СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ, 14.10.2007

Од 14-17 октомври 2007 Балкански форум за безбедност, во соработка со МИА, ТВ А-1, дневниот весник Дневник и Бугарската информативна агенција БТА организира и реализира меѓународна конференција – Балканскиот медиумски форум во Охрид во хотелот Славија, поврзано со придонесот на медиумите во афирмацијата на стратегиската цел на Македонија за членство во НАТО на тема „Јавното мислење – фактор за членство во НАТО“.

Балканскиот медиумски форум неформално започнува со свечен прием што го приредува градоначалникот Александар Петрески, а официјално форумот на 15.07.2007 година ќе го отвори министерот за надворешни работи Антонио Милошоски со пригодни обраќања на амбасадорот на САД во Македонија Џилиен Миловановиќ, советникот на македонската Влада за НАТО-интеграции Соломон Паси, амбасадорот на Република Македонија во НАТО Нано Ружин, како и претставник на НАТО-мисијата во Македонија.

Покрај претставниците од 20-ина македонски медиуми, на форумот ќе учествуваат и генерални директори и претставници на новинските агенции од 11 држави од регионот.

Балкански форум за безбедност