Медиумите за Панел дискусијата, 11.05.2012

Македонска информативна агенција – МИА:

Во Охрид панел-дискусија посветена на политичко-економските предизвици и ризици по Самитот на НАТО

Охрид, 11 мај 2012 (МИА) – Во организација на „Балканскиот форум за безбедност“ утре во Охрид ќе се одржи панел-сесија на која ќе бидат презентирани размислувања и ставови на експерти и авторитети од Македонија и регионот посветени на глобалните, регионалните и македонските предизвици за политичко-економските и безбедносните ризици и движења во периодот по Самитот на НАТО во Чикаго.

Главните прашања што ќе ги расправаат учесниците на панел-средбата насловена „Регионални предизвици по Самитот на НАТО во Чикаго“, ќе бидат Западниот Балкан во следната деценија и Македонија и регионот во НАТО – реалност или алтернатива.

Според најавите од организаторот, овие активности имаат цел врз експертска анализа на актуелните аспекти на безбедноста и стабилноста во регионот, да се даде поглед од страна на учесниците на дебатата за развојот на регионот како безбедносна средина и за зацврстувањето на довербата и соработката во регионот во контекст на стабилноста на национално и регионално ниво, како предизвик и приоритет во насочувањето и интензивирањето на активностите на полето на вредностите на безбедноста и во создавањето услови за одржлив развој на локално и регионално ниво.

Се очекува дека авторитетите, експертите и научниците кои ќе дебатираат на Панел сесијата ќе придонесат за пошироки и подлабоки сознанија за севкупните ризици и можните нови појавни манифестации на кризи и кризни ситуации, за идеите и организациската подготвеност како да се одговори на предизвиците и на потребните подобрувања во концептот на националната и регионалната безбедност, особено по претпоставените или очекуваните резултати од Самитот на НАТО во Чикаго. аб/вј/11:18

Македонска информативна агенција – МИА:

Панел дискусија за предизвиците на Македонија и регионот по самитот на НАТО во Чикаго

Охрид, 12 мај 2012 (МИА) – Членките на НАТО прават еден непринципиелен пристап кон Република Македонија, бидејќи никaде не постојат услови за прием во Aлијансата дека земјата мора да подклекне на барањата на Грција, истакна Благоја Марковски, претседател на Балканскиот фрум за безбедност на денешната панел дискусија „Регионалните предизвици по самитот на НАТО во Чикаго“.

Тој посочи дека се појасното искажување на членките на НАТО дека Република Македонија не може да стане членка на алијансата додека не го реши проблемот со името ни дава за право да размислуваме што и на кој план земјата треба да преземе за натамошниот развој.

Марковски смета дека државата посебно во економска смисла мора да се сврти и надвор од пазарите на Европската унија, односно таму каде што има свои интереси.

– Ја поздравувам одлуката и напорите на Владата кои веќе го почнаа процесот на отворање на Македонија и кон други свери од регионот, но и подалеку. Мислам дека тоа е единственото решение за државата во немањето можности да се реши проблемот и да стане брзо членка на НАТО и ЕУ,  својот економски развој да го бара надвор од Унијата, нагласи Марковски.

Основна идеја за панел  дискусијата, додаде тој, е она што Република Македонија, но и регионот на Западен Балкан треба да го очекува по самитот на НАТО во Чикаго.

– Иако таму не е предвидено проширување, сепак ќе се донесат битни заклучоци и одлуки за внатрешниот развој на НАТО структурите кои имаат големи импликации врз општествените текови воопшто и на Балканот и во Светот, рече претседателот на Балканскиот фрум за безбедност.

И покрај тоа што сме сведоци дека нема закани од класични војни во регинот, Марковски потсети дека се појавуваат разни дестабилизирачки елементи кои ја влошуваат безбедносната ситуација, а со тоа го попречуваат развојот на земјите од Западен Балкан.

– Се ова што е актуелно во Република Македонија, сметам дека државата има сили да го преброди, да ги надмине сите овие проблеми и да се насочи кон својот развој, нагласи Марковски.

Професорот Ридван Пешкопиа, декан на Колеџот за општествени науки при Американскиот универзитет „Џорџ Вашингтон“ во Тирана очекува на самитот во Чикаго да се побара од НАТО да се повлече од Авганистан и тоа, смета оти ќе ја стави Алијансата во ситуација да бара ново место, а тоа е Балканот. Тоа, додаде тој, може да значи и зголемен притисок врз Грција да ја напушти позицијата на вето. – Имајќи ги предвид политичките превирање во Грција може да доведе до ЕУ и членките да побараат од Грција да биде малку попопустлива во однос на Македонија, рече Пешкопиа.сс/скс/12:27

ТВ Канал5:

Да запрат насилствата и говорот на омраза !

Ситауцијата во земјава, особено говорот на омраза, насилството и радикализмот не се за потценување. Учесниците на конференцијата за безбедност што се одржува во Охрид бараат внимателност од сите актери.

Македонија прво да ги реши внатрешните безбедносни предизвици а потоа да се фокусира на влез во НАТО – порачаа експертите од Балканскиот Форум за безбедност. Актуелните состојби во земјава не се за потценување , анализите покажаа дека имаме сериозни внатрешни проблеми.

Посебно загрижува насилството, говорот на омраза и радикализам кај помладата популација.

– Од каде толкава омраза и по етничка линија и особено тоа што загрижува, сега по некоја верска агенда се покренува. Мислам дека ние нашите фрустрации како возрасни произлезени од социоекономските проблеми и од политичката нетрпеливост која владее во земјава несвесно им ги пренесуваме на нашите деца, вели проф. Д-р Билјана Ванковска.

Последните случувања покажаа дека десет години сме живееле во илузија со безброј нерешени прашања.

– Вмровците организираат свој состанок, другите партиципиенти свој, никако да се сретнат. Ете тие се основните заклучоци што ние внатре треба да се интегрираме а бараме надвор. Внатре сме дезинтегрирани, проблемот е што ние внатрешно не сме интегрирани – вели Туши Зехедин, пензиониран генерал полтпоковник.

Експертите ги повикаа граѓаните на поголема доверба во правниот систем.

– Граѓаните на Р.М. да имаат повеќе доверба во правниот систем на Р.М., во правосудството, кое заедно со МВР и обвинителството многу сериозно му приоѓаат на овој проблем, вели Благоја Марковски претседател на Балкански форум за безбедност.

Експертите не очекуваат ништо посебно од Самитот на НАТО во Чикаго, затоа Македонија треба да бара алтернативи за економски и политички развој во наредниот период.

Соња Рилковска

ТВ Телма:

ПРИЕМОТ ВО НАТО НЕ ГИ РЕШАВА НАШИТЕ ВНАТРЕШНИ ПРОБЛЕМИ

Македонија по Самитот на НАТО во Чикаго, на кој, како што посочуваат експертите, не се очекува таа да биде примена во Алијансата, ќе мора да се насочи кон изнаоѓање економски  и политички алтернативи, но…

Македонија по Самитот на НАТО во Чикаго, на кој, како што посочуваат експертите, не се очекува таа да биде примена во Алијансата, ќе мора да се насочи кон изнаоѓање економски  и политички алтернативи, но пред се ќе мора сериозно да се позанимава со внатрешните безбедносни прашања кои повторно се актуелизираат по неодамнешното петкратно убиство  кај Смилковското Езеро, што покрена лавина реакции, но и протести и поделби по етничка и верска основа.

Професорката Билјана Ванковска смета дека безбедносната состојбата во земјата не е за потценување, но не треба и да се предраматизира, затоа што тоа им одговара на круговите кои стојат зад петкратното убиство и чија цел е да се дестабилизира земјата. Сепак, таа изрази загриженост од агресивноста и говорот на омраза што го демонстрираат младите на протестите организирани преку социјалните мрежи, што според неа, упатува на тоа дека институциите на системот целосно потфрлиле.

-Тука претстои широк фронт на работа каде заеднички треба да се прашаме каде потфрламе, каде е нашиот вредносен систем, што тие деца добиваат како порака, од каде толкава омраза и по етничка линија и што особено загрижува сега, е покренувањето на некаква верска агенда. Нашите фрустрации како возрасни особено произлезено од социоекономските проблеми, а и од политилката нетрпеливост која владее во Македонија им ги пренесуваме на нашите деца, рече проф. Ванковска.

За предизвиците по Самитот во Чикаго денеска во Охрид се дискутираше на панел дискусијата на Балканскиот форум за безбедност на која беше истакнато дека Македонија не треба да очекува со влез во Алијансата да исчезнат проблемите со кои таа се соочува сега, особено на внатрешен план.

Опасности и ризици за безбедноста на Македонија од надвор не постојат, а предизвиците се внатре на микро – локациско ниво и земјата треба да најде сопствени сили да ги разреши тие проблеми бидејќи членството во НАТО не подразбира решавање на внатрешни проблеми во било која земја, истакна Благоја Марковски – претседател на Балканскиот форум за безбедност.

Најголема одгововорност, според експертите, сносат партиите на власт кои наместо да ги поттикнуваат интегративните процеси испраќаат спротивни сигнали до јавноста.

Вмро-вците организираат свој состанок, другите партиципиенти во власта свој, ама никако меѓусебно да се срЕтнат или да учествуваат на заеднички промоции, прослави итн, Ние внатре треба да се интегрираме. Бараме НАТО, па како НАТО кога внатре сме дезинтегрирани, вели пензионираниот генерал потполковник Зехедин Туши.

Експертите веруваат дека македонското општество има капацитет да ги надмине внатрешните безбедносни ризици, но дека е потребна стратегија како и кон кои алтернативи да се насочи земјата во периодот додека чека на прием во НАТО и ЕУ.

ТВ Сител:

Панел дискусија за предизвиците на Македонија и регионот по Чикаго

12.05.2012 – 12:48 |

Во Македонија не постојат опасности од класична војна или агресија но иако не е под безбедносен ризик сепак е подложна на микродестабилизирачки појавни моменти пред се на внатрешен план.

Се почесто ни се случува една спирала на насилство кое не е само физичко туку и преку говор на омраза преку одреден радикализам кој се јавува кај младата популација сметаат експертите од областа на безбедноста.

Членството на Република Македонија во НАТО не подразбира решавање на внатрешните проблеми Македонија и после самитот на НАТО во Чикаго ќе биде истата Македонија но потребни се алтернативи за натамошен развој.

– Ја поздравувам одлуката и напорите на Владата кои веќе го почнаа процесот на отворање на Македонија и кон други свери од регионот, но и подалеку. Мислам дека тоа е единственото решение за државата во немањето можности да се реши проблемот и да стане брзо членка на НАТО и ЕУ,  својот економски развој да го бара надвор од Унијата, нагласи Благоја Марковски –претседател на Балкански форум за безбедност.

За Македонија од интерес е во претстојниот период да се фокусира на интензивирање на економската соработка ,на трговската размена и на привлекување директни странски инвестиции и надвор од земјите на ЕУ беше констатирано на денешниот Балкански форум за безбедност.

Нина Аритоновска

Македонска радиотелевизија, МТВ:

сабота, 12 мај 2012, 14:09

Панел дискусија за предизвиците на Македонија и регионот по самитот на НАТО

Членките на НАТО прават еден непринципиелен пристап кон Република Македонија, бидејќи никaде не постојат услови за прием во Aлијансата дека земјата мора да подклекне на барањата на Грција, истакна Благоја Марковски, претседател на Балканскиот форум за безбедност на денешната панел дискусија „Регионалните предизвици по самитот на НАТО во Чикаго“.

Тој посочи дека се појасното искажување на членките на НАТО дека Република Македонија не може да стане членка на алијансата додека не го реши проблемот со името ни дава за право да размислуваме што и на кој план земјата треба да преземе за натамошниот развој.

Марковски смета дека државата посебно во економска смисла мора да се сврти и надвор од пазарите на Европската унија, односно таму каде што има свои интереси.

– Ја поздравувам одлуката и напорите на Владата кои веќе го почнаа процесот на отворање на Македонија и кон други свери од регионот, но и подалеку. Мислам дека тоа е единственото решение за државата во немањето можности да се реши проблемот и да стане брзо членка на НАТО и ЕУ,  својот економски развој да го бара надвор од Унијата, нагласи Марковски.

Основна идеја за панел  дискусијата, додаде тој, е она што Република Македонија, но и регионот на Западен Балкан треба да го очекува по самитот на НАТО во Чикаго.

– Иако таму не е предвидено проширување, сепак ќе се донесат битни заклучоци и одлуки за внатрешниот развој на НАТО структурите кои имаат големи импликации врз општествените текови воопшто и на Балканот и во Светот, рече претседателот на Балканскиот фрум за безбедност.

И покрај тоа што сме сведоци дека нема закани од класични војни во регинот, Марковски потсети дека се појавуваат разни дестабилизирачки елементи кои ја влошуваат безбедносната ситуација, а со тоа го попречуваат развојот на земјите од Западен Балкан.

– Се ова што е актуелно во Република Македонија, сметам дека државата има сили да го преброди, да ги надмине сите овие проблеми и да се насочи кон својот развој, нагласи Марковски.

Професорот Ридван Пешкопиа, декан на Колеџот за општествени науки при Американскиот универзитет „Џорџ Вашингтон“ во Тирана очекува на самитот во Чикаго да се побара од НАТО да се повлече од Авганистан и тоа, смета оти ќе ја стави Алијансата во ситуација да бара ново место, а тоа е Балканот. Тоа, додаде тој, може да значи и зголемен притисок врз Грција да ја напушти позицијата на вето. – Имајќи ги предвид политичките превирање во Грција може да доведе до ЕУ и членките да побараат од Грција да биде малку попопустлива во однос на Македонија, рече Пешкопиа.

ТВ Алфа:

Експерти: НАТО не чува однадвор, кој ќе не чува внатре?

сабота, 12 мај 2012, 18:50

Десет години по конфликтот од 2001-ва Македонија живее во илузија дека горливите прашања се затворени. Последниве месеци ни се случува насилство кое не е само физичко. Се погласен е говорот на етничка и верска омраза кој доведува до радикално однесување посебно на младите, зафатени од политичката нетрпеливост која владее во Македонија.

Ваквите случувања не се за потценување, но не смее да се драматизира – земјата не е на работ на крвопролевање. Петкратното убиство е сторено со цел да се дестабилизира Македонија. Ова се ставови на авторитети од земјава и регионот, кои во Охрид ги собра “ Балкансиот форум за безбедност“.

“Ние не смееме да влегува во туѓи приказни и во туѓи филмови, таква радикализација реално нема, меѓутоа ако ние влеземе во таа замка, затоа го нареков самоисполнувачко пророштво, да влеземе во тој филм и да го направиме токму она што нарачателите на убиството сакале да го сториме“ изјави проф др Билјана Ванковска ( Филозофски факултет).

“Дали сме ние внатре во РМ интегрирани како ткиво, како држава, како република? Тотално сме дезинтегрирани од аспектите на внатрешните потреби што ги има РМ“ вели Туши Зехедин (Генерал потполковник).

“Р.М треба да изнајде сопствени сили да си ги разреши тие проблеми имајќи во предвид дека членството во Нато не подразбира внатре решавање на проблемите“ изјави др Благоја Марковски ( претсед. на Балкански форум за безбедност).

На Самитот на НАТО во Чикаго,за Македонија нема да се случи чудо, затоа акутелната власт треба да бара алтернатива како ќе ја насочува политички и економски -советуваат експертите.

Росица Голабоска

ТВ Ohridlive:

сабота, 12 мај 2012

Ескпертите не очекуваат многу од самитот во Чикаго

Македонија прво да ги реши внатрешните безбедносни предизвици а потоа да се фокусира на  влез во НАТО порачаа експертите од Балканскиот Форум за безбедност. Актуелните состојби во земјава не се за потценување , анализите покажаа  дека  имаме сериозни внатрешни проблеми.

Посебно загрижува насилството, говорот на омраза  и радикализам кај помладата популација. 

– Од каде толкава омраза и по етничка линија и особено тоа што загрижува сега по некоја верска  агенда се покренува. Мислам дека ние нашите фрустрации како возрасни произлезени од  социоекономските проблеми и од политичката нетрпеливост која владее во земјава несвесно им ги пренесуваме на нашите деца, вели  проф. Д-р Билјана Ванковска.  

Последните случувања  покажаа дека десет години сме живееле во  илузија со безброј  нерешени прашања.  

–  Вмровците организираат  свој состанок, другите партиципиенти свој никако да се сретнат. Ете тие се основните заклучоци што ние внатре треба да се интегрирамеа бараме надвор а внатре сме дезинтегрирани, вели   е проблемот што ние внатрешно не сме интегрирани  Туши Зехедин пензиониран генерал полтпоковник.  

Експертите ги повикаа граѓаните на поголема доверба во правниот систем.  

– Граѓаните на РМ да имаат повеќе доверба во правниот систем на РМ,  во правосудството, кое заедно со  МВР и обвинителството многу сериозно му приоѓаат на овој проблем , вели Благоја Марковски претседател на Балкански форум за безбедност.  

Експертите не очекуваат  ништо посебно  од Самитот на НАТО во Чикаго, затоа Македонија треба да бара  алтернативи  за економски и политички развој во наредниот период.   

Ohridnews :

Внатрешните безбедности ризици поголеми од надворешните

Македонија после самитот на НАТО во Чикаго на кој не се очекува да биде примена во алијансата, ќе мора да се насочи кон изнаоѓање економски  и политички алтернативи, но пред се ќе мора сериозно да се позанимава со внатрешните безбедносни прашања  кои повторно се актуелизираат по неодамнешниот немил настан кај Смилковското Езеро, кој покрена лавина реакции, но и протести и поделби по етничка и верска основа. Ова меѓу другото го истакнаа учесниците на панел дискусијата на Балканскиот форум за безбедност посветена на регионалните предизвици по самитот на НАТО во Чикаго, што денеска се одржа во Охрид.

– Опасности и ризици по безбедноста на Македонија од надвор не постојат, предизвиците се внатре на микролокациско ниво и земјата треба да најде сопствени сили да ги разреши тие проблеми бидејќи членството во НАТО не подразбира решавање на внатрешни проблеми во било која земја, истакна Благоја Марковски – претседател на Балканскиот форум за безбедност.

Благоја Марковски

Професорката Билјана Ванковска, смета дека безбедносната состојбата во земјата не е за потценување, но не треба и да се предраматизира, затоа што тоа им одговара на круговите кои стојат зад петкратното убиство чија цел е да се дестабилизира земјата. Таа изрази загриженост од агресивноста и говорот на омраза што го демонстрираат младите на протестите организирани преку социјалните мрежи, што според неа упатува на тоа дека институциите на системот целосно потфрлиле.

-Тука претстои широк фронт на работа каде заеднички треба да се прашаме каде потфрламе, каде е нашиот вредносен систем, што тие деца добиваат како порака, од каде толкава омраза и по етничка линија и што особено загрижува сега е покренувањето на некаква верска агенда. Нашите фрустрации како возрасни особено произлезено од социоекономските проблеми, а и од политичката нетрпеливост која владее во Македонија им ги пренесуваме на нашите деца, рече проф. Ванковска.

Проф. Билјана Ванковска

Најголема одгововорност според експертите сносат партиите на власт кои наместо да ги поттикнуваат интегративните процеси испраќаат спротивни сигнали до јавноста.

-Вмро-вците организираат свој состанок, другите партиципиенти во власта свој, ама никако меѓусебно да се сретнат или да учествуваат на заеднички промоции, прослави итн. Ние внатре треба да се интегрираме. Бараме НАТО, па како НАТО кога внатре сме дезинтегрирани, вели пензионираниот генерал потполковник Зехедин Туши.

Експертите веруваат дека македонското општество има капацитет да ги надмине внатрешните безбедносни ризици, но дека е потребна стратегија како и кон кои алтернативи да се насочи земјата во периодот додека чека на прием во НАТО и ЕУ.

Горан Момироски

Radioilinden (Avstralija):

Панел дискусија за предизвиците на Македонија по самитот на НАТО

„Членките на НАТО прават еден непринципиелен пристап кон Република Македонија, бидејќи никaде не постојат услови за прием во Aлијансата дека земјата мора да подклекне на барањата на Грција“.

Ова го истакна Благоја Марковски, претседател на Балканскиот фрум за безбедност на вчерашната панел дискусија „Регионалните предизвици по самитот на НАТО во Чикаго“.

Тој посочи дека се појасното искажување на членките на НАТО дека Република Македонија не може да стане членка на алијансата додека не го реши проблемот со името ни дава за право да размислуваме што и на кој план земјата треба да преземе за натамошниот развој.

Марковски смета дека државата посебно во економска смисла мора да се сврти и надвор од пазарите на Европската унија, односно таму каде што има свои интереси. Тој рече:

– Ја поздравувам одлуката и напорите на Владата кои веќе го почнаа процесот на отворање на Македонија и кон други свери од регионот, но и подалеку. Мислам дека тоа е единственото решение за државата во немањето можности да се реши проблемот и да стане брзо членка на НАТО и ЕУ,  својот економски развој да го бара надвор од Унијата.

Основна идеја за панел  дискусијата, додаде тој, е она што Република Македонија, но и регионот на Западен Балкан треба да го очекува по самитот на НАТО во Чикаго. Додаде:

– Иако таму не е предвидено проширување, сепак ќе се донесат битни заклучоци и одлуки за внатрешниот развој на НАТО структурите кои имаат големи импликации врз општествените текови воопшто и на Балканот и во Светот, рече претседателот на Балканскиот фрум за безбедност.

И покрај тоа што сме сведоци дека нема закани од класични војни во регинот, Марковски потсети дека се појавуваат разни дестабилизирачки елементи кои ја влошуваат безбедносната ситуација, а со тоа го попречуваат развојот на земјите од Западен Балкан. Марковски нагласи:

– Се ова што е актуелно во Република Македонија, сметам дека државата има сили да го преброди, да ги надмине сите овие проблеми и да се насочи кон својот развој.

Професорот Ридван Пешкопиа, декан на Колеџот за општествени науки при Американскиот универзитет „Џорџ Вашингтон“ во Тирана очекува на самитот во Чикаго да се побара од НАТО да се повлече од Авганистан и тоа, смета оти ќе ја стави Алијансата во ситуација да бара ново место, а тоа е Балканот. Тоа, додаде тој, може да значи и зголемен притисок врз Грција да ја напушти позицијата на вето.

Mkdnews:

Македонија не треба да очекува многу од самитот во Чикаго

Сабота, 12 Мај 2012 17:10

Флеш Вести

Македонија прво да ги реши внатрешните безбедносни предизвици а потоа да се фокусира на влез во НАТО порачаа експертите од Балканскиот Форум за безбедност. Актуелните состојби во земјава не се за потценување , анализите покажаа дека имаме сериозни внатрешни проблеми.

Посебно загрижува насилството, говорот на омраза и радикализам кај помладата популација.

– Од каде толкава омраза и по етничка линија и особено тоа што загрижува сега по некоја верска агенда се покренува. Мислам дека ние нашите фрустрации како возрасни произлезени од социоекономските проблеми и од политичката нетрпеливост која владее во земјава несвесно им ги пренесуваме на нашите деца, вели проф. Д-р Билјана Ванковска.

Последните случувања покажаа дека десет години сме живееле во илузија со безброј нерешени прашања.

– Вмровците организираат свој состанок, другите партиципиенти свој никако да се сретнат. Ете тие се основните заклучоци што ние внатре треба да се интегрирамеа бараме надвор а внатре сме дезинтегрирани, вели е проблемот што ние внатрешно не сме интегрирани Туши Зехедин пензиониран генерал полтпоковник.

Експертите ги повикаа граѓаните на поголема доверба во правниот систем.

– Граѓаните на РМ да имаат повеќе доверба во правниот систем на РМ, во правосудството, кое заедно со МВР и обвинителството многу сериозно му приоѓаат на овој проблем , вели Благоја Марковски претседател на Балкански форум за безбедност.

Експертите не очекуваат ништо посебно од Самитот на НАТО во Чикаго, затоа Македонија треба да бара алтернативи за економски и политички развој во наредниот период.

ПАРТНЕРИ - СОРАБОТНИЦИ
PARTNERS - ASSOCIATES

ДОНАТОРИ
DONORS

Линкови
Links