СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ , 12.05.2012

На 12.05.2012 година (сабота) со почеток во 10,00 часот во хотелот “Славија Спектар“, Охрид, во организација на “Балкански форум за безбедност“ ќе се одржи Панел сесија на тема “регионални предизвици пo самитот на НАТО во Чикаго” со тези за дискусија 1) Западен Балкан во следната деценија и 2) Република Македонија и регионот во НАТО – реалност или алтернативи.

На Панел сесијата ќе бидат презентирани размислувања и ставови на експерти и авторитети од Македонија и регионот посветени на глобалните, регионалните и македонските предизвици за политичко-економските и безбедносните ризици и движења во периодот по Самитот на НАТО во Чикаго.

Балкански форум за безбедност си постави за цел, врз експертска анализа на актуелните аспекти на безбедноста и стабилноста во регионот, да се даде поглед од страна на учесниците на дебатата за развојот на регионот како безбедносна средина и за зацврстувањето на довербата и соработката во регионот во контекст на стабилноста на национално и регионално ниво, како предизвик и приоритет во насочувањето и интензивирањето на активностите на полето на вредностите на безбедноста и во создавањето услови за одржлив развој на локално и регионално ниво.

Се очекува дека авторитетите, експертите и научниците кои ќе дебатираат на Панел сесијата ќе придонесат за пошироки и подлабоки сознанија за севкупните ризици и можните нови појавни манифестации на кризи и кризни ситуации, за идеите и организациската подготвеност како да се одговори на предизвиците и на потребните подобрувања во концептот на националната и регионалната безбедност, особено по претпоставените или очекуваните резултати од Самитот на НАТО во Чикаго.

Ве покануваме да го следите овој настан.

Ви благодариме, во очекување да се видиме на панел дискусијата.

Со почит,

Панел сесија

регионални предизвици пО самитот на НАТО во Чикаго”

Западен Балкан во следната деценија

Р. Македонија и регионот во НАТО – реалност или алтернативи

сабота, 12 мај 2012 година

хотел “Славија“, Охрид

П Р О Г Р А М А

09:30 – 10:00 – Регистрација на учесниците и гостите

10:00 – 10:10 – Воведен збор и официјално отворање на Панел сесијата

                        Д-р Благоја Марковски, претседател на Балкански форум за безбедност

10:10 – 12:30 – Панел сесија – тези за дискусија:

– Западен Балкан во следната деценија

    – Р. Македонија и регионот во НАТО – реалност или алтернативи

Модератор:

Проф. д-р Стојан Кузев

Професор на Европскиот универзитет на Република Македонија во Скопје

Панелисти:

Проф. д-р Ридван Пешкопиа, специјален гостин на Панел сесијата

Декан на Колеџот за општествени науки при Американскиот универзитет “Џорџ Вашингтон”, Тирана

Проф. д-р Билјана Ванковска,

Професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје и на Европскиот мировен универзитет во Штадшлајнинг (Австрија)

Н.Е. Ристо Никовски,

Амбасадор на Р. Македонија

Проф. д-р Жидас Даскаловски,

Директор на Факултетот за јавна политика “Мајка Тереза” и професор на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола

Проф. д-р Методи Хаџи Јанев,

Раководител на Катедра за општествени науки, Воена академија “Генерал Михаило Апостолски”, Скопје

Проф. д-р Кирил Христовски, специјален гостин на Панел сесијата

Професор на Државниот универзитет на Аризона во Темпи, САД

12:30 – 12:40 Кафе пауза

12:40 – 14:00 – Прашања и дискусија

14:00 – 14:10 – Завршни забелешки и заклучоци

14:10 – 15:00 – Ручек за учесниците и гостите