 | 16:57

Прочитано: 853

Да се напуштат преговорите со Атина околу спорот со името и да се бара друга алтернатива како Русија и Кина сметаат дел од експертите откако станува се појасно дека ниту на следниот Самит на Алијансата прашањето за поканата на Македонија воопшто нема да се разгледува.

Поранешниот воен офицер Благоја Марковски и екс контраразузнавачот Иван Бабамовски согласни се дека за земјава нема надворешна опасност.

– Лично сметам дека и нечленувањето, посебно во НАТО структурите, за Република Макеоднија нема некоја опасност со оглед на тоа што за РМ не постојат во оваа ситуација, верувам и во иднина, некои предизвици во безбедноста во смисла – агресии од соседите. Република Македонија повеќе проблеми има внатре во своите структури меѓу своето население и тука треба да го даде тежиштето во обезбедувањето на една безбедносна средина, изјави  Благоја Марковски.

– Ние и така живееме перманентно 20 и кусур години во нарушена безбедносна и политичка состојба. Нема потешка безбедносна состојба од оваа во која живее македонскиот граѓанин, а тоа е на работ на социјалната беда. Ние сме најсиромашниот елемент во Европа и тоа треба Европа да ја загрижува и да се срами од ова. Нашите државници и политичари кои се кријат зад ова, еднаш да излезеа на јавна полититчка и меѓународна сцена и да кажеа „ние ќе побараме алтернативи за нашето политичко, економско, воено, културно изразување во светски размери“! Ние мора да побараме алтернативи, оној момент кога Укранина се определи за алтернатива, Европа се разбуди, но беше доста доцна, додаде Иван Бабамовски.

За разлика од нив универзитетскиот професор Јове Кекеновски смета дека ЕУ и НАТО се единствената опција за Македонија. За излез од ќорсокакот препорачува наместо политички, решение за спорот околу името да се бара со правни механизми.

– Ние водиме постојано една јалова политика, која е во функција на калкулирање со своите избирачи и во функција на билдање на сопствениот рејтинг. Во моментов многу алтернативи не постојат за Македонија, во овој момент единствена алтернатива за РМ е НАТО и ЕУ, со тоа што сето она што некои го размислуваат – приближување од Запад кон Исток, до големите сили, во овој момент е доста нереално. Чинам дека тоа е идеалниот пат за наше идно опстојување и сигурно решавање на сите проблеми и излегување од оваа криза, смета Кекеновски.

И тројцата се согласни дека единствена опасност за безбедноста на земјава доаѓа одвнатре во можноста од меѓуетнички конфликт. Но и во таков случај велат, НАТО алијансата не е адресата на која ќе треба да се обратиме за помош.

http://www.alfa.mk/News.aspx?id=78838#.U6xnapSSzSs

Статус-кво позицијата за НАТО и ЕУ не е закана за Македонија

Името не може да биде равенство за членство во НАТО и ЕУ и не постои закана за Македонија од надвор доколку остане статус-кво позицијата за земјава во евроатлантските интеграции.

26.06.2014 18:23:16

Името не може да биде равенство за членство во НАТО и Европската унија и не постои закана за Македонија од надвор доколку остане статус-кво позицијата за земјава во евроатлантските интеграции. Ова е сублимираниот став на  аналитичарите кои денеска дебатораа на темата „Промена на и името – услов за македонските амбиции за членство во ЕУ и НАТО“, во организација на Балканскиот форум за безбедност.

Дел од учесниците во дебатат сметаат дека Македонија треба да ги прекине разговорите за името и да се сврти кон евроазиските партнери. 

„Да ги искористиме нашите пријателски односи со Руската Федерација и НР Кина“, смета универзитетскиот професор, Иван Бабановски. 

Со сличен став е и Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност, според кого членството во НАТО Македонија може да го компензира со  билатерлани, трилатерлани и мултилатерлани договори во делот на одбраната и безбедноста кои би создале бебзедносен чадор за неа по примерот на спогодбите кои ги има со САД и со Турција. Марковски смета дека не постои опасност од можна агресија од соседите докллку останеме надвор од НАТО. За него безбедносните предизвици се во земјата. 

„Македонија повеќе проблеми има внатре меѓу своите структури, меѓу своето население и тука треба да го најде тежиштето во обезбедување на една безбедносна средина“, вели Марковски. 

Дека Македонија не треба да биде загрижена за својата безбедност доколку остане надвор од НАТО и Унијата е став и на унверзитетскиот професор, Јове Кекеновски, кој пак смета дека во даденава ситуација не постојат многу алтернативи за Македонија освен Европската унија. Кекеновски се осврна и на процесот во ОН за името со став дека во него постојат правни пропусти на штета на Македонија, за кои постојат правни механизми да се исправат. 

„Кога би с еработело лично за мене, јас сигурно би се повлекол, меѓутоа во една ваква ситуација кога имаме преземено обврски потпишувајќи ја таа Времена спогодба, ние не можеме да се повлечеме, ние мора да преговараме. Мораме со правни мерки, средства, инструменти и постапки да го решиме проблемот“, изјави Кекеновски. 

Експертите кои учествуваа во денешната дебата ја повикаа меѓународната заедница да го почитува и применува меѓународното право во поглед на спорот за името.

Тамара Грнчароска

http://alsat.mk/index.php/vesti/od_zemjata/9731-дебата-посветена-на-интеграцијата%2C-се-побара-прекинување-на-преговорите-со-грција.html

Дебата посветена на интеграцијата, се побара прекинување на преговорите со Грција

Македонија треба да ги прекине разговорите со Грција околу прашањето за името и да бара други алтернативи и тоа надвор од ЕУ и НАТО. Ова го изјавија Благоја Марковски и Иван Бабановски на денешната дебата на темата: „Промена на името, услов за македонските амбиции за членство во ЕУ и во НАТО“.

Поинаку мисли универзитетскиот професор Јове Кекеновски. Тој вели дека решавањето на спорот со името, како услов за членство во евро –атлантските структури, треба да се направи во ОН, преку нова резолуција, бидејќи досегашните преговори не дадоа никакви резултати.

Според Кекеновски, барањето на алтернативи во моментот не се реални и дека подобро ќе биде да се следи примерот на Србија, која има добри односи со ЕУ, но исто така и со Русија.

Ѓултен Реџалари

http://www.plusinfo.mk/vest/141768/Ekspertska-Tga-za-istok-na-Balkanskiot-forum-za-bezbednost

Експертска „Т‘га за исток“ на Балканскиот форум за безбедност

Промената на уставното име не може да биде услов Македoнија да влез во НАТО и ЕУ, сметаат дел од експертите кои денеска учествуваа на трибина во организација на „Балканскиот форум за безбедност“, кој се одржа во Скопје.

Доколку спорот со името кој на Македонија ѝ го наметна Грција не може да се реши врз основа на правни норми, тогаш земјава наместо НАТО и ЕУ, треба да бара други алтернативи, смета поранешниот воен офицер Благоја Марковски.

– Лично сметам дека и нечленувањето, посебно во НАТО структурите, за Република Макеоднија нема некоја опасност со оглед на тоа што за РМ не постојат во оваа ситуација, верувам и во иднина, некои предизвици во безбедноста во смисла – агресии од соседите. Република Македонија повеќе проблеми има внатре во своите структури меѓу своето население и тука треба да го даде тежиштето во обезбедувањето на една безбедносна средина – вели Марковски.

Според него, фактот што земјава веќе има потпишано билатерални спогодби на планот на безбедноста и одбраната со Република Турција и со стратешкиот партнер САД, нечленството во НАТО може да го компензира со продолжување на тие договори, со што земјата би си обезбедила еден сигурносен чадор.

Поранешниот контаразузнавач, универзитетскиот професор Иван Бабамовски смета дека Македонија веднаш треба да прекине со преговорите за името, а наместо кон НАТО и ЕУ, земјата да се фокусира кон пријателски односи со Турција, на Евроазиските интеграции, Кина и Русија.

– Ние и така живееме перманентно 20 и кусур години во нарушена безбедносна и политичка состојба. Нема потешка безбедносна состојба од оваа во која живее македонскиот граѓанин, а тоа е на работ на социјалната беда. Ние сме најсиромашниот елемент во Европа и тоа треба Европа да ја загрижува и да се срами од ова. Нашите државници и политичари кои се кријат зад ова, еднаш да излезеа на јавна полититчка и меѓународна сцена и да кажеа „ние ќе побараме алтернативи за нашето политичко, економско, воено, културно изразување во светски размери“! Ние мора да побаарме алтернативи, оној момент кога Укранина се определи за алтернатива, Европа се разбуди, но беше доста доцна – рече Бабамовски.

Грешката со Македoнија е направена многу поодамна, уште со нејзиното влегување во ООН, смета универзитетскиот професор Јове Кекеновски, но според него загрижува фактот што досега ниту еден не се обидел да ја поправи таа грешка, иако, како што тврди Кекеновски, постои правна можност за тоа. За разлика од другите соговорници, Кекеновски смета дека ЕУ и НАТО се единствените алтернативи за земјава.

– Ние водиме постојано една јалова политика, која е во функција на калкулирање со своите избирачи и во функција на билдање на сопствениот рејтинг. Во моментов многу алтернативи не постојат за Македонија, во овој момент единствена алтернатива за РМ е НАТО и ЕУ, со тоа што сето она што некои го размислуваат – приближување од Запад кон Исток, до големите сили, во овој момент е доста нереално. Чинам дека тоа е идеалниот пат за наше идно опстојување и сигурно решавање на сите проблеми и излегување од оваа криза – додаде Кекеновски. 

http://www.telegraf.mk/aktuelno/167384-ima-li-alternativa-status-kvoto-za-eu-i-nato-e-neodrzlivo

ИМА ЛИ АЛТЕРНАТИВА: Статус квото за ЕУ и НАТО е неодржливо

Следното разочарување ќе стигне утре кога во Брисел ќе се одржи самитот на Европската унија, со кој ќе се заокружи грчкото претседателство

Статус квото во кое се наоѓа Македонија во однос на евроатлантската интеграција на подолг рок е неодржливо и затоа Македонија мора да размислува за други алтернативи, без притоа да биде принудена да го промени своето име, сметаат дел од познавачите.

Вчерашната одлука на челниците на НАТО на претстојниот самит во септември да нема проширување со нови членки е разочарувачка за Македонија, иако ставот на алијансата по прашањето за нашето членство е јасен и непроменлив уште од самитот во Букурешт.

Следното разочарување ќе стигне утре кога во Брисел ќе се одржи самитот на Европската унија, со кој ќе се заокружи грчкото претседателство. Македонија повторно нема да биде на дневен ред бидејќи ставот на земјите-членки е добро познат, односно на прашањето за одредување датум за преговори ќе се навратат оној момент кога ќе има решение на спорот за името. Затоа, пак, ќе биде потпишана спогодбата за асоцијација со Грузија, Молдавија и со Украина.

Експерти сметаат дека Македонија мора да размислува за продлабочување на соработката со земји како Русија, Кина и Турција, кои политичката и економската соработка не ја условуваат со уцени за промена за името или на идентитетот. Според нив, Македонија по никоја цена не смее да биде уценувана за промена на уставното име и на тој начин само се зголемува скептицизмот кај македонските граѓани околу нашето членство во Европската унија и во НАТО. Името, како што нагласуваат познавачите, не треба да биде равенство за наша интеграција во која било меѓународна организација.

Поранешниот разузнавач Иван Бабамовски е дециден дека Македонија мора да побара алтернативи и дека во никој случај не треба да се прифати промена на името.

– Македонија нема име за менување. Идентитетот и името не може да се променат. Ние мора да побараме алтернативи, оној момент кога Украина се определи за алтернатива, Европа се разбуди, но веќе беше доцна – нагласува Бабамовски.

За разлика од него, професорот Јове Кекеновски смета дека за Македонија не постојат други алтернативи освен ЕУ и НАТО и дека грешката е направена на почетокот на деведесеттите години кога прифативме прием во Обединетите нации под привремената референца.

– Ние мораме да преговараме бидејќи сме презеле обврска. Решението на спорот не треба да го бараме во Атина, туку во Советот за безбедност на ОН, каде што треба да се преземат правни мерки. Спорот за името не е билатерален бидејќи го менаџира меѓународната заедница – дециден е Кекеновски.

Во вчерашното образложение зошто претстојниот самит во Велика Британија нема да биде самит за проширување, првиот човек на НАТО, Андрес Фог Расмусен, не ја спомена директно Македонија, но нагласи дека за четирите земји-аспиранти не е потребен самит за да бидат примени за полноправни членки. Покрај Македонија, извиси и Црна Гора, која се надеваше дека ќе добие покана за прием, но тоа е одложено за крајот на следната година.

Јоанис Михалетос, професор од Солун, нагласува дека не треба да се прават споредби помеѓу разговорите за името и претстојниот самит на алијансата бидејќи тоа се два одвоени процеса.

– Мислам дека прашањето за името е поширока тема од проширувањето на НАТО и повеќе е поврзана со билатералните односи меѓу Атина и Скопје, така што не може да се каже дека неодамнешниот развој на настаните поврзани со Самитот ќе направи голема промена – дециден е Михалетос.

(Игор Чавески/Телеграф.мк)

http://24vesti.mk/novi-alternativi-za-makedonija

Нови алтернативи за Македонија

26.06.2014 | 16:57, Македонија, Прочитано: 913

Да се напуштат преговорите со Атина околу спорот со името и да се бара друга алтернатива како Русија и Кина сметаат дел од експертите откако станува се појасно дека ниту на следниот Самит на Алијансата прашањето за поканата на Македонија воопшто нема да се разгледува.

Поранешниот воен офицер Благоја Марковски и екс контраразузнавачот Иван Бабамовски согласни се дека за земјава нема надворешна опасност.

– Лично сметам дека и нечленувањето, посебно во НАТО структурите, за Република Макеоднија нема некоја опасност со оглед на тоа што за РМ не постојат во оваа ситуација, верувам и во иднина, некои предизвици во безбедноста во смисла – агресии од соседите. Република Македонија повеќе проблеми има внатре во своите структури меѓу своето население и тука треба да го даде тежиштето во обезбедувањето на една безбедносна средина, изјави  Благоја Марковски.

– Ние и така живееме перманентно 20 и кусур години во нарушена безбедносна и политичка состојба. Нема потешка безбедносна состојба од оваа во која живее македонскиот граѓанин, а тоа е на работ на социјалната беда. Ние сме најсиромашниот елемент во Европа и тоа треба Европа да ја загрижува и да се срами од ова. Нашите државници и политичари кои се кријат зад ова, еднаш да излезеа на јавна полититчка и меѓународна сцена и да кажеа „ние ќе побараме алтернативи за нашето политичко, економско, воено, културно изразување во светски размери“! Ние мора да побараме алтернативи, оној момент кога Укранина се определи за алтернатива, Европа се разбуди, но беше доста доцна, додаде Иван Бабамовски.

За разлика од нив универзитетскиот професор Јове Кекеновски смета дека ЕУ и НАТО се единствената опција за Македонија. За излез од ќорсокакот препорачува наместо политички, решение за спорот околу името да се бара со правни механизми.

– Ние водиме постојано една јалова политика, која е во функција на калкулирање со своите избирачи и во функција на билдање на сопствениот рејтинг. Во моментов многу алтернативи не постојат за Македонија, во овој момент единствена алтернатива за РМ е НАТО и ЕУ, со тоа што сето она што некои го размислуваат – приближување од Запад кон Исток, до големите сили, во овој момент е доста нереално. Чинам дека тоа е идеалниот пат за наше идно опстојување и сигурно решавање на сите проблеми и излегување од оваа криза, смета Кекеновски.

И тројцата се согласни дека единствена опасност за безбедноста на земјава доаѓа одвнатре во можноста од меѓуетнички конфликт. Но и во таков случај велат, НАТО алијансата не е адресата на која ќе треба да се обратиме за помош.